Искачување на Водно

  • Креатор на темата Креатор на темата Markivan
  • Време на започнување Време на започнување
Не бе не е толку страшен ти да не мислиш на тоj што е до стубови прав нагоре,

аа тоj се викаше Марково крувче)), да го знам ама тоj долг е, еднаш одев одтаму ме фати околу 2 сати, рекреативно искачување.

Епа jaс после зима вака кондициjа jа вракам - 1-2 недели трчање на кеj после прво се качувам до средно водно од каj државната патчето, после следен викенд идам со кола до средно и од таму по тоj пат до врв и надоле, и така, оти овоj пат од средно до дома кога назад идеш е наjдосаден :) зато до средно со кола:)
ок ти, си си бил активен, си си го знаеш телото. Зборам за почетник ако ја чита темава. Некој со висок притисок да тргне по козји прв пат, ќе си пресуди сам :)
 
Јас стандард идам по асфалтиран пат. :D За едно 2 накај 2 ипол саати, стигам... али со троа поише паузи. :icon_lol: Фуфкензи ми се козјите патеки. Еднаш тргнав и паника ме фати, се укочив цела. И си се вратив рикверц по асфалтиран, шо си е сигурно, сигурно си е. :D Имам уплав, не знам, кога ќе видам нешто нерамно, угорница шлог ме мава... Кај паѓам по прав пат, па уште козји патеки ми фалат. Ме тешат, а бе нема ништо страшно, ти најопасното го помина... Ма шо сакате прајте, нема теоретски шанси по козји да идам! :D Порадо ќе се влечам по асфалт. :noze:
 
Последно уредено:
Јас кога бев во добра форма од основното училиште Кочо Рацин, по козји патеки, до врв, го качував за 44 минути, на некои места трчав. :)
Инаку по асфалтниот пат има околу 11-12 километри. Според километражата и може отприлика да си израчунате колку време ќе ви треба. Најчесто 1 саат им треба на повеќето луѓе со одење да поминат 5 км. Значи на рамно би им требало негде 2,5 часа за 12км. Ова е нагоре, така да додадете нешто плус на овие 2,5 часа.
 
^^^ Според google maps, има 6 кома нешто, накај 7 километри од Средно до Милениумски. :D
 
само редовност и не е некој big deal, се наоѓа и по некоја козја не толку стрмна патека
 
До средно по козјите патеки за пола саат, а до горе мислам уште за саат ипол дека стигнав.
 
Водно Гори

and the fun is over

11139759_10204738598732837_3948310075606769634_n.jpg
 
Последно уредено:
Од полицијата до врв на Водно во најдобра форма со кондиција за 52 минути, сега не верувам дека ќе ми требаат повеќе од 65.
 
ПРЕД 3 ГОДИНИ Е ПОСТОВ
Кога бев со малце подпросечна кондиција, до средно водно 30 минути, и до врв уште 45 минути = 1 саат и 15 минути
тие 45 минути ми се сомнителни со „потпросечна“ кондиција, можно е да сум подлажнал малку

19:30 до средно и 39:20 до врв = 58:50 тотал со нешто натпросечна кондиција :D
 
тие 45 минути ми се сомнителни со „потпросечна“ кондиција, можно е да сум подлажнал малку

19:30 до средно и 39:20 до врв = 58:50 тотал со нешто натпросечна кондиција :D
Ова со пауза на средно или во еден здив?
Солидно време, ја до година сакам под саат (твоево време) да го качам (1ч 13м ми е рекордод со 1 качување годишно тренинг)
Али ова сакам, ама не ми се тренира е муабетов :D
 
сега ако завршивте со мерење на кој му е подолг, кхм мислам на кој му е помал тајмингот :). Да кажам дека качување водно е одлично кардио.

За едно искачување според интернет се губи околу 500 ккал што е сосема прилично + свеж воздух што ги забрзува процеси на топење на сало + ако ке си земете л-карнитин мислам ке има одличен ефект

За жал доста е тајм консуминг за да се прави почесто од 1 во недела, ама може мислам да се направи комбинација 3 пати неделно трчање + недела искачување со средно темпо по козји патеки.
 
10 минути пауза на средно која не е вбројана во времето што го постирав.
Вода, пола банана и неколку бадеми.
Мада и мамам неколку минути сигурно. Почнувам да мерам кај полицијата, на тоа малото мостче а времето го запирам кога ќе излезам на патот на средно, и после до водата/клупите/летниковецот има минута-две одење.
Па почнувам од средно да го мерам во моментот кога ќе дојдам на првата скала таму лево, и престанувам да го мерам повторно на врв кога ќе излезам на патот, а од патот до планинарскиот има уште 4-5 минути.
По таа патека, мислам дека има 2-3 кратенки што не ги користам.
 
Јас го практикував после работа, 17:30 кај полициската бев паркиран и од таму петарда нагоре, а пред 20 часот си вратен долу ако правиш само најгоре кратка пауза за одмор колку да пресоблечеш друга маица и да се освежиш. Околу калориите не најдов апликација што ќе ми измери точно колку трошам.
10 минути пауза на средно која не е вбројана во времето што го постирав.
Вода, пола банана и неколку бадеми.
Мада и мамам неколку минути сигурно. Почнувам да мерам кај полицијата, на тоа малото мостче а времето го запирам кога ќе излезам на патот на средно, и после до водата/клупите/летниковецот има минута-две одење.
Па почнувам од средно да го мерам во моментот кога ќе дојдам на првата скала таму лево, и престанувам да го мерам повторно на врв кога ќе излезам на патот, а од патот до планинарскиот има уште 4-5 минути.
По таа патека, мислам дека има 2-3 кратенки што не ги користам.
Кондиција, како и се друго така и ова, практикувај го почесто (не зборувам за еднаш неделно, туку барем за 3-4 пати неделно) и предизвикувај се секој следен пат да си побрз од претходниот, инаку со кратенките ќе бидиш околу саат сигурно, болат малку повеќе нозете, али со тек на време ќе се навикнеш, на порамниот дел дури и ќе трчаш :)
 
10 минути пауза на средно која не е вбројана во времето што го постирав.
Вода, пола банана и неколку бадеми.
Мада и мамам неколку минути сигурно. Почнувам да мерам кај полицијата, на тоа малото мостче а времето го запирам кога ќе излезам на патот на средно, и после до водата/клупите/летниковецот има минута-две одење.
Па почнувам од средно да го мерам во моментот кога ќе дојдам на првата скала таму лево, и престанувам да го мерам повторно на врв кога ќе излезам на патот, а од патот до планинарскиот има уште 4-5 минути.
По таа патека, мислам дека има 2-3 кратенки што не ги користам.
Епа ондак слични ни се времињата.
Моето е мерено од прв до врв, од гоце до целта после крстот без невбројани паузи.
Реално сум задоволен со моето време со оглед на фактот дека буквално од лани до годинава 0 тренинзи имав,
така да до година планирам со 10 тренинга да бидам муња XD
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom