Оваа иницијатива е директно инспирирана од
потегот на корпорацијата Лореал (и навремената информација на колегата
Берик Дондарион)
Л’Ореал ги отстранува зборовите „бело”и „белење” од своите производи.
Оваа одлука доаѓа по онаа на индиската подружница на Унилевер, која избра да го преименува својот крем за осветлување на кожата на пазарот под името „Fair & Lovely“.Групата Л’Ореал одлучи да отстрани одредени зборови, како што се „бело” или „белеење”, од описот на козметичките производи на нивните пакување, во глобалниот контекст на анти-расистички демонстрации, јави дописникот на МИА.
Како дел од заложбите за подобро утре, препорачувам да пристапиме кон самоедукација и навремени лингвистички корекции со кои би фатиле чекор со современиот свет.
Како да се биде антирасист – Задолжителна литература. Препорачлива не само за апла расистити, псевдо или крипторасисти, туку и за недоосвестени потенцијални расисти. Обавезно да се прочита и обмисли за сопствените постапки и расистичко поведение.
Предлози за корекции во јазикот за спроведување системски антирасизам:
- Под итно да се ревидираат речниците и да се наплаќаат драконски казни за употреба на "бело" и сите негови лексички деривации.
- Лексички корекции со експилицтно избегнување "бело" и сите евентуални деривации: светли заби, светло сирење, светла постела, светла раса, светло вино, светол џигер, светли дробови, светка од јајце (никако белка), светковини (наместо белковини), Тито Светичанец,
- Ревизија на закоравениот македонски расизам во фолклорот и традицијата:
- Билјана платно светлеше .... оздола идат винари, винари светлограѓани
- Не се светли Маре мори, не се црви...
Понатамошни консидерации[1] и можни реперкусии за регионот: Белград би можел да добие дополнителни услови за прием во ЕУ -- промена на име во Светлоград.
Пошироко: Упатно е Белгија да ја преименуваме во Светлија, за секој случај.
[1] Courtesy of Шаше