Импресивно CV е најбитно за успех во кариерата

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Абе добро, ама барем сега сме на НЕКАКОВ ПАТ, а да пред овие не бевме ни на пат, туку горе во шумата,без цивилизација

Ние сме цело време во ќорсокак.Отсекогаш.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Абе добро, ама барем сега сме на НЕКАКОВ ПАТ, а да пред овие не бевме ни на пат, туку горе во шумата,без цивилизација
Ти си секако на некаков пат, ама на каков е прашањето:
Епа вака,
Ти имаш 100000е јас немам. Јас ти наваѓам бизнис и го работам бизнисот и приходот го делиме на пола 50-50 со гаранција дека највеќе за 2 год си ги враќаш парите а бизнисот продолжува да тече и потоа си во добивка
 

Danger

Survivor
Член од
15 април 2008
Мислења
57
Поени од реакции
23
Ти си секако на некаков пат, ама на каков е прашањето:
Wow, паметно од твоја страна :D :vozbud:
Не мора да значи ако твоите идеи се доволно примитивни и непродуктивни, дека и моите се.
Btw - се гледа дека со бизнис областа и опкружувањата не си баш запознаена, па така да - не можеш на некој кој што го работи тоа, кој што успешно е во тоа повеќе од 10год, некој како тебе ќе каже НЕ БИВА, и ГОТОВО МОРА СИТЕ ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ.
Ако мислиш дека не те бива за бизнис пробај си ја среќата во ..... државно нешто :) во последно време сите сакааат таму. (y)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
државно нешто :) во последно време сите сакааат таму. (y)
Нормално дека сакаат, каде на друго место ќе добиваш плата за да не работиш ништо? (чест на исклучоците)
Државно, ти е сигурно, влагаш, не работиш за ништо, а за да те избркаат од администрација треба апла да си дудук или некој да е повисоко на партиската хиеархија од тебе. Што е ок, одамна престанав да се нервирам за нашата администрација.

Ама факт е дека е многу тешко за млад човек кој е на сам почеток од својата кариера, бидејќи компаниите тоа добро го знаат, знаат дека тие деца немаат искуство, па веќе станува шаблон муабетот: Немам да те платам, ако сакаш да бидеш практикант, волонтер, каде воопшто и не им даваат можност да учат, туку ги држат 2-3 месеци и ги пуштаат да си одат и потоа пак земаат некое дете и цело време така у круг.

Многу почна да се искористува моментот со волонтирање и практиканство, дури на едно девојче ја прашале дали има искуство за да биде практикант. Жити мајка, па да имала искуство немала ни да се пријави за тоа. Демек искуство треба за да не те плаќаат.

Јас сметам дека практикантството и волонтерството се одлични алатки за започнување на кариера, затоа што навистина може да се научи (што зависи и од местото, дали сакаат да те научат). Јас навистина имам одлично искуство, во текот на моето волонтирање научив многу, запознав многу луѓе и мене ми е едно од најдобрите искуства, но по други места што гледам и слушам, младите се повеќе се разочарани. Само скокаат од една пракса во друга, без ништо да им се плати, ниту да ги поттикне некој дека можат да бидат повеќе.

И како да дојдат до импресивно CV? Факт е дека CV-то е многу битна работа, биографијата, надоградувањето, искуството и слично, ама како млад човек денес е многу тешко. Многу е нефлексибилен пазарот на труд во Македонија, многу е тешко да менуваш работни места. Факт. И сето ова е малце демотивирачки, тоа мора да се признае. Доволно лошо е што и самиот образовен систем ти го убива ентузијазмот, па и кога ќе се соочиш со реалниот свет, уште повеќе се демотивираш.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
После, не не' признаале, не не' е**але, ете кој ќе ви преговара за име......којзнае какво CV има оваа штом на вакво место се нагузила, веројатно слично со секретарката Јаначкович.....може држаава у 100 лепе да иде, не е незаслужено...

ОБНОВЕНО Манекенката Драгана Чуприна во дипломатскиот тим на МНР?

http://www.plusinfo.mk/vest/118345/OBNOVENO-Manekenkata-Dragana-Chuprina-vo-diplomatskiot-tim-na-MNR

Манекенката Драгана Чупринаги напушта водителските води и ќе стане дел од дипломатскиот тим на Министерството за надворешни работи, ако комисијата на МНР ја прифати нејзината желба да волонтира во оваа институција.

Утрово од МНР ни рекоа дека Чуприна како волонтер била примена на работа во МНР, минатиот месец, а неофицијално почнала да работи како дел од тимот во дипломатскиот сектор. Со Чуприна на работа во МНР како волонтери биле примени уште десетина други млади луѓе. Плусинфо се обиде да обезбеди информација од МНР, кога и каде бил објавен огласот за примање волонтери и зошто на МНР му било потребно да ангажира волонтери?

Драгана Чуприна само еднаш се појавила во Министерството за надворешни работи, ни објаснија од канцеларијата за односи со јавноста, веднаш откако Плусинфо го објави првиот текстот во кој напишавме дека Чуприна волонтира во МНР, како што првично ни изјавија од МНР.

- Таа само изразила интерес дека сака да волонтира во МНР, не доаѓа на работа бидејќи нема основ за тоа, односно нема сè уште потпишано договор за волонтерство. Комисија треба да одлучи дали Чуприна ги исполнува критетриумите за да биде волонтер во МНР - ни објаснија од Министерството.

Драгана Чуприна до пред извесно време работеше како водителка во магазинот „Бегстејџ“ кој оди на јавниот сервис. Таа покрај манекенството, во 2011 година започна политичка кариера. На последните парламентарни избори, Чуприна беше на листата на ВМРО-ДПМНЕ во шестата, тетовско-гостиварска изборна единица. Не успеа да влезе како пратеник во парламентот, бидејќи нејзиното име беше ставено на 18-то место од вкупно 20 кандидати во таа изборна единица. Во тој период Драгана Чуприна беше дел од Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Во октомври лани Чуприна со своите млади сопартијци го прославуваше 5. октомври – Денот на насмевката, на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Импресивно CV е најбитно за успех во кариерата............. Поправка: врските, партиската книшка и парите се најбитни за успех во кариерата ;):)
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
881
Поени од реакции
923
Не го спорам правото било кој да гради кариера во државна служба.
Секој си одлучува за себе, како и човекот со „импресивно CV".
Само не ми е јасен мотивот - да го паузираш својот сопствен, и според CVто, успешен бизнис, заради државна служба, во период од животот кога си најмотивиран и најспособен.

Тоа не ми е воопшто јасно.
Како мислиш дека стигнал до успешен бизнис ?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Wow, паметно од твоја страна :D :vozbud:
Не мора да значи ако твоите идеи се доволно примитивни и непродуктивни, дека и моите се.
Btw - се гледа дека со бизнис областа и опкружувањата не си баш запознаена, па така да - не можеш на некој кој што го работи тоа, кој што успешно е во тоа повеќе од 10год, некој како тебе ќе каже НЕ БИВА, и ГОТОВО МОРА СИТЕ ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ.
Ако мислиш дека не те бива за бизнис пробај си ја среќата во ..... државно нешто :) во последно време сите сакааат таму. (y)
Кажи дали досега направи 1 000 000? По 100 000ки годишно со твоите напредни и продуктивни теории од прва година по 100 000 профит?
Батали ме мене кај се разбирам јас од бизнис. Еве ти се разбираш гледам. Па те има ли во списокот на милионери?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
После, не не' признаале, не не' е**але, ете кој ќе ви преговара за име......којзнае какво CV има оваа штом на вакво место се нагузила, веројатно слично со секретарката Јаначкович.....може држаава у 100 лепе да иде, не е незаслужено...

ОБНОВЕНО Манекенката Драгана Чуприна во дипломатскиот тим на МНР?

http://www.plusinfo.mk/vest/118345/OBNOVENO-Manekenkata-Dragana-Chuprina-vo-diplomatskiot-tim-na-MNR
повеќе од пола ја имаат пројдено ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom