Искачување на Водно

  • Креатор на темата Креатор на темата Markivan
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2014
Мислења
21
Поени од реакции
5
Нека ова биде тема за искачување на Водно.

Конкретно јас сакам да поставам прашање колку време треба да се искачи човек од средно воддно до врв по асфалтниот пат?
 
Вака јас со другари се качувме од доле до врвот ни требаше околу 2ипол саати или 3 саати не рачунам паузи патот не е толку тежок ние одевме по трим патека(така мислам дека се вика)заборавив да кажам дека трим патека започнува од средно водно
 
Последно уредено:
Вака јас со другари се качувме од доле до врвот ни требаше околу 2ипол саати или 3 саати не рачунам паузи патот не е толку тежок ние одевме по трим патека(така мислам дека се вика)
Трим патеката е патеката која го поврзува средно Водно со Марково крувче :)

@Markivan овие работи воглавно зависат од физичката спремност на оној кој го оди патот.
Од мои искуства мислам дека ќе ти бидат потребни минимум саат и пол одење доколку не правиш паузи. Патот не е тежок и нема потреба од правење паузи.

Пробај и по "козјите" патеки односно неасфалтираните патчиња.
За мене убедливо најлесен пат до врв ти е патеката од Марково крувче па нагоре. Најлесна е за искачување, има само неколку помачни предели, и според мене не постои човек што не може да ја искачи :)
Ние ја качуваме најбрзо за 40 минути, ама претпоставувам дека со нормално движење и паузи ќе ти требаат некои саат време и 10-15 минути...
 
Последно уредено:
Кога бев со малце подпросечна кондиција, до средно водно 30 минути, и до врв уште 45 минути = 1 саат и 15 минути
 
брзо одење без паузи нешто под саат од полициската до крстот, по цветкова патека мислам дека е најстрмна
 
Брат, никако по асфалтан пут, значи никако!
Јес да успон е поблаг али веруу ми, асфалт утепуе, поише уморуе(овој су ми га кажувале стари планинари)
Не е за џабе планина, да идеш по маркирани планинарски/козји путчиња. Слушај га Сабју : ) Он ти убаво кажа.

Ја Водно сам га искачуваја миљон пут. Што рекреативно што спортски(одамна на спортску и планинарску ориентацију). Никад не е било проблем да се искачи до негде саат и пол, онакој лагано сс некоју малу паузу(чисто да га видиш Скопје од високо : )

Туј негде погоре од Кочо Рацини десно има една фонтанка, е туј десно има путинка која се дели на неколко али сфака се спојуе и води до Средно Водно
Ја би ти препоручија да идеш по туј што скршнуе на десно, тај некако е најразгазена и најблага.Е по туј најбрзо ке стигнеш до Средно
После моеш по оној путче испод жичару, али тамо е мноо стрмно и ке се умориш.Такој да продужи по козји путинке, има ги пуно. Имаш маркацију(тој ти е црвено бела ознака на дрво или камен) Маркација увек води до некој врф или планинарски дом, у овј случај Даре Џамбаз : D
Прав рекереативац не иде по асфалт или жичаре
Среќно и држи едно исто темпо, не пи мноо ладну воду, некое чоколадце обавезно да си земеш, ке ти треа калорија вишак.
Овој ти е праф планинарски совет

Аааа колко ми фалиф натпревари на Водно, напамет ви га знам планинче : )

Поздраф Нездраф !
 
Времето за качување на Водно не е исто кај сите. Тоа зависи од физичката спремност на еден човек.
Јас кога бев со паузи стигнавме од Средно Водно до Крстот за некои 2 саати :)
 
Нека ова биде тема за искачување на Водно.

Конкретно јас сакам да поставам прашање колку време треба да се искачи човек од средно воддно до врв по асфалтниот пат?

Таа е наjдолга "пензионерска" патека реално негде 2-3 сати како што пишале погоре зависи од кондициjа и колку брзо одиш. Има еден пат од вториот паркинг по скалите лево и после право само одиш тоа е малце по напорен ке те фати околу 1 саат.
И сега надоле почнаа да jа наплакаат жичарата 50 ден.
 
Ако не е добар кондициски, не би му го препорачал патот од паркингот на средно нагоре по скалите...

Не знам зошто малце луѓе ја користат таа патека, ама многу полесно е да го искачиш Водно од патеката од Марково крувче.
Веројатно проблемот е што сите се искачуваат од Кочо Рацин па нагоре, па Марково крувче не им е по патот.

Пробајте малце поразлично, почнете го искачувањето од Пржино, ако има кандидати може да се дружиме :icon_mrgr:
 
Еми ако се качува по пензионерски асфалтиран пат никогаш нема да стегне кондициja :). Еднаш ке се качи по тоj ке му биде тежко, втор пат полесно и т.н. вака се вежба :).
Се качував на водно и од кисела вода и од центар и од пржино и од козле:) ама не сум чул никогаш за марково крувче каде е тоа :)?
 
Јас се качував пред некое време од кај теферич, не десно за накај последна 16ка, него право се продужува, ако не сум грешка. Ја оставивме колата тука кај некоја чистинка и после нагоре.
Прво се стига до едни клупи, па после натаму има бајаги прав пат. Се искача на асфалтот некаде пред крстот.
Се на се, не многу тешка патека. :)
 
Еми ако се качува по пензионерски асфалтиран пат никогаш нема да стегне кондициja :). Еднаш ке се качи по тоj ке му биде тежко, втор пат полесно и т.н. вака се вежба :).
Се качував на водно и од кисела вода и од центар и од пржино и од козле:) ама не сум чул никогаш за марково крувче каде е тоа :)?
И јас не му препорачувам да оди по асфалтираниот пат :D
Јас во последниве години само еднаш сум одел по него и тоа од крст накај средно, бидејќи бевме со некои другарки кои не можеа повеќе да одат по козјите патеки, и ми идеше самоубиство да си направам, колку беше долг патот (не дека ми е проблем должината бидејќи пешачам и по 15 километри, туку дека 10 пати побрзо ќе стигнев да си одев по козјите патеки) :D
Но, сепак патот кој си му го препорачал е тежок за почетници.

Јас во животов имав фаза во која што бев многу мрзлив и освен баскет никаква друга физичка активност немав, ако не го сметаме пешачењето. Поради таа фаза имав загубено секаква кондиција, па дури и сега имам кондициски проблеми. После таа фаза кога тргнав накај крст, се качувавме по патот кој го имаш наведено и само што не ме погребаа на пола пат :pos:
Нормално, сега немам никакви проблеми, ама можам да видам по останативе кои одат многу ретко на Водно дека дури и другите козји патеки им се многу тешки, а камоли овој пат...

Како не знаеш кај е Марково крувче? :D
Може го знаеш под друго име...
Тоа ти е на едниот крај на трим патеката, на другиот е средно водно :)
Тоа ти е местото на кое сега му ебаа мамата и направија асфалт одоколу...
Позади Марково крувче имаш пат кој излегува кај пештерата кај Теферич :)
1537942_10203383046526092_1859607063_o.jpg
Еве како изгледа патот од таму...
Сега не можам точно да се сетам по боја која патека беше, ама мислам дека беше зелено-црната патека :D
 
ама не си играјте од прво искачување по козји да ви биде, особено ако долго време не сте биле активни. Ако некој страда од висок притисок уште по козји да се накрене и нека се пакува два метра под земја. Ако знаете дека може телото да ви издржи напор, тогаш ок.
 
Јас во животов имав фаза во која што бев многу мрзлив и освен баскет никаква друга физичка активност немав, ако не го сметаме пешачењето. Поради таа фаза имав загубено секаква кондиција, па дури и сега имам кондициски проблеми. После таа фаза кога тргнав накај крст, се качувавме по патот кој го имаш наведено и само што не ме погребаа на пола пат :pos:

Не бе не е толку страшен ти да не мислиш на тоj што е до стубови прав нагоре,

Како не знаеш кај е Марково крувче? :D
Може го знаеш под друго име...
Тоа ти е на едниот крај на трим патеката, на другиот е средно водно :)
Тоа ти е местото на кое сега му ебаа мамата и направија асфалт одоколу...
Позади Марково крувче имаш пат кој излегува кај пештерата кај Теферич :)
Сега не можам точно да се сетам по боја која патека беше, ама мислам дека беше зелено-црната патека
аа тоj се викаше Марково крувче)), да го знам ама тоj долг е, еднаш одев одтаму ме фати околу 2 сати, рекреативно искачување.

ама не си играјте од прво искачување по козји да ви биде, особено ако долго време не сте биле активни. Ако некој страда од висок притисок уште по козји да се накрене и нека се пакува два метра под земја. Ако знаете дека може телото да ви издржи напор, тогаш ок.

Епа jaс после зима вака кондициjа jа вракам - 1-2 недели трчање на кеj после прво се качувам до средно водно од каj државната патчето, после следен викенд идам со кола до средно и од таму по тоj пат до врв и надоле, и така, оти овоj пат од средно до дома кога назад идеш е наjдосаден :) зато до средно со кола:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom