Интернет-шопингот до 150 евра ќе се ослободи од царина?

Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
ИИЦИЈАТИВА ЗА ПОТТИKНУВАЊЕ НА ЕЛЕKТРОНСKАТА ТРГОВИЈА
ИНТЕРНЕТ-ШОПИНГОТ ДО 150 ЕВРА ЌЕ СЕ ОСЛОБОДИ ОД ЦАРИНА

Граѓаните што купуваат преку интернет ќе може да нарачуваат од странство производи со вредност од 150 евра без да платат царина. Агенцијата за пошти поднесе иницијатива за тројно зголемување на сумата до која нарачаните предмети од странство се ослободени од царина. Во моментов за пратките со вкупна вредност до 45 евра, во која се вклучени и транспортните трошоци, не се плаќа царина. Доколку се усвои иницијативата, од царина ќе бидат ослободени пратките со вкупна вредност до 150 евра.

Од Агенцијата за пошти објаснуваат дека за да стапат измените во сила, не треба да се носат измени во законските решенија, туку доволно е да се направи корекција во уредбата што ја носи Владата на предлог на Министерството за финансии. Со зголемувањето на лимитот, сметаат во Агенцијата, ќе се поттикне онлајн-трговијата, но и развојот на поштенскиот сектор во земјава.

- Износот од 45 евра е решение старо повеќе години. Во денешни услови не само што не одговара на современите економски односи туку и споредбено гледано земјите од регионот, како Србија и Хрватска, уште минатата година ги зголемија лимитите на вредност за ослободување од плаќање увозни давачки на 70, односно на 150 евра. Од овие причини сметаме дека за македонските граѓани е особено важно дали нивното купување за лични потреби преку интернет ќе биде непотребно обременето со дополнителни давачки при увозот - велат од Агенцијата за пошти.

Сепак, неизвесно е дали и кога ќе се направи промена во регулативата, со оглед на тоа дека оваа иницијатива с` уште официјално не стасала до Министерството за финансии. Информации за неа немаат ни во Царинската управа.

Граѓаните што купуваат преку интернет сметаат дека со зголемувањето на сумата до која се ослободуваат од царина дефинитивно ќе се зголеми обемот на шопинг преку интернет. Овој вид трговија кај нас станува с` популарен последниве години, при што граѓаните најчесто купуваат облека, чевли, спортска опрема, техника, играчки.

- Најчесто преку интернет нарачувам облека, особено онаа што ја нема кај нас. Дури и да ја има, на интернет ја наоѓам многу поевтино, особено кога е на попуст. Внимавам тоа што го купувам да чини најмногу 45 евра и да не се плаќа испорака за да не морам да платам царина. Ако сакам да нарачам повеќе парчиња, кои чинат над 45 евра, не ги нарачувам заедно, туку секое посебно. Има две-три интернет-страници од кои редовно нарачувам и досега не се случило нешто да не стигне или да ме измамат. Речиси сите мои пријатели пазарат онлајн - вели скопјанката Сања Апостоловска.

За разлика од пратките пратени по пошта, граѓаните што од странство купуваат стока и лично ја внесуваат во земјава не плаќаат царина доколку вредноста на купените предмети не надминува 350 евра. Ваквото решение, сметаат во Агенцијата за пошти, ги дискриминира корисниците на поштенски услуги во однос на патниците.

- Ова решение го дестимулира купувањето на далечина, а консеквентно ги погодува и поштенските оператори. Тоа е бариера која не е во функција на заштита на домашната економија, туку директно го стимулира шопинг-туризмот. Од друга страна, остануваат обесправени група граѓани, кои од различни причини не можат или едноставно не сакаат да патуваат преку граница, но заинтересирани се за купување во странство преку интернет - велат во Агенцијата.
Даница Тунтевска-ВуЈовиЌ

БРИТАНЦИТЕ ПРВИ ВО ОНЛАЈН-ПАЗАРЕЊЕ
Повеќе од половина жители на Европа, односно 60 отсто од луѓето што имаат пристап до интернет, купуваат онлајн, покажуваат податоците на Евростат.

Виртуелно најмногу пазарат Британците, односно 82 отсто од нив, по што следуваат Данците, Швеѓаните, Германците и Финците. Најмалку онлајн-купувачи има во Романија, Бугарија, Естонија и во Италија. Анкетата на Евростат покажала дека жителите на Велика Британија преку интернет најчесто нарачуваат облека и храна. Швеѓаните најмногу резервираат патувања, а жителите на Луксембург порачуваат книги.

ЗА НАРАЧКА ДО 22 ЕВРА НЕ СЕ ПЛАЌА НИ ДДВ
Македонските граѓани што ќе нарачаат стока преку интернет во вредност до 22 евра не плаќаат ниту царина ниту ДДВ. Од 22 до 45 евра нарачателот треба да плати само 18 отсто ДДВ, а над оваа сума се плаќаат и двете давачки.

позајмено од http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=C333599A04B2394DB3C43846F3291411
 

Niggersinparis

добро вече
Член од
28 август 2012
Мислења
2.457
Поени од реакции
1.999
ова исто и за спотска или нема врска
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Глупости, кога беше за пратки над 45$ мене на производ од 15$ ми земаа царина, така да не се залетувајте многу на ова. Дури и да го спроведат пак ќе не заебаваат на царина како што не заебаваат денеска.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
"Ќе" е пресилен збор. Тоа како за пејпал што дојде во Македонија.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Ова е исто како јас да кажам дека после грујо јас ЌЕ сум премиер , е дури тогаш ЌЕ се воведе ова! Море уште поубо тогаш ќе ја мафнам царината скрос нека носи кој што сака и колку сака . :D
 
А

Атомската мравка

Гостин
Нема шанси ова да го прифатат бидејки директно ќе се одрази на нашата веќе слаба економија..
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Мех, и онака тешко да најдеш работи што ги испорачуваат до Македонија.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Кинезите праќаат пратки за неколку центи он вика неможеш да најдеш...:icon_lol:
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Како тоа тешко?
Amazon на кој продукт и да кликнам ми вели дека не е достапен за Македонија, а на Ebay тој што продава треба да ги нагласи земјите за испорака и од неколку работи што проверив ја немаше Македонија. Башка пејпал.
 
Ф

Флеш

Гостин
Педери .... нема да можам да си купам гаџет или нешо слично .... :(
Тажна панда .... :((((
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Ова нема шанси да се деси. Тогаш поголем дел од нашите пари би оделе надвор а за возврат државата ништо не би добила.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Ова е добра иницијатива но тешко веројатно дека можи да се случи, поголема е веројатноста вонземјани да извршат инвазија на планетава земја него да успејт ова иницијатива.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom