Интервју на премиерот Никола Груевски за "Вечер"

Intervjuto e:


  • Вкупно гласачи
    32
  • Гласањето е завршено на .
Член од
30 ноември 2007
Мислења
408
Поени од реакции
30
НИКОЛА ГРУЕВСКИ ПРЕМИЕР

nikolla.jpg
Тука сум за поголеми плати и поголеми пензии


Во првото интервју за Вечер, премиерот Никола Груевски вели дека е оптимист за можноста да добиеме покана за членство во НАТО во април и калкулира дека, доколку Грција стави вето или претходно излобира кај земјите членки да истапат дека не сме подготвени за влез, и тоа во пресрет на решавањето на косовското прашање, тоа ќе има негативни последици за целиот регион. Груевски смета дека Косово треба да се реши така што ќе добијат сите, а за Бугарија вели дека во историјата на самостојна Македонија не направила никаков чекор кој значи претензија кон РМ. Што вели Груевски за економските реформи, за заспаноста на одредени владини сектори, за предвремени парламентарни избори по самитот на НАТО во април


Дали како премиер го добивте она што го најавививте како обврска за 2007 година?
- Главно да, затоа што тоа што ни беше зацртано во програмата во најголем дел го остваривме. Нормално, тука и таму има по некое потфрлање, но во најголемиот дел го остваривме. Успеавме да направиме, да издејствуваме и реализираме некои работи што ги немавме ветено, така што се на се, сум задоволен. Но, од она што сме го зацртале оваа година да го спроведеме, најмногу ме разочарува што 50 отсто од законите што ги испративме во Парламентот чекаат за усвојување заради кочењето на реформите од опозицијата. Од вкупно околу 240 закони, 120 се уште не се усвоени. Значи 250 што сме ги изработиле и испратиле во Парламентот од првиот ден на нашето доаѓање во Влада, до пред недела-две, точно половина чекаат. Тоа малку ни ги забавува плановите. Реализиравме доста нешта и во делот на економијата, и во делот на борбата против корупцијата и криминалот и во делот на реформите во земјоделството, здравството, би рекол и во политичкиот дел, тргнувајќи од судските реформи, па делот на меѓуетничките односи иако имавме одредени проблеми со опозиционата партија ДУИ во еден период. Се справуваме и со безбедносни предизвици, како што беше елиминација на криминалнотерористичката банда во Бродец.

Освен законите коишто ги испративте во Собранието, кои работи не се дозавршени во однос на проекцијата којашто ја имавте?

- Тоа се група на работи што зависат од законите. Мислев дека оваа година ќе ја започнеме изградата на околу 100 училишта, кои зависат од законот за концесии и приватно јавно партнерство. Ако тој закон се донесе во јануари, има добри шанси кон средината на следната година или кон крајот на истата да почне изградбата. Законот е пратен некаде уште во мај и ако во јуни беше изгласан, сега ќе удиравме каментемелници на огромен број училишта.

Но, се уште чекам уште да видам како ќе ја завршиме годината. Се она што нема да потрошиме за капитални расходи, ќе биде на контото на наша грешка и негативно работење. Тоа ќе го знам точно на 2 јануари, бидејќи се уште се вршат исплати и се реализираат одредени инвестиции. Доколку се дојде до некоја позначајна сума на крајот, ќе бидам навистина незадоволен и ќе внимавам кој го направил тоа. И секако така ќе се однесувам и кон тие луѓе, на соодветен начин. Секогаш може повеќе по дефиниција. Така и овде, ако кажам добро се оствари во економијата, не можам да кажам дека не можело повеќе.

Кој освен капиталните расходи ќе бидат останатите проекти и приоритетите во 2008 година, покрај оние веќе востановените со политичкиот дијалог - 18-те закони кои ќе бидат донесени веднаш на стартот на годината?

- Нашата програма, дејствувањето и активностите се фокусирани на економијата, борбата против криминалот и корупцијата, одржување на добри меѓуетнички односи и спроведување на Охридскиот рамковен договор. Топ приоритетни цели кои се зацртани се НАТО и ЕУ. Секако не треба да ги потцениме ни големите инвестиции и енергијата кои ги трошиме во земјоделството, здравството, образованието и во другите сектори, но кон ЕУ и НАТО сме приоритетно фокусирани и во тој дел и ќе продолжиме да вложуваме многу време, енергија, многу проекти, за кои верувам дека ќе бидат значајни.

Она што ќе ја одбележи следната година е во делот на градежништвото, пред се во втората поливина на 2008 и во 2009 година. Мислам дека и во тој дел можеше повеќе. Објективни околности се што клучните закони што треба да променат нешто се уште чекаат. Само еден од нив помина, тоа е Законот за урбанистичко планирање. Другите два закон за градби и закон за градежни работи чекаат во Парламентот повеќе месеци, а законот за катастар дури сега на следната седница на Владата треба да помине и тие се доста значајни. За таа цел неодамна формирав специјален комитет за експанзија во градежништвото, кое има 20-тина членови, а го предводам лично јас.

Анализираме можност да се овозможи странци да купуваат имот во РМ, што секако ќе го раздвижи пазарот, ќе внесе доста капитал, свежина и нови градби. На тој дел ќе се фокусирам посебно во 2008 година и секако во делот на енергетиката. И во делот на јавните инвестиции очекувам да започнат последите подготовки за градба. Некаде во април треба да завршат проектите за изградба на автопатишта: Коридорот 8, Коридорот 10, а оние два дела што не се доградени веќе би требало да почнат со градба на пролет. За Коридорот 8 меѓу мај и Нова година треба да почне експропријација. Најверојатно некаде околу следната нова година, на почетокот на 2009 година ќе почне физичка градба на Коридорот 8 и уште неколку значајни патни правци. Јас порано мислев дека има проекти, само нема пари, па сега сфативме дека немало ни проекти. Аеродромите Александар Велики и Свети Апостол Павле конечно, кон крајот на 2008 година ќе бидат предмет на сериозна инвестиција.

Во економскиот дел ако добро се одвиваат работите, можно е да вратиме уште некој долг предвремено.

Очекувам да го исполниме покачувањето на платите за државната администрација и покрај најавеното зголемување од 10 отсто во 2007, да има дополнителни зголемување на пензиите од 2008.

Вакви подобрувања, покачувања на платите и пензиите немало никогаш во самостојна Македонија.

Иако СДСМ поддржува предрасуда дека се тие левицата кој се грижи за пензионерите - тие никогаш не ги покачија пензиите, никогаш не ги поевтинија лековите, никогаш не се бореа да се запре најавено покачување на цените на струјата... Тоа го правиме ние и оваа Влада.

Ќе продолжиме да работиме на собирање на што повеќе приходи од даночните обврзници кои одбегнуваат да плаќаат данок. Даноците ќе паднат за дополнителни 2 процента: данокот на добивка и персонален данок на доход. Ќе разгледаме и други можности за даночни подобрувања, но исто така ќе се засилат и контролите за фискално дисциплинирање на тие што се уште избегнуваат да плаќаат данок.

Многу ќе бидеме фокусирани на привлекување инвестиции. Освен двата министри, вклучуваме 23 инвестициони промотери во 21 држава. Четворица веќе од јануари ќе заминат, дополнително 19 ќе заминат до април или најдоцна до мај.

Во САД и Германија ќе има по два инвестициони промотери. Во Германија еден во Берлин еден во Михнен, во САД еден во Њујорк еден во Чикаго. Ќе бидат сместени во нашите амбасади и ќе имаат задача, норма да посетуваат компании, и на одлучувачите во тие компании и да им вршат презентација на можностите за инвестирање во Македонија. Планот е, откако тие ќе почнат да работат, да работиме и на барање на локални промотери во тие држави, кои што заедно со домашните отидени таму, ќе ја вршат работата. Поубедливо е кога Германец на Германец ќе му објаснува за можноста за инвестирање, отколку Македонец на Германец.

До каде е реализацијата на кампањата за привлекување странски инвестиции?
Од носењето на одлуката до моментот на физичка изградба на каков било капацитет, треба уште најмалку 6 до 12 месеци, така што свесен за тоа, јас однапред укажав дека не очекувам во првата и втората година спектакуларни резултати, но очекувам подобрување и тоа подобрување го имаме. Имаме двојно повеќе странски инвестиции отколку во претходните години, ако сте тргне ефектот од продажбата на ЕСМ што се случува еднаш и не се повторува, потоа капитални проекти од државата или Телеком. Имаме пораст на економијата во првите три квартали од над 5 проценти, што досега е највисок во историјата на Македонија. Имаме 41 процент зголемен извоз во првите 6, односно 9 месеци. Излегоа најновите статистички податоци, и овие 40 проценти зголемен извоз воопшто не се малку, и тоа е нешто што не прави среќни, така што нештата тргнаа на подобро.

Понекогаш има одредени политички моменти кои многу влијаат на економските збиднувања, а тоа се очекувањата да добиеме или да не добиема покана од НАТО, начинот на којшто ќе се разреши Косово како последно крупно прашање на Балканот и територијално наше непосредно соседство.

Така што тоа ќе има влијание за побрз или побавен економски развој, поголем или помал раст. Јас и во двете варијанти сум оптимист дека ќе имаме позитивна година.

Но, нема да биде исто ако ја добиеме поканата за НАТО во април, или ако не ја добиеме. Нема да биде исто ако Косово се разреши со воен конфликт или без воен конфликт.Треба да се разгледаат сите можности.

Кои од условите ги исполнивте за да ја добиме поканата за НАТО?

- Најголемиот дел од условите кои беа од акциониот план се исполнети, и по него работиме, таму има месечна динамика што треба да биде завршено. Сите инспекции кои дојдоа од НАТО дадоа генерално позитивно мислење со сосема мали сугестии. Последните доаѓања на повисоки претставници на НАТО беа проследени заедно и со 12-тина препораки што ни ги дадоа и како што рекоа, "...ова се последни 12 препораки кои, ако во најголем дел ги исполните, ќе ни завршите голема работа, како ваши поддржувачи лобисти да можеме да бидеме сигурни дека ќе ги убедиме сите други.....", Од тие дванаесет, 10 веќе исполнивме.

Уште што треба да направите?

- Таму останаа уште барање решение за поддршка на т.н. жртви од конфликтот и доаѓање барем до нацрт на Закон за употреба на јазиците. Две прашања коишто се исклучително комплицирани, и за кои јас им најавив дека не можам да гарантирам. За сите други на НАТО претставниците им реков дека им гарантирам дека ќе се завршат, а за овие дека не можам да им гарантирам. Тие рекоа:... "завршите ги вие најголемиот дел од работите, ќе биде во ред...",.

Ако добиеме покана за членство во НАТО, не само што ќе се забрза економскиот раст, туку и ќе се отвори можност помирно да го поминеме и решавањето на статусот на Косово.

Која ни е алтерантивата ако во април Македонија не добие покана за членство во НАТО?

