Се зависи од правилно формулиран закон за создавање на таков горен дом. За кого би се местеле изборите кога тие лица се бирани како поединци, не се дел од група или партија, а се со признати дела видени или кои можат да се објават на изборите. Не би можело да станат како сегашните затоа што не се во политички зависен однос со Владата (иако владата може приватно да им подарува поткупувачки бенефиции) и главната функција е да ги закочат негативните закони на власта. За владата, партијата на власт да влијае на горен дом, ќе треба да ги поткупи мнозинството - оние кои се докажале како најдоблестни, што е тешко изводливо.
Колку е остварливо внесување на таква измена во мк правно-политички систем не знам, но зборуваме за решение. Некој друг нека предложи нешто друго, подобро и поостварливо.