- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Не ми е јасно со каков модел би можела државата да помогне? Имаш ли некој предлог??? Јас колку што знам ниту во една капиталистичка држава државата не дава пари и капитал на приватниот сектор туку напротив ги ДЕРАТ од даноци. Земи ја пример Германија. Ако еден работник заработува годишно 20 илјади евра НЕТО фирмата истиот работник ја чини околу 60 илјади евра, плус што и од тие 20 илјади што ќе ги добие работникот му зимаат разни даноци. Кај нас има колку толку поволности за отварање на бизнис, има подршка за луѓе со добри идеи, државата се труди да обезбеди колку толку поволни кредити за стопанството, се делат субвенции, се делат и средства од ИПА фондовите но нема кој да ги повлече тие средства. Во Македонија има неколку ЗДРАВИ фирми и тие работат добро се друго е млитаво и претежно ориентирано на нашиот пазар. И не не споредувај те молам со Лихтенштајн тоа е друг свет што граничи со друг свет и има друга местоположба и традиција. Ние го немаме тоа , го немаме тој менталитет затоа ни останува да се радуваме на 250 евра плата и производство на кабли , зошто и тоа е подобро отколку седење дома. А кога се работи се развива така можеби после некое време ќе успееме во некоја област. Но за тоа мора да се сменат неколку генерации и од корен да се промени менталитетот.Ниту во времето на СФРЈ, Македонија , релативно, не беше со јака индустрија.
Од тоа време ми е жал само за еден капацитет - тоа е фабриката за автобуси.
Автобусот е извозен производ
Тоа што го извезуваш треба да биде најдобро и најефтино во светски рамки
Еве како тоа го направи Лихтенштајн:
Главен извозен производ не Лихтенштајн се вештачки заби и забарски прибор и машини
Лихтеншатјн има извоз од 3,2 милијарди евра а увоз од 2,2 милијарди
http://en.wikipedia.org/wiki/Economy_of_Liechtenstein
Кај нас нема таков напор од државата. Ако конфекционираме каблови никаде нема да стинеме.
Треба да има една , две три извозни гранки, на пример - автобуси, бебешки колички, инвалидски колички, колички за купување на пазар... И за тие неколку гранки државата треба да створи услови да сме најефтини и најдобри и успехот е загарантиран
А вака со дотирање пробисвети кои отвараат погони за конфекционирање на кабли во кој наводно ќе се вработат 1500 а стварно 50 души никаде нема да стигнеме