НЕ! Иако нема врска со муда муабетов. Јас сум неодлучна - и кога купувам леб се мислам 5 минути каков да земам, кога сум заљубена секогаш се преиспитувам дали е тоа тоа дури и по долго време, кога физички ќе ми се присвиѓа некој друг ставам на кантар и си пресметувам... Едноставно така функционирам... Знаејќи се, пред брак ќе ме фати паника, ќе почнам да трипам за тоа како можеби не е тоа љубов и како можеби ја правам најголемата грешка... И ќе се замарам и ќе тупам и ќе мислам на тоа целиот месец пред бракот
И ако се „затрескам“ во некој тоа ќе биде само за да си ја „олеснам“ одлуката. Сепак, сметам дека после куп поминати години со некој, веќе ќе си ја имам потврдено љубовта... Не можам да поверувам дека одненадеж ќе дознаам дека сум била во заблуда