Има ли реално некаква ТРЕТА ОПЦИЈА?

Член од
29 декември 2007
Мислења
555
Поени од реакции
1.281
Третата опција отсекогаш постоела и таа се повеќе победува. Се вика иселување од земјата.

Шегата на страна, можеби со време, кога заради иселување нема веќе невработеност и така се намалат клиентелистичките притисоци, кога ќе има поширока средна класа која е професионална и не зависи од кој и да е на власт (нпр како што се денеска програмерите) и ќе бара некаква минимум функционалност , кога ќе изумрат генерациите кои се најактивни во гласања а не се активни по социјални медиуми и информациите ги добиваат пред се од телевизија, без интеракција, кога диаспората која е далеку побразована сега од пред 30 години ќе почне поактивно да помага, откако испадна дека ДПМНЕ е фарса и дека на нас ни треба пред се системска промена.

Она што е најотрзнувачки е тоа што до сега се сметаше дека меѓународната заедница ќе ни помогне кон реформите. Сега гледаме дека се додека правиме работи во нивен интерес, нив воопшто не ги интересира кој е на власт и на кој начин се владее. Што значи сите реформи треба да дојдат првенствено од нас, внатрешно, без помош од надвор (освен можеби диаспората). Мислам дека коначно постои општествен консензус каде е проблемот во државата, односно немање на правна држава е извор на корупција и сите други невољи (како нпр гангстерскота промена на името), прашањето е како тоа се направи. Или да се чека долго време да се случи горе наведено, односно промените да почнат да случуваат од дното нагоре, или спротивно, да дојде на власт некој со доволна визија и интегритет да направи промени од горе надолу. Само тој човек треба да биде вистински Баш Челик да не потпадне под коруптивните искушенија од нашата "елита".
Така да поверојатно е првото, ама за тоа ќе треба време, пар децении. Било какво средно решение , т.е. каде сегашниве курто-мурто партии ( па макар имало и некоја партија досега невидена) ќе туркаат некаква реформа на системот се со речиси нула веројатност.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Добро и така ја спомна, ајде да видиме што мислите за Интегра?

Мислам можеме да ги поминиме сите вака, има време до 12 април шо ќе прајме друго :)
Интегра е дпмневци во чужбина.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.121
Поени од реакции
28.870
Се искршија крадејќи сите опции, само да се напикаат у парламент па местење тендери, непотизам на секое ниво во државното уредување...без разлика кој колку е способен, закон не ги фаќа никако...абе треба да молат да отидеш да гласаш бе.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.553
Поени од реакции
26.062
Постои трета опција, да ги канализира оние кои се незадоволници од двете опции. Ако можат да се наречат опции. Во даден момент, таа трета опција се припојува кон едната или кон другата страна.

Друг вид на трета опција се оние партии ко онаа на Рада Шеќерова, која служи за развлекување на гласовите...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Постои трета опција, да ги канализира оние кои се незадоволници од двете опции. Ако можат да се наречат опции. Во даден момент, таа трета опција се припојува кон едната или кон другата страна.

Друг вид на трета опција се оние партии ко онаа на Рада Шеќерова, која служи за развлекување на гласовите...
Значи хипотетички да речам ако некоја трета партија влегува во предизборна или постизборна коалиција со власта или опозицијата таа стекнува влијание. Ако стои сама секогаш најверојатно нема да има никакво влијание. Сега колку се активни и самостојни и влијателни во поголеми коалиции тоа е прашање на успех на третата партија.
Но ние како граѓани индивидуалци со 1 глас не сем битен фактор во политиката. Дури и целосно занемарлив...
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.307
Поени од реакции
7.442
Јас најверојатно ќе гласам за Интегра. Сдсм и Вмро и Левица ми се премногу леви. Остануваат Интегра и Единствена Македонија. Единствена се проруски така да најлогична опција е Интегра. Може има и некоја подесна партија ама ме мрзи да ја барам. Не очекувам Интегра да освои парламентарно столче целта ми е да ги замислам политичарите да прекинат со левичарските потези. Во основа Интегра е најблиску до она за што мислам дека е најдобро за Македонија. Еден глас е малку ама ај симболично нека е.
А ТМРО на Шехтански?
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Многу е лесно. Идеш и гласаш за Левица.
(тоа е сеа најблиску до трета опција)
Левицата не е трета опција тие се како сдсс хунта и се е планирано од калето еве што гледам, истата финта во србија кое има трета опција како левица а тоа се Двери , по мое мислење сите се исто г**но сепак во вакви тешки времиња се бира помало зло а тоа е Мицика па ќе видиме што ќе направи а ако не неправи ништо, е тогаш наредните избори сите на бојкот инаку ако сега на бојкот тогаш гарант пак сдс хунта ќе биде на власт наредните 15 години исто како примерот во Албанија Рама патикарот скоро 15 г е премиер па размилси малку и анализирај по примери од соседството.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
А да почекаме малку и да видиме кој со кого ќе коалицира?
Можеби тие Левици, Десници, Интегри, Македонски концепти и слични ќе се здружат па ќе бидат фактор со 1-2 пратеника. Ги имаме уште ДОМ, ГРОМ, демократски партии на Турци, Срби, Роми, Власи... Да видиме кои од нив ќе останат во старите коалиции, кои ќе ја променат коалицијата, кои ќе излезат од коалицијата и ќе настапуваат самостојно. Но како се одвиваат работите во Македонија, и овие сегашниве мини партии ќе се приклучат на некоја од постоечкиве коалиции. Изборот пак ќе биде меѓу змијата и магарето.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Прво и основно треба да се замислиме сериозно за фактот што секој интелектуалец со особини од типот: про-европски и демократски ориентиран, стручен во својата област... или било како да го наречеме... небитно, а ПОСЕБНО младината која покажала просечен и надпросечен капацитет и потенцијал да биде дел од идниот политички, законодавен и извршен кадар што има шанса да ја крене државава на нозе, и достоинствено со аргументи да ги брани интересите на народот.... веќе ја напуштиле, ја напуштаат или се спремаат да ја напуштат оваа држава.

Од тука се поставува прашањето колку способни луѓе постојат за да формираат и одржат една таканаречена - трета опција, која прво треба да извојува битка против 3 декадниот политички монопол на ВМРО и СДСМ во комбинација со албанскиот блок.

Или со народни зборови, дајте да се преброиме колку деца сме, што сме и колкави (теоретски) шанси и капацитет имаме пред се да ја победиме опшествено-политичката олигархија која има метастазирано во буквално секој аспект на управувањето со државава.

Ако размислуваме реално и логички, ако ги земеме во предвид досегашните статистички податоци... шансите во скоро време да процути некаква 3та опција се прилично мали. Да не речам, непостоечки.

Ја спомнавте Левица која дава некакви сигнали во обид да се реализира горенаведеново, но тоа повеќе наликува на "просење" и лажна надеж.
А наместо тоа, треба да дискутираат за драстични мерки кои треба да бидат имплементирани на терен и во сржта на проблемов, а не површно да се декорира тортата која гние од внатре.

Не сакам да звучам песимистички, но мое лично мислење е дека единствен излез од оваа ситуација е прво да се поработи на случајот од аспект овие две политички структури (гиганти) ВМРО и СДСМ да се растурат/расцепкаат на голем број помали субјекти, и практично да се отвори простор да можат на сцена да се појават и помали партии кои подоцна би се групирале и коалицирале врз база на конкретни идеолошки и програмски визии, во интерес на народот и државата.

Ако се можело да се направат драстични уставни промени со цел да се задоволат некои "европски вредности" за продажба на државава, двојазичности и други примери, тогаш МОРА да може и правно да се регулираат овие измени во законот за избори, односно наместо постоечките 10.000 потписи за формирање на политичка партија (ако не се лажам за бројката) да се стави една далеку помала бројка која ќе инспирира и овозможи да никнат помали политички структури со сопствени агенди - независни од другите.
Нормално, вака на хартија (со зборови) изгледа едноставно.. но за ова да се оствари потребна е силна и цврста желба/борба, потребен е опшествено-вредносен апгрејд кај генерацииве што доаѓаат, потребна е промена во едукативната програма низ наставниот систем, и се надевам ме разбирате на каде се движи моето размислување... Потребна е ментална (р)еволуција кај просечниот Македонец за да свати дека само и само со "улична" борба, "формат и рестарт" на системот, и невидена упорност и истрајност може да постигне некаков ефект врз ова што ни се случува од кога постоиме како "независна" држава.

Не гледам друга алтернатива, не гледам план Б Ц Д, не гледам светло на крајот од овај бесконечен тунел, за жал.
Се е во ред за пишаното (кажаното) но сето тоа да се оствари треба првин мора да падне сдс односно пасокизација а дпмне да добие барем 60 пратеници за да видиме реалната слика што понатаму ама за жал има многу закоравени сдс гласачи што немаат памет.


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Се е во ред за пишаното (кажаното) но сето тоа да се оствари треба првин мора да падне сдс односно пасокизација а дпмне да добие барем 60 пратеници за да видиме реалната слика што понатаму ама за жал има многу загоравени сдс гласачи што немаат памет


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
А што ќе добиеме со 60 пратеници од ДПМНЕ ?
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
А што ќе добиеме со 60 пратеници од ДПМНЕ ?
Како што кажав да видиме реална слика на дпмне за точно какви се ај попосле ќе ви објаснам во ова тема за да читаат сите пошо сега сум зафатен .


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom