Масони, розенкројчери и илуминати
Првиот запис за интелектуалците, масоните или слбодните ѕидари, припадниците на таканаречениот "невидлив колеџ", потекнува од 17-тиот век, а дури во 1717 година четири масонски лози се соединуваат во една голема лоза, предвидена за современа и нова елита во која наводно се приклучиле и витезите-темплари.
Иако веќе со години се повикуваат како одговорни за американската и француската револуција (помеѓу нивните членови биле и Бенџамин Франклин, претседателот Џорџ Вашингтон и француските просветители Дидерот и Волтаир), и покрај својата импресивна листа на членови, нивното делување не е политичко. Исто така не се ниту секта, ниту имаат некаква религиозна поврзаност, а не е докажано ни нивното сатанистичко делување како ни поданоста на Луцифер.
Факт е дека секој нивен член мора да биде верник, но тука да престане неговиот интерес за религиозната определба. Сепак, примерот каде што масоните делувале револуционерно се италијанските карбонари, потомците на масонското собрание кои се бореле за обединување на Италија. Масоните биле организирани според масонските принципи, со тајни организации, строги правила и тајни закони.
Слободните ѕидари многу често ги поврзуваат со други тајните друштва како што се розенкројчери и илуминати, кои се дефинираат како внатрешни кругови на масоните. Први во своите манифести користат промовирање на езотерична философија, каде зборуваат за братство кое работи за човештвото, а против сите расипани установи. Многу луѓе што работеле за "прљави" установи, незадоволни од нивната матична организација преминале во масоните.
Помеѓу луминатите најприметно е делувањето на баварските илуминати, полумасонска група создадена од слободни мислители и републиканци, кои исто така зборувале за поквареноста и неморалот на црквата и нејзината институција. Во 1785 година баварската влада го забранува дејствувањето на илуминатите, но легендата за нивното делување никогаш не е згаснато и тие делуваат и до ден денес.
Масонството со сигурност претставува клуб за елитата, а се смета дека нивниот број моментално е од 600.000 во Италија и 3,5 милиони во САД. Денес на нив се гледа како на бенигна заедница која работи на општо просветлување на своите членови и создавање на корисни пријателства.