- Ако не ја добиеме поканата ние продолжуваме да работиме. Земјата ќе остане стабилна, ќе има малку повеќе предизвици и на економски план. Можеби некои екстремистички групации ќе се охрабрат, и ќе почнат да прават проблеми, но тие проблеми брзо ќе ги елиминираме. Не очекувам некои крупни проблеми, не очекувам било какви крупни конфликти. Внимателно ја следиме ситуацијата и не мислам дека Македонија ќе биде во исклучително лоша ситуација, доколку се случи несаканото. Но ќе биде во полошо, споредено со добивање на поканата. Економскиот раст ќе биде побавен.

Во секој случај ќе трпиме штети и затоа сме толку ангажираме за да ги завршиме работите за да ја добиеме поканата.

Според моето длабоко убедување и моите информации, клуч за тоа дали ќе ја добиеме поканата или не - е однесувањето на Грција.

Можам да ви кажам дека повеќе европски политичари, премиери од ЕУ и тоа не било кој туку поважните, во приватни разговори ми имаат кажано:... "вие сигурно влегувате во НАТО, освен ако Грција не го попречи тоа.....". Значи тие веќе не гледаат други сериозни пречки, освен Грција. Не можам да ги цитирам бидејќи се работи за приватни разговори, а тоа се разговори на коишто најискрено и отворено се зборува. На официјалните средби се разговара поинаку. Тогаш се кажува дека проблемот со името не е дел од агендата на НАТО, но добро е да биде решен.

Ќе се обидеме, но прашањето е прилично деликатно, тешко. Имаме свои позиции, имаме аргументи за тие позиции, и се надевам дека во еден дијалог што ќе следи дека ќе можеме да ги презентираме тие позиции.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
408
Поени од реакции
30
Prodolzuva...


Можни ли се вонредни избори ако Македонија не добие покана за НАТО?

- Ако се создаде таква атмосфера во државата, не е исклучено и тоа.

Од што зависи?

- Од политичките партии, и од расположенито на граѓаните во Македонија.

Дали мислите дека ако не добиеме покана за НАТО, дополнително ќе ги заостри односите со Грција и ќе предизвика свртување кон засилена политичка и економска соработка со Русија, бидејќи во моментов САД важат за наш најголем лобист за членство во НАТО?

- Ако некој во овој момент навистина прави огромни напори да ни помогне во тој правец, тоа е САД, така што ние не можеме вината да ја бараме кај САД, доколку работата не се заврши како што очекуваме. Јас морам да кажам дека во моментов сум многу повеќе оптимист, отколку песимист, но сум должен да ги кажам и ризиците и добрите работи. Затоа кажувам и што сме направиле и дека очекувам покана, но и дека има одредени ризици. Ние имаме свои сојузници, САД е меѓу најголемите, да не речам и најсилен сојузник.

Можеме сигурно да сметаме на силната поддршка на Турција, Словенија, Италија, а во последниот период има и прилично подобрување на однесувањето на Бугарија. Се разбира и други земји во ЕУ ни даваат поддршка, да речеме балтичките држави. Тие сигурно ќе направат се што е во нивна моќ, не да ни ја завршат домашната работа, таа е само наша, и се надевам дека ние ќе си ја завршиме, но да ни помогнат во оној дел на лобирање и на оној дел на создавање клима за успех. И тука имаме редовна комуникација со нив, размена на аргументи, помош, поддршка.

Кога се зборува за свртување на политиките, ќе стане збор и за свртување на вредностите. Вредностите коишто ги делиме ние, се оние што ги има НАТО и земјите-членки на Алијансата, така што не гледам причина да ги менуваме вредностите и критериумите.

Истовремено не гледам причина да немаме соработка со Русија и економска и политичка. Таа ја имаме и сега и би било добро во иднина да ја имаме уште повеќе. Русија стана многу моќна во делот на енергетиката, економски станува се помоќна, клучен политички фактор е, и ние никогаш не сме ги занемариме односите со неа. Но, ако ме прашувате за менување на вредностите и критериуми ние нема да го сториме тоа, јас барем немам намера да направам такво нешто.

Можете ли да дадете една оценка за односите со соседните земји?

- Би рекол дека освен проблемот со едно прашање што го имаме со Грција, другите се релативно добри односи. Со Грција, кога би го немале проблемот со прашањето на името, би имале повеќе од добри односи. Бидејќи нема никаков друг проблем, ние 17 години немаме ниеден граничен инцидент со Грција, имаме голема размена на инвестиции, трговија, туризам ...
Со Албанија имаме прилично добри односи. Со Србија, и покрај сите збиднувања што се околу Косово, можам да речам дека односите се добри. Со задршка кога станува збор за МПЦ, кој е проблем е директно поврзан со Грција, и името на на нашата земја.

Со Бугарија исто така имаме добри односи, тие се се' повеќе наши поддржувачи.

Проблемот со уставното име е создаден од двете страни, не е само од Република Грција. На привремената спогодба, стои потписот и на Македонија. Вие никогаш не сте побарале сериозна политичка одговорност од оние коишто учествувале во изготвувањето на таа спогодба, и тој проблем?

- Политичката одговорност и политичката цена е нешто што граѓаните го решаваат и мерат на изборите: кој згрешил, кој не згрешил, зошто згрешил итн. Моето длабоко убедување е дека во периодот кога е прифатена привремената референца ПЈРМ е направена крупна грешка. Неприфаќањето на истата, во тој период можеби ќе не чинело уште една - две или не знам колку години проблем со влегување во ОН и сите придобивки што ги имаме од тоа. Меѓутоа, неприфаќањето веројатно ќе ни овозможеше и некакво поинакво и подобро решение, така што колку и да има аргументи г-динот Црвенковски кој во тој период бил премиер што го прифатил тоа привремено решение, кое што стана многу повеќе од привремено... генерално тоа е генератор на денешниот проблем што го имаме пред НАТО. Грција сега смета дека нашиот влез во НАТО и во ЕУ за неа се последните шанси да со жесток притисок и уцена врз Македонија да добие за неа поволно решение. А сегашната нивна можност за уцена произлегува од Спогодбата за привремено име од тој период. Тука мислам дека е направена серија грешки, но тоа е тоа. Политичка одговорност се манифестира кога ќе дојдат избори. Граѓаните ценат на избори.

Грција е еден од нашите најсериозни економски партнери. Дали се внимава колку политичките проблеми влијаат на економската размена, бидејќи Грција сепак е етаблирана членка на ЕУ споредено, на пример, со Бугарија?

- Во оваа фаза имаме една таква хистерична клима во Грција, која одвраќа многу инвеститори и луѓе што сакаат да прават бизнис во Македонија. Но, секојдневното медиумско атакување врз Македонија, прикажување дека ние сме иредентисти, создава претстава кај луѓето што живеат во Грција и што не ја посетиле Македонија, а тоа е најголемиот дел од нив, дека тука живее некое прилично заостанато население, расположено за конфликти, кое сака нешто да и одземе на Грција. Не знам колку знаете, но јас гледав фотографии во многу нивни весници, и Македонија е најчесто прикажана преку најруралните места, најсиромашните лица, со најбедни семејства, дека - еве тоа е Македонија.

Тоа е дел од Македонија, но кога некој сака да ја прикаже во грдо светло, тогаш селективно го зема најнегативното. Ниту прелеваме масло на огинот, ниту пак покриваме нешто под тепих, затоа што и едното и другото носат огромни ризици. Тоа е мојата филозофија. Таа политика ќе ја продолжам и во 2008 година.

Грција ќе треба добро да пресмета што ќе направи, и дали ќе ги реализира заканите. Има две димензии заради кои ќе си направи штета на сопствена сметка. Логиката е едно но, на Балканот често пати политичарите работи што на некои јазици тешко се преведуваат, а тоа е инаетот и правењето штета на самиот себе за да му се нанесе штета на некој друг, и да се покажат мускули.

Едната димензија е во регионален контекст. Ќе направат сериозни компликации визави решавањето на косовоското прашање со евентуалното блокирање на Македонија за НАТО. Дали тоа ќе биде со вето, или пак со убедување на нивните сојузници да ја прогласат Македонија за неподготвена, незрела, дека и треба уште време за реформи и слично, независно која методологија ќе успеат да ја одберат, тие би сакале ова второто. Ако не успеат со втората, можеби ќе ја употребат првата варијанта со ветото, и тоа ќе создаде доста компликации во регионот.

Наспроти тоа, моето лично мислење е дека Косово треба да се решава на таков начин што ќе добијат сите по нешто. Сите држави во регионот да имаат одредена бенефиција. Тоа е најсигурниот начин да се дојде до мирно решение. Спротивно на ова, ќе биде ситуација во која сите можат да губат. Тоа дополнително ќе ги охрабри некои екстремистички групации во регионот, а тоа не и одговара на Грција. Нестабилен Балкан не е предност на Грција, тоа е минус и проблем како за земјата, така и за ЕУ. Тие ќе треба да трошат пари за да инвестираат во стабилноста, да праќаат војници во некој дел од Балканот, што и за нив е политички проблем.

Сега на пример, продолжувањето на мандатите на војниците во Косово е крупна политичка дебата во неколку европски држави, како на пример во Германија, каде се дебатира дали е легитимно нивното присуство понатаму, не ли е легитимно, особено ако дојде до декларирање независност.

Тоа е првата димензија којашто е регионална, но зафаќа и европски точки.

Втората димензија е во билатералните односи. Тие тука би ни направиле голема штета нам. Меѓутоа, кога на некого му правите голема штета, треба да бидете свесни дека со тоа креирате големи фрустрации, креирате големи непријатели, голема негативна енергија која со години ќе излегува и повратно ќе се враќа. Имавме еден пример во 90-тите години кога беше блокирана Македонија со ембарго од Грција. Тоа беше економско и политичко ембарго. Економско затоа што ја затворија границата во време кога имавме ембарго на северната граница, па се доведовме во ситуација да немаме нафта, и криза во земјата. Политичко затоа што имаше не толку голем како сега, но прилично жесток атак во сите институции низ Европа да се стопира Македонија. Ние тука доста загубивме на патот кон ЕУ. Тука не претркаа многу земји во регионот.

Меѓутоа која е поуката од тогаш?

Поуката е дека проблемот за името не се реши, тој се усложни. Ако некој претходно не знаел за Александар Македонски, за Филип Втори и за другите историски личности за коишто во Грција се дебатира - сега знае. Ако на некој не му значеа ништо тие, сега му значат. Значи, се создаде контраефект, полоша клима, потешко може да се излезе од проблемот сега, потешко сега им е и на двете влади, и на едната и на другата да најдат решение, така што точно е дека тие ќе ни направат голема штета, ама ќе си ја направат и на себе.

Тоа се два аспекти, но ако преовлада разумот во Грција нема да има кочење на Македонија, но велам ако преовлада разумот. Тука има едно големо ако.

