- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 1.705
- Поени од реакции
- 75
http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=10/intervju-drucas-14-03.wmv&VestID=120971
Македонија е географски регион и најголем дел од овој регион е во Грција, другиот дел во Бугарија, а третиот е вашата земја. Спогодбата мора да ја одрази оваа реалност затоа е потребно име со географска одредница. Ова во интервју за А1 Телевизија го вели заменикот на Папандреу, Димитрис Друцас.
Тој наскоро се очекува да биде именуван за министер за надворешни работи. Во разговорот со Билјана Секуловска одговара на дилемата за што се преговара и најавува силна грчка поддршка за нашата земја ако биде решен спорот за името.
Официјално, на грчката Национална Телевизија ЕРТ негиравте дека на средбата Обама - Папандреу имало некој конкретен предлог од САД за преговорите. Сепак најголемата дилема за македонската јавност е дали преговорите се фокусирани на спорот за името или, како што тврди македонската влада, се преговара и за етничкиот идентитет и јазикот?
- Како што знаете во мандатот на САД и на г. Нимиц, личниот претставник на Генералниот Секретар на ООН е договорот за дефинитивно име на вашата земја. Се концентрираме токму на ова. Ова е прашањето за кое треба да зборуваме. Мислам дека не е корисно за целиот процес да се оптовари со дополнителни прашања кои не се во мандатот на САД. Ова не помага во процесот. Ја турка можноста за спогодба наназад. Сакаме да се спогодиме. Токму на ова се концентрираме.
- Проблемот е тоа што Македонија е географски регион и најголем дел од овој регион е во Грција, другиот дел - како што знаеме сите е во Бугарија, а третиот е вашата земја.
- Мислиме дека спогодбата за која треба да се договориме мора да ја одрази оваа реалност и мора да помогне да се создаде неопходна јасност. Затоа веруваме дека е потребно име со географска одредница и дека е многу праведно решение и дека тоа ќе и обезбеди име на вашата земја со кое би можеле да се гордеете и со што ќе постигнеме неопходна јасност. Мислиме токму на ова.
- Името за кое ќе се договориме секако дека мора да се користи во секоја прилика и од секого бидејќи мора да бидеме реални и јасни. Сакаме да постигнеме реално решение и спогодба околу ова прашање. Само на ваков начин може да зборуваме за вистински договор. Не сакаме да имаме продолжение на сегашната состојба која не помага ни на едната ни на другата земја. Сакаме да имаме конечна и реална спогодба која ќе ја создаде неопходната јасност за да бидеме во можност да се сконцентрираме, и двете земји, на она што се смета за наша заедничка општа иднина.
- Таа иднина е во Европа, во ЕУ, нашето европско семејство. На овој пат и со своите напори Грција ќе биде вистински партнер и искрен пријател на вашата земја. Затоа велам дозволете ни да седнеме и на конструктивен начин, во рамките на процесот на ОН, да најдеме решение со кое сите ќе се согласиме.
Ексклузивното и прво интервју за телевизија од Македонија на владин грчки претставник во последниве десет години, погледнете го во видеото.
- Јас би рекол саму уште многу празни зборови, многу неконкретно одговорени прашања, двосмисленост и игри!
Друцас ексклузивно филозофира , а нема ништо на дело од грција, само укори за нивната срамна политика а ти тераат со главата во ѕид!
Да ги потсетам оние од А1 дека „united nation“ не е САД ами ОН (обединети нации) , интересен превод на два пати на почетокот!
Погледнете па може да си поприкажеме за импресиите од ова „екслкузивно интервју“.