Интернет данок?

Член од
13 февруари 2012
Мислења
90
Поени од реакции
26
Здраво луѓе сакам да прашам нешто околу данокот. Значи дали треба да се плати данок доколку земаш пари од Moneybookers и колку % тоа како е што е некој знае?
Исто така дали се плаќа данок доколку земаш чекови од странтсво или пак на девизна сметка(wire transfer) исто тоа да ми објасните дали знае некој?? Ви благодарам
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941

Јас колку што сум информиран треба ама никој незнае да ти објасни како да го платиш, ако си физичко лице. Најдобро не замарајсе, ако треба да го платиш ќе ти прати ујп уплатница дома ;)
 
its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
За Moneybookers (skrill) јас плаќав персонален данок, само не ми текнува ич колку % беше, 10 мислам.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Имам и јас едно прашање поврзано со ова Манибукерс. На кои вебсајтови за продавање онлајн може да продавам производи и да ги подигам парите преку манибукерс. Оти тоа Пајпал абер нема да дојде у МК. Стварно немам појма со продавање преку нет па ако може некој да ми пообјасни.
 
its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Каде? Во Македонија?
Да, е сега тоа беше уште пред да станат скрил ама не верувам дека законите се смениле. И тоа данок се плаќаше над одредена сума која беше релативно мала.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
90
Поени од реакции
26
Јас колку што сум информиран треба ама никој незнае да ти објасни како да го платиш, ако си физичко лице. Најдобро не замарајсе, ако треба да го платиш ќе ти прати ујп уплатница дома ;)
Ама финтата е ако не ми прате а мора да се плати данок како што читам па ми лупнат казна од 500-1000 евра :)
За Moneybookers (skrill) јас плаќав персонален данок, само не ми текнува ич колку % беше, 10 мислам.
Колку пари вадеше?? Кога го плаќаше ако можеш да објасниш?
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804

Јас многупати имам вадено пари од манибукерс и никогаш досега немам плаќано данок. На кој начин УЈП би докажале дека тие пари се од сајт за обложување (или заработени на друг начин) а не се пратени од некој роднина, пријател итн ?
 
its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Ама финтата е ако не ми прате а мора да се плати данок како што читам па ми лупнат казна од 500-1000 евра :)

Колку пари вадеше?? Кога го плаќаше ако можеш да објасниш?
Данок се плаќа над одредена сума, да речеме над 10 000 денари така нешто, ваљда ќе ти каже некој поточно. Инаку данок плаќав отприлика недела дена по подигање на парите, уплаќаш на сметка на УЈП.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Значи ти си физичко лице и не си обврзан да ги знаеш законите се додека не те опоменат, кога ќе те опоменат плаќај си го.
Пример во Бугарија данокот ти го земаат кога ќе ти легнат парите на сметка (од надвор) и не те замараат со посебно плаќање. Кај нас сеуште не е регулирано како што треба, сум разговарал и со лица од УЈП и со сметководители, сите рекоа да се плати а никој не знаеше како и по кој основ па на крај заклучивме дека најдобро е да си чекаш да те опоменат ако воопшто те опоменат.
Знам луѓе кои години си префрлаат сериозни суми од надвор и никој ништо не им рекол, а тоа е така пошо економијава ни "цвета" па и тој извор ако го под-запнат (оданочат) тешко нас ќе биде, пошто ти правиш добро за државата, носиш пари внатре.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.797
Поени од реакции
21.239
Од физичко лице на физичко лице немате гајле, ама од правно лице на физичко се плаќа данок на добивка од 10 % од сумата.
Сега не сум сигурен 100% ама ако фирма ви префрли пари на ваша сметка како физичко лице, без разлика на сумата ви следува данок од 10%, а за игри на среќа или обложувалници следува данок на добивка за сума од над 10000 денари. За пари од странство незнам дали ова важи или дали се применува.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Дали има некој запознаен со данок во Бугарија, поточно примам пари на бугарска сметка, тие се исплатени од фирма. Колку данок треба да платам на тие пари? Кога, каде, како?
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Јас колку што сум информиран треба ама никој незнае да ти објасни како да го платиш, ако си физичко лице. Најдобро не замарајсе, ако треба да го платиш ќе ти прати ујп уплатница дома ;)
Секако дека треба и секако има кој да објасни. УЈП испраќа уплатница за данок врз основа на она што си го пријавил. Ако немаш пријавено испраќа уплатница за данок + камата и уплатница за казна за непријавување.

Јас многупати имам вадено пари од манибукерс и никогаш досега немам плаќано данок. На кој начин УЈП би докажале дека тие пари се од сајт за обложување (или заработени на друг начин) а не се пратени од некој роднина, пријател итн ?
Аман веќе со тоа ... УЈП да докажале. Вие треба да им докажете на УЈП, не они на вас. Само моли се да не те закачат па да видиш како оди постапката на докажување.

Данок се плаќа над одредена сума, да речеме над 10 000 денари така нешто, ваљда ќе ти каже некој поточно. Инаку данок плаќав отприлика недела дена по подигање на парите, уплаќаш на сметка на УЈП.
На годишно ниво се утврдува личлно ослободување, кое после игра улога во пресметката на данокот кој треба да се плати. Сепак, секој и најмал износ мора да се пријави за оданочување (дали ќе се плати тоа е друга работа).

Значи ти си физичко лице и не си обврзан да ги знаеш законите се додека не те опоменат, кога ќе те опоменат плаќај си го.
Пример во Бугарија данокот ти го земаат кога ќе ти легнат парите на сметка (од надвор) и не те замараат со посебно плаќање. Кај нас сеуште не е регулирано како што треба, сум разговарал и со лица од УЈП и со сметководители, сите рекоа да се плати а никој не знаеше како и по кој основ па на крај заклучивме дека најдобро е да си чекаш да те опоменат ако воопшто те опоменат.
Знам луѓе кои години си префрлаат сериозни суми од надвор и никој ништо не им рекол, а тоа е така пошо економијава ни "цвета" па и тој извор ако го под-запнат (оданочат) тешко нас ќе биде, пошто ти правиш добро за државата, носиш пари внатре.
Секој е обврзан да ги знае прописите поврзани со она што го прави во животот. Сообраќај, образование, облигации, даноци и сл. Како доволни се сметаат објавите кои државата ги објавува во печатените изданија, телевизии и сл. ... со нивната објава неможете да кажете дека не сте биле информирани, без разлика дали ги читате/гледате или не.

Од физичко лице на физичко лице немате гајле, ама од правно лице на физичко се плаќа данок на добивка од 10 % од сумата.
Сега не сум сигурен 100% ама ако фирма ви префрли пари на ваша сметка како физичко лице, без разлика на сумата ви следува данок од 10%, а за игри на среќа или обложувалници следува данок на добивка за сума од над 10000 денари. За пари од странство незнам дали ова важи или дали се применува.
Да важи, за секој прилив од странство.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.541
Поени од реакции
700
Јас многупати имам вадено пари од манибукерс и никогаш досега немам плаќано данок. На кој начин УЈП би докажале дека тие пари се од сајт за обложување (или заработени на друг начин) а не се пратени од некој роднина, пријател итн ?
Секоја трансакција која се прави на сметка се впишува и шифра со која банката и УЈП знае како тие пари се уплатени ,дали се пари од некој роднина поклон или сл. или некој едноставно ти ги уплатил .
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Секоја трансакција која се прави на сметка се впишува и шифра со која банката и УЈП знае како тие пари се уплатени ,дали се пари од некој роднина поклон или сл. или некој едноставно ти ги уплатил .
Точно, не викам дека не се следат трансакциите, ама што е разликата во тоа јас да ти пратам 100 евра онака, поклон од мене и ти да ги повлечеш преку скрил или пак да заработиш 100 евра (на било кој начин) и да ги повлечеш преку скрил ?
И да ги пријавиш, и во двата случаи би можел да наведеш да речеме “поклон од роднина“ и со тоа би избегнал оданочување, што според тебе е валидно ?

За банка-банка трансакции не зборувам, за тие и те како се применуваат закони.. имам порано напишано во некој пост, мене за 50 евра што си ги пратив од германска на македонска сметка ми направија проблем т.е. ми ги замрзнаа средствата додека не доставам документ за потекло на парите. Исто, и кога пробував да пратам од македонска на германска вработената ми кажа “мора да се пријават средствата во Ујп па макар биле и 1000 денари.. вака јас ризикувам да бидам казнета“
 
Kajgana Shop

На врв Bottom