Цените ли дека и Бугарија, како надомест за својата добра волја и поддршката што ни ја даваат за членството во НАТО, бара противуслуги во замена за молчење за изјавите на нивните академици и пратеници, кои имаат и етнички и територијални претензии кон РМ?

- Јас обично ја гледам официјалната политика на државите. Ако гледаме што секој во земјава ќе изјави, тогаш во секоја земја можат да се најдат и проблематични луѓе и непријателски расположени. Официјална Софија во овој момент е поддржувач на нашето членство во НАТО и ЕУ.

Она на што тие изразија вербален протест и не го кријат тоа, е еден прилично силен негативен набој во македонските медиуми. Дури направиле и одредена статистика ако не се лажам од сите објавени прилози и статии во весник, и ми се чини дека 92 % од нив се негативни, 6 % позитивни, 2 % неутрални. Тоа кај нив создава негативни чувства. Од една страна велат.... "ние сакаме да ве поддржиме, помагаме, а од вас доаѓаат само лоши пораки за нас"... Историски гледано тие и помагале на независна Македонија: први не признаа како независна држава под уставното име, во времето на ембаргото ни беа единствената отворена врата, во времето на конфликтот дозволуваа прелети, и се што требаше за да се носи во Македонија муниција, оружје кога купувавме итн... Така што во ниту еден момент официјалните власти не искажаа и не направија непријателски чинови. Ни дадоа оружје бесплатно во време кога ни требаше во 1999 година. Некој тоа го почитува, некој мисли дека се ослободиле од нешто, но генерално имаше еден позитивен аспект. Сега не можат да ја разберат толку жестоката критика кон нив, особено што најнегативните стрели од таа држава доаѓаа од маргинални политичари, а возвратното како што велат тие, оди генерално на сметка на земјата.

Јас им објаснив дека ние многу тешко можеме да влијаеме
на домашните медиуми. Живееме во демократија, медиумите се приватни, и имаат сопствени интереси, но сепак можеме да апелираме да не се влошува климата толку.

Сега кога нивната поддршка ни е клучна, нефер би било како држава да им возвраќаме со атаци. Ако пак има атаци од таа страна кон одредени личности, според моето лично убедување, медиумите ќе си го направат тоа што го мислат. Но според мое убедување, медиумите треба да се фокусираат на тие конкретни личности кои провоцирале, а не да се препишува се на генералната политика на Софија.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
408
Поени од реакции
30
+ Prodolzuva...

Никој од Република Македонија не покажал претензии за бугарската историја, територија, бугарскиот јазик, ниту пак било негирано нивното постоење како што сме имале ситуации во поновата историја од бугарска страна. Бугарскиот премиер повика на дисциплинирање на македонските новинари. Секоја полемика којашто се одвива во јавноста за македонско-бугарските односи за него е атак на нивната држава, на нивната националност?

- Значи, треба да се разбере дека во моменти кога некој од некого бара помош, не може истовремено постојано да очекуваме дека ќе ни помага, а ние од наша страна, не како Влада, но како држава, со сите инструменти, со сите елементи да има само негативни работи. Се создаде клима, на пример, ако дојде бугарски инвеститор да се смета дека тоа е нешто лошо и дека тоа е нешто криминално, и дека на Владата тоа и смета. Кај нас кога ќе кажат бугарска фирма безмалку како да кажеме криминална банда. Тоа не е така. Во Бугарија има многу други компании што чесно ги заработиле парите, и не им паѓа пријатно да им се случува тоа. Јас наоѓам разбирање во нивните реакции. Секоја држава има позитивни и негативни страни. Тие не искажале територијални претензии кон нас во овој период, туку напротив. Чекорите што ги правеле биле спротивни. Јас ги гледам чекорите. Во кризи, кога сме биле во најтешко тие не направиле лош чекор. Ако ставиме на маса што тие направиле, и ако бараме од овој-оној повремено некои емотивни изјави, тогаш можеме да најдеме забелешки. Но, дали е тоа доволно до тој степен да се сатанизира се што доаѓа од Бугарија - е прашање за кое треба да размислиме.

Во моментов имате добри односи со српската влада. Мислите ли дека ќе останат исти и по признавањето на независноста на Косово?

- Србија е во исклучително деликатна ситуација, и од тој аспект јас целосно ја разбирам заедно со нивните најави, закани до сите оние кои нешто поинаку ќе направат од она што тие го посакуваат. Во една таква деликатна ситуација и психолошки сенс во кој се наоѓаат српските политичари, понекогаш има и грешки и по некоја изјава што можеби е непримерна. Генерално одржуваме добри односи. Како ќе биде понатаму не можам да кажам со сигурност бидејќи не знам какви ќе бидат нашите одлуки. Нашите одлуки ќе бидат објавени во моментот кога ќе треба да се случат, а во тој момент ќе процениме што е најдобро за интересите на Република Македонија. На една таква одлука влијание ќе имаат многу настани кои ќе се случат во меѓувреме, тргнувајќи од посакуваната покана на Македонија за во НАТО, збиднувањата во регионот и слично.

Во сите ситуации ќе ги гледаме нашите државни интереси. Не косовските, не српските, нашите државни интереси, се разбира во корелација со оние со кои имаме изградено силно партнерство, а тоа се САД, НАТО и ЕУ.

Независноста ќе се решава по април 2008 година. Дали имате добиено предлог, фактички да ја одработите поканата за НАТО во април 2008, со тоа што ќе бидеме една од првите десет држави која ќе ја признае независноста на Косово?

- Не немам добиено таков предлог. Од никого.

Досега Ви успева да одржите баланс во односите со соседите особено со Србија, Албанија и Бугарија. Дали има притисок внатре во ВМРО-ДПМНЕ да се даде некаков приоритет на пријателските македонско-бугарски односи?

- Не, немам таков притисок воопшто во партијата.

Во 2007 година Македонија го доби признанието дека е топ-реформатор, а истовремено Србија беше прогласена за земја со најголем број на инвестиции по глава на жител. Каква е економската соработка помеѓу топ реформаторот и земјата со најголем број инвеститори по глава на жител?
- Економската соработка е добра, со голема трговска размена во последно време. Има и доста инвестиции од една во друга земја, бидејќи бизисмените добро се познаваат и најчесто кога ќе одлучат да го прошират својот бизнис првата дестинација им е соседната земја. На Србите во Македонија, на Македонците во Србија. Постои простор за уште повеќе. Имаме доста слични работи направено, така што инвеститорите можат да дадат проценка каде е подобро за инвестирање. Но тоа зависи и од кој инвеститор е, каков бизнис има, какви локални партнери има. Ние сме четврта реформска земја во светот според Светската банка за изминатите 12 месеци, а Србија пак, напредна многу на планот на странските инвестиции, гледано и по глава на жител. Кај нив одредено влијание има и малку задоцнетата приватизација. Имаат и гринфилд инвестиции, а во последните години се продадоа крупни компании, што пак влијае на странските директни инвестиции. Кај нас пак приватизацијата воглавно заврши во 90-тите години, во форма на распродажба на менаџерите, без сериозен девизен прилив како во Србија.

Зголемувањето на платите и пензиите во РМ веројатно Ви го реши исходот на следните избори во земјава. Се уште горчливо прашање е невработеноста, како и стечајците, иако се малку по број?
- Невработеноста оваа година бележеше благ пад. Наследивме 36,1 проценти невработеност, сега е некаде 34,9%. Тоа е благ пад за само една година. Не сум презадоволен, но велам дека активностите што ги правевме оваа година ќе влијаат на поголеми инвестиции во следната година, кои полека ќе го намалуваат процентот на невработеност. Добро е што првпат вака имаме надолна линија на невработноста. Пет-шест години пред тоа имавме нагорна линија. Во 2002 година кога заминавме од власт беше приближно околу 32 %, за да се вратиме во 2006 година на власт со околу 36 % невработеност, за сега да е 34,9%.

Кои ќе бидат директните владини интервенции за решавање на невработеноста?
- Освен акции во пристап на интернет, комјутери, обуки и образование, ние преземаме и активни мерки за зголемување на вработеноста. Една од последните е можноста да се даваат директни кредити на невработени лица во висина од 3000 евра, со камата веројатно околу 1 процент, една година грејс период, и три години рок на враќање. Ќе може да се здружат по пет луѓе за да земат 15.000. Некогаш и тоа е примамливо, така што ќе имаме и такви мерки и ова ќе почне некаде кон крајот на февруари 2008. Имаме и други вакви активни мерки, но главно се концентрираме на отворање нови работни места преку инвестиции, домашни или странски сеедно.

Се повеќе е извесно дека поканата за НАТО ќе биде под привремената референца БЈРМ. Впрочем и британскиот амбасадор во НАТО скоро беше тука и напомена дека прашањето за името повеќе не е билатерално. Мислите дека Македонија може да го понесе ризикот со прифаќање на поканата под името БЈРМ?

- По мене не беше баш најсреќна тактика што г-динот Црвенковски уште пред неколку месеци во грчките весници се произјасни дека сосема прифатливи би било ако станеме членки под привременото име БЈРМ. Не знам за каква стратегија стануваше збор, но мислам дека можеше да има и попаметни решенија. Сега ја имаме таа ситуација иако стратегијата не беше договорена меѓу нас, а особено не беше договорено да се излезе, да се зборува.

Но тоа помина. Сега имаме многу политичари коишто се под жесток притисок на Грција. Грција не седи мирно, таа е најактивна споредено со било кога во историјата на проблемот со името, и треба да очекуваме дека во наредните месеци особено ќе имаме жесток притисок за промена на името, не само од Грција, туку и од други кои се нивни сојузници.

Дури и ако успееме да ја добиеме поканата за НАТО, притисокот ќе продолжи и подоцна во однос на ЕУ итн. Јас пред два-три месеца гледав една изјава на грчки политичар на нашите медиуми, дадена чинам во Њујорк, каде што отворено кажа дека доколку Македонија се согласи за компромис, а во овој момент тие под компромис подразбираат промена на името барем за меѓународна употреба, тогаш Грција ќе застане зад нас со голема финансиска, политичка поддршка, експресно ќе станеме членки на НАТО и ЕУ. А доколку не - со сите сили, моќ и оружје во политичка смисла, ќе го спречува тоа.

Така што ние како држава, како нација треба да сме подготвени на тоа. За разлика од НАТО, во ЕУ се далеку помоќни и далеку повеќе штета можат да ни направат. Не се крие ни жестокиот притисок од грчките службеници и функционери во ЕУ кога се прави извештајот за Македонија, за да имаме што полоши оценки.

Но, нашиот став е познат по тоа прашање. Ова го кажувам само за да ја зголемам свесноста кај граѓаните да знаат точно што се случува, зошто имаат право да знаат. За нас името значи идентитет. Да поставиме хипотеза: ако не го смениме името, во Грција можеби ќе има мали последици по статусот на нивната Влада. Ако дојде до промена на името - во Македонија ќе имаме сериозен проблем со идентитетот. Во ваква ситуација, ќе решиме еден надворешен проблем, но ќе создадеме еден сериозен внатрешен конфликт во Република Македонија, кој ќе опстои со децении, со векови. Затоа ние сме многу внимателни што правиме. Не бегаме од разговори: од официјални, неофицијални... какви и да се. Подготвени сме да разговараме. Но, имаме јасна претставата кои се нашите интереси.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Карактеристично за просрпски и антибугарски ориентираниот Латас/Вечер, е што посветил несразмерно голем простор во интервјуто за Бугарија и односите со неа. А на многу поважни прашања им е посветено помало внимание.
Груевски е реален политичар што "цврсто стои на земја" и сега за сега, јас лично, немам поголеми забелешки на работата на неговиот тим. Особено сектор внатрешни и здравство.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
ovaa godina makedonija e bitno da dobie pokana ma da ne smetam deka neophoden e vlez na nato megju toa poradi ekonomskata i bezbednosnata sostojba primorani sme da odime so nato grcija ke pravi i pravi sopki za naseto zaclenuvanje no prasanjeto e od sto se plasat grcite zosto tolku opiraat za imeto ima li nesto sto se krie od javnosta sive ovie god na samostojna makedonija mozen e dogovor so grcite nie bi go smenile imeto a tie nas bi ni ovozmozile podobar zivot koj znae se ova ama bas e kajgana na oko
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
148
Поени од реакции
0
Ова ви го кажувам како партиски неопределен човек. Груевски обожава да ги обвинува сите други освен себеси за ,, неуспесите ,, во државава. Човече ти си извршна власт и ти мора да научиш да преземаш одговорност за секој направен гаф. Извештајот од ЕУ требаше да те разбуди затоа што е негативен, втор по ред. Очигледно нешто не е во ред. Ќе бидам задоволен тогаш кога барем еден министер уствари целата влада си поднесе оставка и да преземе политичка одговорност. Тогаш ќе се докажат како доблесни политичари. Ова важи за сите носители на јавни функции до сега без разлика на партиската определеност. Инаку спектакуларни апсења и потоа предавање на архивски снимки од МВР кај медиумите е кривично дело. Се повредуваат човековите права. Очигледно оваа влада на чело со Груевски е заинтересирана само за само-рекламирање и ништо друго. Сеуште нема точна информација колку буџетски средства се искористени за рекламните кампањи на владата. И веќе не пали фората ова е за будење на свеста на народот.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
ama nezavisen si i kjuti tamu neka apsat posto jas ke gradam privaten zatvor na golem grad posto nemalo mesto poveke
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Тие независните ептен влечат кон шекерната.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
vlecat vlecat ama sega da ne i fatit nekoja sekerna bura i dang site na ostrovov vo prespansko ke se brkat so zmite a jas op edno hotelce(zatvorce)i pola pola od toa so imat ograbeno od drzavava setne ke povikaat prijatel za tamu a na kraj i publikata(sdsm)
 

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Ова ви го кажувам како партиски неопределен човек. Груевски обожава да ги обвинува сите други освен себеси за ,, неуспесите ,, во државава.
Да кажеше за Б.Ц. да те разберев....ама по аватаров ти се гледа дека си близок до Бранко :wink:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Интервјуто е нереален по постигнатите резултати кој се "за никаде" после извештајот на ЕУ за Македонија.Oваа влада нема да си поднесе оставка тоа е сигурно,само во интервјуто доколку беше реален како и секој нормален човек ќе признаеше лична одговорност за слабите резултати на владата особено во ЕУ интегративниот процес,што се повеќе од очигледни и немаше да обвинува никого друг затоа што камшикот е во негови раце.Би требало барем политички неприврзаните да констатираат дека префрлање на вината кон опозицијата кога ти си на власт представува само уште еден доказ дека нешто со тебе не е во ред,а не да ми мрчи како тој ништо не бил виновен,ебаго.За проблемот со името едноставно можеше грешката на Ќиро едноокиот и Б.Ц. да ја поправи во овој период со едноставно организирање на референдум кој би бил легитимен и официјален по однос на уставното име и пред сите меѓународни институции.Толку ли е тешко една влада да организира референдум по така суштествено прашање кое сите нас не става во блентава позиција за која решаваат две-три личности без целосен мандат даден од народот.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Не сакам да бидам погрешно сватен, ама ми се чини дека оваа влада повеќе обрнува внимание на свои лични кампањи, покачување на медиумскиот рејтинг, еден огромен маркетинг (еден вид фалбаџии). а се помалку на евро-аталнтските интереси на државата. Можеби некој ќе се сети на еден текст објавен на еден македонски портал (ако го прочитал се разбира, а не сакам да го кажам јавно сега знаете на кајгана сме) во кој пишуваше дека владата ни е како топ шоп, тоа беше периодот кога имаше намалување на даноците, зголемување на пензиите, анти-корупциски кампањи, е во тој период владата секој ден излегуваа пред медиумите (Груевски и одговорниот министер ке зборуваат, а другите зад нив). знаете денеска направивме тоа НО И ТОА НЕ Е СЕ, наредниот ден нешто ново, НО И ТОА НЕ Е СЕ, утре пак нешто.

Немам ништо против владата, искрено има направено многу работи до сега, но ми пречи сета таа медиумска кампања (ние сме најдобри, опозицијата врска нема, претседателот не го бива, тие се за се криви) но, размислете оваа кампања може да им се врати како бумеранг со еден поголем кикс на оваа влада.

Извинете за големината на текстот. хехе
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
309
Поени од реакции
0
Ot interviuto se vidi deka Gruevski ja bara poddrazkata na Bugarija za vlez vo NATO i EU ! Vo istoto vreme Latas voobshto ne se interesira od toj vlez, toku samu bara tansii so sosedite vo interes na Srbija !

ЛАТАС: Можете ли да дадете една оценка за односите со соседните земји?

ГРУЕВСКИ: … Со Бугарија исто така имаме добри односи, тие се се' повеќе наши поддржувачи.

ЛАТАС: Цените ли дека и Бугарија, како надомест за својата добра волја и поддршката што ни ја даваат за членството во НАТО, бара противуслуги во замена за молчење за изјавите на нивните академици и пратеници, кои имаат и етнички и територијални претензии кон РМ?

ГРУЕВСКИ: Јас обично ја гледам официјалната политика на државите. Ако гледаме што секој во земјава ќе изјави, тогаш во секоја земја можат да се најдат и проблематични луѓе и непријателски расположени. Официјална Софија во овој момент е поддржувач на нашето членство во НАТО и ЕУ.

Она на што тие изразија вербален протест и не го кријат тоа, е еден прилично силен негативен набој во македонските медиуми. Дури направиле и одредена статистика ако не се лажам од сите објавени прилози и статии во весник, и ми се чини дека 92 % од нив се негативни, 6 % позитивни, 2 % неутрални. Тоа кај нив создава негативни чувства. Од една страна велат.... "ние сакаме да ве поддржиме, помагаме, а од вас доаѓаат само лоши пораки за нас"... Историски гледано тие и помагале на независна Македонија: први не признаа како независна држава под уставното име, во времето на ембаргото ни беа единствената отворена врата, во времето на конфликтот дозволуваа прелети, и се што требаше за да се носи во Македонија муниција, оружје кога купувавме итн... Така што во ниту еден момент официјалните власти не искажаа и не направија непријателски чинови. Ни дадоа оружје бесплатно во време кога ни требаше во 1999 година. Некој тоа го почитува, некој мисли дека се ослободиле од нешто, но генерално имаше еден позитивен аспект. Сега не можат да ја разберат толку жестоката критика кон нив, особено што најнегативните стрели од таа држава доаѓаа од маргинални политичари, а возвратното како што велат тие, оди генерално на сметка на земјата.

Јас им објаснив дека ние многу тешко можеме да влијаеме на домашните медиуми. Живееме во демократија, медиумите се приватни, и имаат сопствени интереси, но сепак можеме да апелираме да не се влошува климата толку.

Сега кога нивната поддршка ни е клучна, нефер би било како држава да им возвраќаме со атаци. Ако пак има атаци од таа страна кон одредени личности, според моето лично убедување, медиумите ќе си го направат тоа што го мислат. Но според мое убедување, медиумите треба да се фокусираат на тие конкретни личности кои провоцирале, а не да се препишува се на генералната политика на Софија.

ЛАТАС: Никој од Република Македонија не покажал претензии за бугарската историја, територија, бугарскиот јазик, ниту пак било негирано нивното постоење како што сме имале ситуации во поновата историја од бугарска страна. Бугарскиот премиер повика на дисциплинирање на македонските новинари. Секоја полемика којашто се одвива во јавноста за македонско-бугарските односи за него е атак на нивната држава, на нивната националност?

ГРУЕВСКИ: Значи, треба да се разбере дека во моменти кога некој од некого бара помош, не може истовремено постојано да очекуваме дека ќе ни помага, а ние од наша страна, не како Влада, но како држава, со сите инструменти, со сите елементи да има само негативни работи. Се создаде клима, на пример, ако дојде бугарски инвеститор да се смета дека тоа е нешто лошо и дека тоа е нешто криминално, и дека на Владата тоа и смета. Кај нас кога ќе кажат бугарска фирма безмалку како да кажеме криминална банда. Тоа не е така. Во Бугарија има многу други компании што чесно ги заработиле парите, и не им паѓа пријатно да им се случува тоа. Јас наоѓам разбирање во нивните реакции. Секоја држава има позитивни и негативни страни. Тие не искажале територијални претензии кон нас во овој период, туку напротив. Чекорите што ги правеле биле спротивни. Јас ги гледам чекорите. Во кризи, кога сме биле во најтешко тие не направиле лош чекор. Ако ставиме на маса што тие направиле, и ако бараме од овој-оној повремено некои емотивни изјави, тогаш можеме да најдеме забелешки. Но, дали е тоа доволно до тој степен да се сатанизира се што доаѓа од Бугарија - е прашање за кое треба да размислиме.

ЛАТАС: Досега Ви успева да одржите баланс во односите со соседите особено со Србија, Албанија и Бугарија. Дали има притисок внатре во ВМРО-ДПМНЕ да се даде некаков приоритет на пријателските македонско-бугарски односи?

ГРУЕВСКИ: Не, немам таков притисок воопшто во партијата.
Dobre Gruevski ! :helou: Imash poddrazhka ot nas ! :smir:

 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Груевски се гледа дека сака нешто да направи за државата и колку толку има резултати, не беше како претходниве лопови во изминативе 15-тина години
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Груевски се гледа дека сака нешто да направи за државата и колку толку има резултати, не беше како претходниве лопови во изминативе 15-тина години
I se nadevam deka znae deka toa sto go zboruva e samo OPIUM ZA NAROD, mu treba narkoza na narodov za da ne pukne od bolka, operacijava nekako se oddolzi....i kako se gleda ke potrae....

No AKO VERUVA VO TOA........ e togas navistina sme naebale.. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom