Прво и основно треба да се замислиме сериозно за фактот што секој интелектуалец со особини од типот: про-европски и демократски ориентиран, стручен во својата област... или било како да го наречеме... небитно, а ПОСЕБНО младината која покажала просечен и надпросечен капацитет и потенцијал да биде дел од идниот политички, законодавен и извршен кадар што има шанса да ја крене државава на нозе, и достоинствено со аргументи да ги брани интересите на народот.... веќе ја напуштиле, ја напуштаат или се спремаат да ја напуштат оваа држава.
Од тука се поставува прашањето колку способни луѓе постојат за да формираат и одржат една таканаречена - трета опција, која прво треба да извојува битка против 3 декадниот политички монопол на ВМРО и СДСМ во комбинација со албанскиот блок.
Или со народни зборови, дајте да се преброиме колку деца сме, што сме и колкави (теоретски) шанси и капацитет имаме пред се да ја победиме опшествено-политичката олигархија која има метастазирано во буквално секој аспект на управувањето со државава.
Ако размислуваме реално и логички, ако ги земеме во предвид досегашните статистички податоци... шансите во скоро време да процути некаква 3та опција се прилично мали. Да не речам, непостоечки.
Ја спомнавте Левица која дава некакви сигнали во обид да се реализира горенаведеново, но тоа повеќе наликува на "просење" и лажна надеж.
А наместо тоа, треба да дискутираат за драстични мерки кои треба да бидат имплементирани на терен и во сржта на проблемов, а не површно да се декорира тортата која гние од внатре.
Не сакам да звучам песимистички, но мое лично мислење е дека единствен излез од оваа ситуација е прво да се поработи на случајот од аспект овие две политички структури (гиганти) ВМРО и СДСМ да се растурат/расцепкаат на голем број помали субјекти, и практично да се отвори простор да можат на сцена да се појават и помали партии кои подоцна би се групирале и коалицирале врз база на конкретни идеолошки и програмски визии, во интерес на народот и државата.
Ако се можело да се направат драстични уставни промени со цел да се задоволат некои "европски вредности" за продажба на државава, двојазичности и други примери, тогаш МОРА да може и правно да се регулираат овие измени во законот за избори, односно наместо постоечките 10.000 потписи за формирање на политичка партија (ако не се лажам за бројката) да се стави една далеку помала бројка која ќе инспирира и овозможи да никнат помали политички структури со сопствени агенди - независни од другите.
Нормално, вака на хартија (со зборови) изгледа едноставно.. но за ова да се оствари потребна е силна и цврста желба/борба, потребен е опшествено-вредносен апгрејд кај генерацииве што доаѓаат, потребна е промена во едукативната програма низ наставниот систем, и се надевам ме разбирате на каде се движи моето размислување... Потребна е ментална (р)еволуција кај просечниот Македонец за да свати дека само и само со "улична" борба, "формат и рестарт" на системот, и невидена упорност и истрајност може да се постигне некаков ефект врз ова што ни се случува од кога постоиме како "независна" држава.
Не гледам друга алтернатива, не гледам план Б Ц Д, не гледам светло на крајот од овај бесконечен тунел, за жал.