Има ли реално некаква ТРЕТА ОПЦИЈА?

D

Deleted member 12196

Гостин
Многу работи пишуваш ама ништо не кажуваш. Како ги исплука како они да имаат 50+ пратеници во влада.
Зарем тие не ги донесоа сегашниве 50 пратеници во влада? Единствена желба им беше „режимот“ да падне, па донесоа уште полош режим. Затоа имаат иста одговорност колку и сегашната влада која е тука благодарение на нив.
Или грешам?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.100
Добро ај да одиме вака со ред.

Што и фали на Левица ?
вакви се најсателитски, како пинг понг. Лично немам ништо со нив ниту против нив, но како избор некои информации кажуваат друго
Прво ова

па ова


Од 1991 наваму, на сите избори досега е докажано дека малите партии се прирачни алатки на големите кои се збогатија во транзицијата. Или наводно се одвојуваат фракции кои понатаму "работат на случајот". Треба да се помириме со фактот дека трета опција/страна не постои во Македонија. И да постои, брзо ќе падне во мрежа на криминал и корупција.
Tertium non datur
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.187
Поени од реакции
18.002
Зарем тие не ги донесоа сегашниве 50 пратеници во влада? Единствена желба им беше „режимот“ да падне, па донесоа уште полош режим. Затоа имаат иста одговорност колку и сегашната влада која е тука благодарение на нив.
Или грешам?
Абе како викаат, заебиме еднаш срам да ти е, заебиме два пати срам да ми е.

Останување на власт на ДПМНЕ во 2016 небеше решение. И сега после сите овие години падна маските и го видовме нивното лицемерие.

Така да борбата на Левица во шарената револуција е целосно легитимна, и негласање за СДСМ во 2016 е без врска затоа што како вика Тимоние, десет фамилии ја раководат Македонија, дали биле ДПМНЕ или СДСМ исто ти е.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Абе како викаат, заебиме еднаш срам да ти е, заебиме два пати срам да ми е.
Има уште.
Заеби ме трет пат, тотален идиот сум.
Останување на власт на ДПМНЕ во 2016 небеше решение. И сега после сите овие години падна маските и го видовме нивното лицемерие.
Останување на власт на ДПМНЕ не беше решение, ама доаѓање на власт на СДС излезе уште полошо решение. ДПМНЕ крадеше, ама барем нешто и градеше, СДС само крадеше, ништо не градеше. Името и идентитетот да не ги спомнувам.
Така да борбата на Левица во шарената револуција е целосно легитимна, и негласање за СДСМ во 2016 е без врска затоа што како вика Тимоние, десет фамилии ја раководат Македонија, дали биле ДПМНЕ или СДСМ исто ти е.
Каде беше овие години Левица? Зошто не поведе нова борба? Ако во 2016 година нивната борба била легитимна, во 2018 ќе беше уште полегитимна.
Инаку за десетте фамилии се согласувам. Мафијата си има своја држава.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.643
Поени од реакции
5.318
Двете големи партии, еве веќе успешно 30 години успешно си ја менуваат власта, и доста успешно и заеднички ја гаснат и санираат секоја мала искра за трета опција.. И тие трети опции што беа досега, беа инсталации од првиве две за да му се наштети на другиот..Со овој изборен модел, тешко е да се верува дека би имало силна трета опција..Можеби некоја мала партија ќе успее сама да влези впарламент со 1-2 пратеника, но не и повеќе.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.313
Поени од реакции
7.450
Нема трета опција, сите опции произлегуваат од народот, ние како народ кога ќе влеземе во политика сме со една мисла "како побрзо да се збогатиме и како повеќе да вработиме блиски луѓе''. Кај нас нема паметни и чесни луѓе бар не сеуште и веројатно ќе треба да се сменат уште најмалку 3 генерации за да има некој напредок.

Вака мора да се помириме со ситуацијата или да се отселиме од државата.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.187
Поени од реакции
18.002
ДПМНЕ крадеше, ама барем нешто и градеше, СДС само крадеше, ништо не градеше.
Ова ти сериозно :)

Мислам неќам да ги бранам овие на власт, затоа не ни сакам да терам со бројки на хартија, за невработенсот, за плати, за бизнис итн. оти тука не се нешто поарни ДПМНЕ.

А и ако одиме по таа логика од Љубчо, крадевме, ама имаше за народот, и плус беше либерален како овие што беа досега, тогаш е тој најдобар избор, па ако не за него да гласаме.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Зарем тие не ги донесоа сегашниве 50 пратеници во влада? Единствена желба им беше „режимот“ да падне, па донесоа уште полош режим. Затоа имаат иста одговорност колку и сегашната влада која е тука благодарение на нив.
Или грешам?
Јас би рекол дека грешиш. Ниту беа ниту се значителен фактор. Инаку не знам што си ставил под наводници и ВМРО беа режим и СДСМ се режим.

Демократија со сила не бива. Може слободно да се каже исто срање и малку различно паковање.

Конкретно за шарената револуција иако беше потребна за жал јасно беше дека САД и ЕУ имаат замешано прсти и они беа главни спонзори, а крајната цел беше влез на Македонија во НАТО по секоја цена.

Ова во превод значеше промена на името.

П.С Активисти имаше од секаде кој за интерес кој за идеологија, лично не увидов дека Левица имаа некое позначајно влијание од други партии/поединци.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Прво и основно треба да се замислиме сериозно за фактот што секој интелектуалец со особини од типот: про-европски и демократски ориентиран, стручен во својата област... или било како да го наречеме... небитно, а ПОСЕБНО младината која покажала просечен и надпросечен капацитет и потенцијал да биде дел од идниот политички, законодавен и извршен кадар што има шанса да ја крене државава на нозе, и достоинствено со аргументи да ги брани интересите на народот.... веќе ја напуштиле, ја напуштаат или се спремаат да ја напуштат оваа држава.

Од тука се поставува прашањето колку способни луѓе постојат за да формираат и одржат една таканаречена - трета опција, која прво треба да извојува битка против 3 декадниот политички монопол на ВМРО и СДСМ во комбинација со албанскиот блок.

Или со народни зборови, дајте да се преброиме колку деца сме, што сме и колкави (теоретски) шанси и капацитет имаме пред се да ја победиме опшествено-политичката олигархија која има метастазирано во буквално секој аспект на управувањето со државава.

Ако размислуваме реално и логички, ако ги земеме во предвид досегашните статистички податоци... шансите во скоро време да процути некаква 3та опција се прилично мали. Да не речам, непостоечки.

Ја спомнавте Левица која дава некакви сигнали во обид да се реализира горенаведеново, но тоа повеќе наликува на "просење" и лажна надеж.
А наместо тоа, треба да дискутираат за драстични мерки кои треба да бидат имплементирани на терен и во сржта на проблемов, а не површно да се декорира тортата која гние од внатре.

Не сакам да звучам песимистички, но мое лично мислење е дека единствен излез од оваа ситуација е прво да се поработи на случајот од аспект овие две политички структури (гиганти) ВМРО и СДСМ да се растурат/расцепкаат на голем број помали субјекти, и практично да се отвори простор да можат на сцена да се појават и помали партии кои подоцна би се групирале и коалицирале врз база на конкретни идеолошки и програмски визии, во интерес на народот и државата.

Ако се можело да се направат драстични уставни промени со цел да се задоволат некои "европски вредности" за продажба на државава, двојазичности и други примери, тогаш МОРА да може и правно да се регулираат овие измени во законот за избори, односно наместо постоечките 10.000 потписи за формирање на политичка партија (ако не се лажам за бројката) да се стави една далеку помала бројка која ќе инспирира и овозможи да никнат помали политички структури со сопствени агенди - независни од другите.
Нормално, вака на хартија (со зборови) изгледа едноставно.. но за ова да се оствари потребна е силна и цврста желба/борба, потребен е опшествено-вредносен апгрејд кај генерацииве што доаѓаат, потребна е промена во едукативната програма низ наставниот систем, и се надевам ме разбирате на каде се движи моето размислување... Потребна е ментална (р)еволуција кај просечниот Македонец за да свати дека само и само со "улична" борба, "формат и рестарт" на системот, и невидена упорност и истрајност може да се постигне некаков ефект врз ова што ни се случува од кога постоиме како "независна" држава.

Не гледам друга алтернатива, не гледам план Б Ц Д, не гледам светло на крајот од овај бесконечен тунел, за жал.
 
Последно уредено:

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Пак тој проблем. Проблемот е во нас гласачите, ''паметните'' не излегуваат да гласат нив не ги интересира ништо, тука е проблемот, ако излеземе со огромна бројка тогаш ке ги смениме овие нубови од влас, ама само кукаме по портали и тагираме кој би биле подобри.

Македонски концепт на Петар Богојески не е лош избор.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Јас најверојатно ќе гласам за Интегра. Сдсм и Вмро и Левица ми се премногу леви. Остануваат Интегра и Единствена Македонија. Единствена се проруски така да најлогична опција е Интегра. Може има и некоја подесна партија ама ме мрзи да ја барам. Не очекувам Интегра да освои парламентарно столче целта ми е да ги замислам политичарите да прекинат со левичарските потези. Во основа Интегра е најблиску до она за што мислам дека е најдобро за Македонија. Еден глас е малку ама ај симболично нека е.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.187
Поени од реакции
18.002
Јас најверојатно ќе гласам за Интегра. Сдсм и Вмро и Левица ми се премногу леви. Остануваат Интегра и Единствена Македонија. Единствена се проруски така да најлогична опција е Интегра. Може има и некоја подесна партија ама ме мрзи да ја барам. Не очекувам Интегра да освои парламентарно столче целта ми е да ги замислам политичарите да прекинат со левичарските потези. Во основа Интегра е најблиску до она за што мислам дека е најдобро за Македонија. Еден глас е малку ама ај симболично нека е.
Добро и така ја спомна, ајде да видиме што мислите за Интегра?

Мислам можеме да ги поминиме сите вака, има време до 12 април шо ќе прајме друго :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom