Има ли спас од партиите?

Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Со оглед на искажаните зборови и емоции очигледно власта нема да искаже барем делумно признавање на вината за технократски, арогантен, тесноград начин на владеење. Ниту може да се премине преку откриените дела и овој состав да остане на власт, уште помалку добропознатите претходни непокајани владетели од опозицијата имаат морално право за да ја превземат власта.
Мојот предлог овде, а разговарам и со други луѓе е создавање на Горен Дом составен од истакнати и докажани македонски граѓани и родољуби избрани на непосредни избори. Над одредена старост и без партиска функција или делување најмалку 15 години. Со оглед на квалитетните ставови погоре изнесени (МонаЛиза и Зони...) што мислите вие?
Јас прво, се сомневам дека воопшто можеш да најдеш такви истакнати и докажани личности кои не се партизирани и политизирани во нашето општество. Второ, не гледам можност, барем не во скоро време, да се организираат такви непосредни, фер и демократски избори пошто местењето избори веќе ни стана нормална работа. И трето, еве и доколку се формира таков дом и се изберат такви личности нели мислиш дека со тек на времето и тие ќе станат како сегашниве политичари?
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914

Се зависи од правилно формулиран закон за создавање на таков горен дом. За кого би се местеле изборите кога тие лица се бирани како поединци, не се дел од група или партија, а се со признати дела видени или кои можат да се објават на изборите. Не би можело да станат како сегашните затоа што не се во политички зависен однос со Владата (иако владата може приватно да им подарува поткупувачки бенефиции) и главната функција е да ги закочат негативните закони на власта. За владата, партијата на власт да влијае на горен дом, ќе треба да ги поткупи мнозинството - оние кои се докажале како најдоблестни, што е тешко изводливо.
Колку е остварливо внесување на таква измена во мк правно-политички систем не знам, но зборуваме за решение. Некој друг нека предложи нешто друго, подобро и поостварливо.
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Се зависи од правилно формулиран закон за создавање на таков горен дом. За кого би се местеле изборите кога тие лица се бирани како поединци, не се дел од група или партија, а се со признати дела видени или кои можат да се објават на изборите. Не би можело да станат како сегашните затоа што се во независна однос со Владата и главната функција е да ги закочат негативните закони на власта. За владата, партијата на власт да влијае на горен дом, ќе треба да ги поткупи мнозинството - оние кои се докажале како најнепоткупливи што е тешко изводливо.
Колку е остварливо внесување на таква измена во мк правно-политички систем не знам, но зборуваме за решение. Некој друг нека предложи нешто друго, подобро и поостварливо.
Повеќе сум за верзијата на Британија. Во долниот дом да се претставени граѓаните, а во горниот претставниците на власта. Донесувањето на законите би се одвивало во три фази: усвојување на предлог-закон во долниот дом, потврдување на предлог-законот во горниот дом и одобрување на предлог-законот од претседателот (што и не мора со оглед на тоа шо кај нас претседателот има повеќе претставничка функција). Така ќе се спречи и донесувањето на небулозни закони.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
@MonaLiza @sardaukar
Да се одбере најдобар начин на функционирање на власта во една држава е прашање за кое се интересирал уште Платон ( Сократ )
http://mk.wikipedia.org/wiki/Држава_(Платон)
Според мое мислење, нема одговор на ова прашање.
Општо е прифатено дека Владеењето на законите и Поделбата на власта е најдобар модел кој до сега се користел.
Но тој модел лесно може да се изроди во Хитлер или некаков „ мал Хитлер “, за што сме сведоци деновиве
Значи треба во секое време да бидеме подготвени да се бориме за принципот на Владеењето на законите и Поделбата на власта.
Постојано треба да очекуваме појавување на луѓе како Хитлер и слични и постојано треба да се бориме против такви.
Римската република не одолеала на диктаторите. Јас се надевам дека денешниве демократии ќе успеат во тоа
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Кај виде анархизам?
Не видов никаде анархизам, ама заедничко на оваа тема и на анархизмот им е што двете комотно можат да завршат во делот предвиден за фантастика.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Не видов никаде анархизам, ама заедничко на оваа тема и на анархизмот им е што двете комотно можат да завршат во делот предвиден за фантастика.
Еднаш анархизам, сега пак фантастика.
Да имавме малку повеќе верба и заложби за светла и праведна фантастика сега немаше да имаме тешко замислива мрачна фантастика!?
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Не видов никаде анархизам, ама заедничко на оваа тема и на анархизмот им е што двете комотно можат да завршат во делот предвиден за фантастика.
Општо земено, не е фантазија зашо постои некаде. Фантазија е за Македонија, како и се друго де...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
Повеќе сум за верзијата на Британија. Во долниот дом да се претставени граѓаните, а во горниот претставниците на власта. Донесувањето на законите би се одвивало во три фази: усвојување на предлог-закон во долниот дом, потврдување на предлог-законот во горниот дом и одобрување на предлог-законот од претседателот (што и не мора со оглед на тоа шо кај нас претседателот има повеќе претставничка функција). Така ќе се спречи и донесувањето на небулозни закони.
Британија има кралица...

Се зависи од правилно формулиран закон за создавање на таков горен дом. За кого би се местеле изборите кога тие лица се бирани како поединци, не се дел од група или партија, а се со признати дела видени или кои можат да се објават на изборите. Не би можело да станат како сегашните затоа што не се во политички зависен однос со Владата (иако владата може приватно да им подарува поткупувачки бенефиции) и главната функција е да ги закочат негативните закони на власта. За владата, партијата на власт да влијае на горен дом, ќе треба да ги поткупи мнозинството - оние кои се докажале како најдоблестни, што е тешко изводливо.
Колку е остварливо внесување на таква измена во мк правно-политички систем не знам, но зборуваме за решение. Некој друг нека предложи нешто друго, подобро и поостварливо.
имаше уште пред 30-на години, во Британија сакале да донесат реципроцитетен закон за царина на увоз на јапонски возила... На гласање во горниот дом гласал против еден, после се дознало дека тој се бави со увоз на јапонски возила...
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Британија има кралица...
Знам....ама зборам за Македонија т.е муабетот е демек можноста за воведување на горен и долен дом во нашиот парламент по Британскиот модел ама само во тој дел...претседателот го задржав ... така да не е као да не знам дека Британија има кралица, ипак фала на информацијата.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
имаше уште пред 30-на години, во Британија сакале да донесат реципроцитетен закон за царина на увоз на јапонски возила... На гласање во горниот дом гласал против еден, после се дознало дека тој се бави со увоз на јапонски возила...
Примерот не кажува многу. Никој не очекува совршенство. Пристрасноста, емотивна или материјално потхранета секогаш ќе ја има. Но да не превладее. Во сегашната правно-политичка поставеност пристрасноста немаше препрека и ја имаше без исклучок при секоја одлука каде свој интерес имала владеачката врхушка (независно за која партија се работи).
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.819
Поени од реакции
7.108
Освен предлогот за два дома, добро решение би било и гласање на отворени листи што значи гласаш за човек а не само партија
Што значи ќе си имаш работа со еден пратеник кој ќе те преставува за кого ќе гласаш
Доста е гласање за партија односно ние Битолчани да гласаме за носител на листа од Скопје, Кичево, Охрид итн...Па Битолчанецот би бил на пето или седмо место на листата а со тоа да не бидеме претставено во парламентот
Значи една изборна единица и листа од 123 предлози за пратеници од секоја партија или коалиција како и можноста за граѓански листи, па да гласаме за луѓе а не партии!
Се разбира пред да биде ова мора да имаме попис и да видиме колку сме а не како сега да победува двојче во Битола со 28000 гласови (30%)а реално градот нема повеќе од 60000 граѓани шо значи нема шанси да има толку гласачи и сите избори ги местат
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952

Видиш јас пак мислам сосем обратно од тебе. Сам човек без поддршка од партијата е безгласна буква. Реално што би можел тој човек да направи сам наспорти 120 други. Едноставно кажано ништо. Друга работа е кој ке ја сноси одговорноста ако ти си гласал за човек а не за паријата кога ке дојди време за нови избори. Само ке си ја префрлуваат топката. Башка што во секое време тој некој би имал право на сред мандат да ја напушти партијата и да си формира нова од само него познати причини затоа што иако за време на избори партијата застанала зад него да добие маднат, тој после има секакво право да рече дека народот го гласал него а не партијата и да си формира своја која реално на избори не би го ни поминал прагот за влез. Тоа се случувало и порано и затоа имаме милион партии и коалиции кои освен што се борат за некое директорско место немаат скоро никаков придонес во политиката. Едноставно како крлежи се закачени за главното јадро. Да не споменувам и други проблеми како многу нестабилни влади кои повеќе се грижат да го одржат мнозинството во парламентот угодувајќи им на помалите коалициони партнери отколку да носат одлуки во интерес на државата и народот кои ги избрал.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Освен предлогот за два дома, добро решение би било и гласање на отворени листи што значи гласаш за човек а не само партија
Што значи ќе си имаш работа со еден пратеник кој ќе те преставува за кого ќе гласаш
Доста е гласање за партија односно ние Битолчани да гласаме за носител на листа од Скопје, Кичево, Охрид итн...Па Битолчанецот би бил на пето или седмо место на листата а со тоа да не бидеме претставено во парламентот
Значи една изборна единица и листа од 123 предлози за пратеници од секоја партија или коалиција како и можноста за граѓански листи, па да гласаме за луѓе а не партии!
Се разбира пред да биде ова мора да имаме попис и да видиме колку сме а не како сега да победува двојче во Битола со 28000 гласови (30%)а реално градот нема повеќе од 60000 граѓани шо значи нема шанси да има толку гласачи и сите избори ги местат

Едно време се размислуваше и за таа опција, ама тоа очигледно не им одговара на партиите. Со моделот на отворени листи граѓаните ќе можат, освен за листата, да гласаат и за еден или неколку поединечни кандидати од неа. Партиите повторно ќе имаат можност да ги предложат кандидатите, но овој пат врската помеѓу граѓаните и нивните претставници во Собранието и во советите ќе биде посилна. Пратениците во овој модел би имале поголем легитимитет, нивната одговорност ќе биде најмногу насочена спрема граѓаните, би биле поблиски до нив и помотивирани да ги исполнат своите ветувања. Проблемот е што води кон создавање на фракции во партиите и кон купување гласови. Е сега, купувањето гласови е присутен феномен и во сегашниот систем, ништо ново, ама на ниедна партија не и одговара да има фракции во свои рамки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom