Инцестот не е ништо ново туку своевремено бил распространет во таа мера што дури и конвенционалниот брак што го имаме сега бил гледан со гадење посебно од аристрокатските касти во средниот век. За да останат со плава крв тие први братучеди, вујковци, чичковци, стрини, тетки се разгледувани како можни партнери само и само да не се измеша крвта со некој од обичните смртници. Некој кој се осмелиле да го направат тоа дури се прогонувани и избришани од наследство и останати привилегии.
Има и доста племина во Амазонија и Африка каде инцестот не е некој табу, и се клецаат меѓу себе.
Не ретко од нив се земале со своите браќа и сестри само да се зачува лозата, инаку е точно дека шансите за ретардација се солидни но е само мит дека по дифолт дете како производ од таа врска ќе биде ретардирано (Би ми било интересно мит бастед да го проверат ова, посебно Адам
).
Значи ми беше муабетот дека кај нас нешто што е табу и непоимливо во некој други времиња и други простори било сосем нормална работа.
Точно е дека инцестот не нешто ново го има и денес конкретно хрватсиот закон за семејство и многу католички земји дозволуваат брак помеѓу роднини(братучеди), но не и помеѓу брат и сестра, татко и ќерка, мајка и син. Точно е дека е застапен кај аристократијата за да не си ја мешаат крвта со смртниците и дека е карактеристичен за мали затворени заедници. Медицината докажува дека поради истиот генетски состав доаѓа до создавање на неквалитетно потомство. За праисторијата инцестот е карактеристичен, но со развојот примитивниот човекот согледува дека нешто не е во ред, па го забранува половиот однос помеѓу браката и сестрите, па помеѓу припадниците на ист род, и тн. за да се дојде до денешниот стадиум на нуклеарно семејство и со закон да се уредат односите во поширокото и потесното семејство.
Роднинските врски еднаш воспоставени неможат да се избришат и тие се трајни дури и по разводот на бракот.
(Како мали деца се објаснуваме) !
Прашањето е дали е нормално бе луѓе? Со брат ми делев 30 години иста соба и утре замислете си тој да ми биде мене маж, да раѓам деца со него. Абе отиде светов у П.М.
Па едно е мајчинска - родителска љубов, друго е братско- сестринска љубов, друго е љубов помеѓу дечко и девојка. Неможе ништо да ме убеди дека е тоа нормално тоа може само болен ум т.е. два болни ума да се спојат и да неможат да сватат дека инцестот е ненормален.
Ништо на светот не е табу, ако за нешто не се збори незначи дека не постои. А што ако збориме ќе најдеме разбирање и ќе ги оправдаме ненормалштините на нечии ум.
--- надополнето ---
Во ред,но не нели не може да се бира во кого ќе се заљуби некој,а во овој случај и слични...зарем љубовта треба да биде уништена заради општествените табуа?Заради застареното законодавство? Можеби и треба но во тој случај државата игра улога на душебрижник...
Застарено законодавство нема пишаниот закон произлегол од моралните норми, а конкретно за инцестот нормава почнала да се развива од праисторија иако не биле медицински писмени, во современи денови медицински и научно е докажано дека шансите за создавање неквалитетно потомство т.е. деца со пречки во психофизичкиот развој е огромно. А да не објаснувам сега што оваа група на луѓе со пречки во психофизичкиот развој е речиси секогаш маргинализирана, терет е и за самото семејство и за општеството и тн.
Нели круна на љубовта се децата...
И да оваа љубов и сите вакви слични треба да се уништат по секоја цена, за жал.
Исклучоците го потврдуваат правилото.