јас ги имам сам направено со Microsoft Keyboard Layout и после си ја инсталирав само. ѐ и ѝ (мислам дека ги имаш и во Windows 7 кај копчето лево од з.Кирилицата е единствено писмо на македонскиот јазик. Да се пишува македонски со латиница е исто толку глупаво како да пишуваш англиски со кирилица.
Туку ми текна да прашам нешто слично: како да наместам е и и со надреден знак?
Претпоставувам дека зборувате за стандардизирана фонетска лексикографска (речничка) транскрипција (како што се на пример лексикографските фонетски транскрипции на Webster, Longman, Larousse, итн.) Таква за македонскиот нема.Ова не е баш онтопик, ама како храна за мисли: За да постои фонетски фонт, прво треба да има фонетска азбука. Македонскиот јазик, иако се кажува за фонетски, баш и не е таков. На пример, при изговорот на зборот кој се пишува „банка“ не постои „н“ туку глотално /ŋ/ како во walking, singing.
Никој досега не седнал и да ја напише фонетиката на македонскиот јазик. Срамота.
Затоа и не постои литературен изговор.
Иако не сум македонист, ја прифаќам критиката за срамот. Сум се занимавал професионално со општа и применета фонетика пред повеќе од 15 години. Додека бев во МК немаше ни рудиментарна опрема која е потребна за фонетска дескрипција ниту ескперти. Денес технички пречки нема, опремата за ваков проект би била смешно евтина и достапна -- се` што треба се компјутери, софтвер и опрема за снимање. Развојот на ASR одамна овозможува инстантна обработка и на сегменталните (фонемите) и на супрасегменталните (интонацијата, акцентирањето, итн.) компоненти на говорот. За да се направи валидна, саглам студија од овој тип, потребен е голем број испитаници и тим составен од лингвисти, ИТ експерти, физичари и медицинари. Ова е дефинитивно проект од национално значење и би требало да биде финансиран од МН и/или МАНУ. Не знам колку и дали се работи на ова. Јас одамна сум ангажиран на сосема други полиња во лингвистиката.вистина. меконепчени беа. срам + благодарам.
...е, сеа, откога признав, нели стварно е срамота што во 60 и кусур години македонскиот литератрен јјазик никој, никогаш не седнал и да го стандардизира изговорот на јазиков.
Баш срамота. Толку лингвисти (македонискти).