GoD.HateUSaLL
Фар акрос д диштанс
- Член од
- 30 март 2008
- Мислења
- 8.339
- Поени од реакции
- 8.238
Колективизам, онака дефиниран, е само илузија. Не треба да биде погрешно протолкуван моменталниот компромис кој го прави индивидуата за долгорочна себична добивка со "Жртва на сопствени вредности за општото добро". Тоа не постои. Тој степен на развој, не културолошки, туку во свеста на индивидуата е постигнат кај луѓе што се бројат на прсти. Останатиот плебс размислува, како во онаа парадоксалнана тема "Dali se isplati dasi dobar?". Колективот како таков не е ништо друго туку појавен феномен на збирот од индивидуите. Се е едно, ама не е сеедно. Неговиот квалитет е само НЗС на збирот од квалитетот на поединките. Индивидуализмот пак, е веќе нешто реално, за кое можеме да зборуваме. Само кога оваа филозофија би била по распространета, и уште побитно подобро сфатена, светот би бил многу подобар. Да се сметаш себе си, во вистинска смисла, за најбитна единка за самиот себе си, е благородно. Не себично, contrary to popular belief. Да се љубиш и восприемаш, во вистинска смисла со себе влече многу храброст, себе-усовршување, свест и само-свест. И иронично, таквата единка допринесува многу повеќе кон квалитетот на колективот одколку онаа другата, која поради својата маленкост се крие позади комформистики изговори кои си ги правда со "жртва за општо добро". Сите сме индивидуалисти, if you will, само некои по добри, некои по лоши. Секоја рационална одлука која ја носи индивидуата е мотивирана од желба за сопствен добробит. Дури и она што ние го нарекуваме "алтруизам", подпаѓа под оваа категорија.
Многу е интересен оној момент, ако сте го забележале, на срам кој ни проследува одкако за кратко ќе се почуствуваме како да сме си самите побитни од другите.
Смешен е, затоа што Сме. Сите Сме си самите побитни од другите. И се останато се филмови и параноја.
Многу е интересен оној момент, ако сте го забележале, на срам кој ни проследува одкако за кратко ќе се почуствуваме како да сме си самите побитни од другите.
Смешен е, затоа што Сме. Сите Сме си самите побитни од другите. И се останато се филмови и параноја.