Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

Член од
22 јули 2011
Мислења
56
Поени од реакции
42
Имам нов рутер Tenda. Сменав интернет провајдер и мораше да купам нов рутер пошто локалниот оператор не дава рутери на користење. Се си е океј ама еве еден месец од ко го користам и во овај еден месец три пати ми се има случено да неможам да се конектирам на wifi-то прек мобилен или лап топ. Или па ќе се конектирам и или се дисконектирва самото или пак стои конектирано ама нема интернет. Тоа се случва само со вифито инаку на статичниот компјутер и на твто што ми е поврзано со интернет, си има интернет. Нешто не е во ред со рутерот или?
ЕДИТ: заборавив да кажам дека откако ќе го рестартирам рутерот (исклучи, вклучи в струја), проблемот се решава.
Нешто не е во ред со рутерот
 
Член од
12 април 2017
Мислења
28
Поени од реакции
26
Нешто не е во ред со рутерот
Провери ако знаеш на кој канал зрачат околните рутери околу тебе, па промени кај тебе канал, да не е рутрот наместен на аутоматик
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
Провери ако знаеш на кој канал зрачат околните рутери околу тебе, па промени кај тебе канал, да не е рутрот наместен на аутоматик
Како можам да влезам во сетинзите на рутерот па да ви пратам скрин тука? Ми текнува дека тој од кабелската спомна нешто демек автоматски рутерот си менувал нешто ама не ми текнува што.
 
Член од
12 април 2017
Мислења
28
Поени од реакции
26
Најпрво треба да знаеш IP адреса од рутерот, пробај да пристапиш со 192.168.0.1 user:admin pass:admin
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
Нема такво нешто. Батали. Ако има проблем ќе се јавам кај операторот. Еве две недели нема напраено проблем.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
Како да се подреков. Вечерва ми направи проблем и човекот од кабловската ми рече дека е проблем со рутерот т.е. сите Тенда рутери имале некоја таква маана. Чаре било ко ќе се напрај така да сум го исклучел од струја една минута па пак да го вклучам. Ми рече дека тоа и му прија на рутерите. Дури и да немало проблем можело да му правам така на два три дена.
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60

да не треба да му баеш, е... глупаците, врати им го и мавни им претставка до АЕК
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Untitledsss.jpg Вака сега, имам инсталирано АдБлокер нели тоа што е да ги блокира непотребните страници, е сега во последно време пак ми се појавуваат, еве на сликата подолу пак кога ке кликнам некаде пак ми излегуваат. Прашањето ми е зошто сега не ги блокира тие страници, да не сум закачил поголем вирус? Ако има вирус како би можел со која програмица да ги збришам ?
Инаку виндоус 7 сум.
Untitledsss.jpg Untitledsss.jpg
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Прегледај го приврзокот 170032 Вака сега, имам инсталирано АдБлокер нели тоа што е да ги блокира непотребните страници, е сега во последно време пак ми се појавуваат, еве на сликата подолу пак кога ке кликнам некаде пак ми излегуваат. Прашањето ми е зошто сега не ги блокира тие страници, да не сум закачил поголем вирус? Ако има вирус како би можел со која програмица да ги збришам ?
Инаку виндоус 7 сум.
Прегледај го приврзокот 170032 Прегледај го приврзокот 170032
Adblock не блокира страници туку реклами/слики/банери и други работи што се наоѓаат на веб сајтовите.
Ако ти се појавуваат овие а не си ги кликнал, можно е да имаш лош софтвер на компјутерот.
Бриши со Malwarebytes Anti Malware.
Провери и во browser-от некои екстензии сомнителни да не има.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Adblock не блокира страници туку реклами/слики/банери и други работи што се наоѓаат на веб сајтовите.
Ако ти се појавуваат овие а не си ги кликнал, можно е да имаш лош софтвер на компјутерот.
Бриши со Malwarebytes Anti Malware.
Провери и во browser-от некои екстензии сомнителни да не има.
1. е как до сега немаше ништо, па сега се појеба во последно време?
2. ок, ке пробам со Malwarebytes
3. не сум толку запознат со компјутериве како да проверам тие екстензии дали има или не.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Adblock не блокира страници туку реклами/слики/банери и други работи што се наоѓаат на веб сајтовите.
Ако ти се појавуваат овие а не си ги кликнал, можно е да имаш лош софтвер на компјутерот.
Бриши со Malwarebytes Anti Malware.
Провери и во browser-от некои екстензии сомнителни да не има.
ништо не ми помага ова malware, или ја незнам како да го користам , скенирам неколку пати у денот ама па ми ги отвара страниците, кога ке отвори страница ми излегува доле од програмата прозорче.
да пробам со анти вирус? нешто ? bbbbbbbbb.png
bbbbbbbbb.png
 
AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
Од телефон неможам да се конектирам на домашниот интернет незнам зошто ми беше зачувана лозинката и постојано бев конектиран а сега неќе да се приклучи. На лап топ и на други уреди гајле нема конектиран сум на истиот интернет... само на мојот тел неќе... Чаре ?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Прегледај го приврзокот 170032 Вака сега, имам инсталирано АдБлокер нели тоа што е да ги блокира непотребните страници, е сега во последно време пак ми се појавуваат, еве на сликата подолу пак кога ке кликнам некаде пак ми излегуваат. Прашањето ми е зошто сега не ги блокира тие страници, да не сум закачил поголем вирус? Ако има вирус како би можел со која програмица да ги збришам ?
Инаку виндоус 7 сум.
Прегледај го приврзокот 170032 Прегледај го приврзокот 170032
Полека со порничите ;)

Оди во settings-chrome://extensions/ (еве ти и туторијал https://support.google.com/chrome_webstore/answer/2664769?hl=en), избриши се што е екстензија од сомнително потекло.

После оди во Control Panel-Programs and Features и uninstall ако сретнеш сумлива програма, некоја која не е дел ни на windows, ниту пак инсталирана од тебе.

Инсталирај AVG, скенирај го цел компјутер, рачно отстрани се што не е твое (AVG, а и други антивирусни ако не се поинаку сетирани ти бришат и keygen, кракови и слични софтвери, отштиклирај ги тие што ти требаат, а на се друго карантин или delete.

Инсталирај Malwarebytes и скенирај го компјутерот, иста приказна како со авг, гледај дали има нешто што ти треба, се останато бриши.

Земи ги трајал верзиите на антивирусната и малвеар, оти со тие кракнатите не си на сигурно дали ќе си пикнеш некој вирус или ќе исчистиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom