ми се има, еднаш...и сабајлето кога се разбудив во кревет, пола саат се мислев како сум стигнала таму, зошто не ми текнуваше кога сум легнала и кога станав гледам и мсн уклучено и ни еден разговор од вечерта не беше затворен. xD
абе ми се приспива океј...ама да заспијам никако....едноставно неможам да заспијам пред компјутер...ми фура од вратата од тераса пошто ќе треба на тепих да легнам
Уфф... заспивам и те како. Уште од средно навика ми е кога ќе ми се приспиеше да се наместам така згодно... со рацете на маса... и една партија доообро спиење да удрам. Така и пред компјутер, а ми се приспие, ќе ја поттргнам тастатурата, рацете на биро, главата на раце и ZzZzZz Party jea:
Не, едноставно нели - неможам. Глупа ми е самата помисла да спијам пред комјутер кога на два метри имам убав кревет и можам да спијам како нормален чоек.
Сум спиел и тоа цела ноќ, си платив Nightmare во Инсомниа 1 у железничка, претходно бев на свирка у Кастро па немаше шо да праам и се качив горе до Инсомниа демек Кантерче да пукнам и од 02:00 па до 06:00 шо убаво се наспав, и таман си го фатив автобусот за Кавадарци уште сабајле:music3::icon_bigg
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.