Ај да пишам и тука може ќе се најде некој да помогне.
Веќе неколку дена имам проблем со торенти, брзината е катастрофа. Досега сум немал ваков проблем, инаку го користам uTorrent, ама откако се појави проблемов пробав и со Bittorrent и qBittorent, па и со постари верзии на uTorrent ама ништо не помогна. Не е до firewall-от, ниту пак покажува некаков проблем со портовите. Додуша до вчера покажуваше за секој порт што го пробував (прочитав дека најдобро е да се користат портовите во границата од 49152-65534) дека не е отворен, па пробав и со мануелен port-forwarding, но откако подобро расчепкав по менито на рутерот (Speedport W 503V на T-Home) видов дека има и автоматски port-forwarding така да на крај тоа се среди и uTorrent веќе не пронаоѓа никаков проблем со портовите. Ама со брзината се си остана исто, иако при проверка на истата на speed test покажува дека се е во ред, а и при сурфање немам никакви проблеми.
Пробав и со ресетирање на рутерот, како демек ќе помогне ама не помогна ни тоа, барем не за целосно разрешување на проблемот. Интересно беше тоа што се случи после ресетирањето на рутерот, пробав да отворам торент и брзината стигна до 9 Mb/s (немам оптички интернет така да таа треба да биде некаде до 800 kb/s) ама тоа траеше некаде 3-4 минути и после се се врати по старо.
Прочитав се што стигнав на интернетов, пробував најразлични settings на torrent client-от и никако да успеам да најдам решение.
Пробав и на лаптопот така да проблемот не е до компјутерот.
Се надевам дека некој тука имал сличен проблем и го решил па да ми помогне и мене , ваљда не е до провајдерот проблемов па да треба со нив да се расправам.