Изморен од објаснување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Ахахахаха!!! Ме пресмеа воведниот пост.
Кој си бе ти друже па што си постојано во право?
Кој побарал помош од тебе за да ѝм го тупиш дека треба да следат некакви норми и правила?
Од каде ти знаеш што е нормално а што не?
Ти си ѝм го покажувал патот кон успехот и резултатите? Кој си ти и што ти имаш постигнато у животот?
Повеќе се грижиш некој со својот начин на живот да не е штетен кон системот и државата, отколку да живее онака како што сака? У влада работиш?
Тие твои идеи кои ги спомињаш, се во врска со некакво реално подобрување на животот, или само обид да наметнеш твој систем на мислење врз другите?

Најди начин да се справиш со комплексот на господ кој го имаш. Опасен е и води кон социјална изолација и психичко оштетување.
Не може ти да знаеш што е добро за другите. Не си ти светец чија должност е да го спасува секој кој го познава. Пошто времето е прекратко за да го губиш во просветлување на другите. Еден ден ќе се разбудиш и ќе ги видиш сите кои „биле во криво“ како успеале у животот, а ти уште ќе дрнкаш за норми, правила, систем, држава. И најболното е кога вистината ќе те лупне од земја и ќе сфатиш дека све што те учеле за систем, норми и слични срања е само оружје за осакатување на амбицијата и патот кон успехот.

Ја разбирам некој кој ти е близок да има проблеми со алкохол, дрога, насилничко однесување и сл., па да сакаш да помогнеш, ама све надвор од тоа е самобендисаност. А луѓето бегаат од такви.
Не би сакал да навлегуваме во понатамошно дискусии во оваа насока затоа што сериозно ќе избегаме од темата.

Но, претпоставувам дека не го разбрал уводот на темата. Мојата цел не е да им го покажам патот на другите. Проблемот е што и кога самиот си одиш по сопсвтвениот пат ќе се јави некој кој што не се согласува со тебе и со сите механизми ќе сака да ти го измрда сопствениот пат. Е тука е проблемот.

Тука се јавува потреба да објаснуваш зошто ти така правиш, која е причината и слично. Што имам јас да се објаснувам за мојот пат?

А, од друга страна секојдневно во животот се соочуваш со еден куп обврски кои што бараат заеднички пристап и тимска работа. Пробај да завршиш една таква со некој багабонт што го боли кур за се - па ќе видиш колку можеш да објаснуваш.

А, за тоа кој колку е успешен, ај да не ја отвараме таа тема :)
 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Не би сакал да навлегуваме во понатамошно дискусии во оваа насока затоа што сериозно ќе избегаме од темата.

Но, претпоставувам дека не го разбрал уводот на темата. Мојата цел не е да им го покажам патот на другите. Проблемот е што и кога самиот си одиш по сопсвтвениот пат ќе се јави некој кој што не се согласува со тебе и со сите механизми ќе сака да ти го измрда сопствениот пат. Е тука е проблемот.

Тука се јавува потреба да објаснуваш зошто ти така правиш, која е причината и слично. Што имам јас да се објаснувам за мојот пат?

А, од друга страна секојдневно во животот се соочуваш со еден куп обврски кои што бараат заеднички пристап и тимска работа. Пробај да завршиш една таква со некој багабонт што го боли кур за се - па ќе видиш колку можеш да објаснуваш.

А, за тоа кој колку е успешен, ај да не ја отвараме таа тема :)
Па ова што сега го кажуваш е сосема различна теза од таа во воведот.
"Изморен од објаснување" - сте се нашле некогаш во ваква ситуација?

Момент кога буквално ви е преку глава да им објаснувате на луѓето дека постојано сте во право, да ги убедувате на некои позитивни норми и правила да се обидувате да им докажете дека тоа што го прават не е нормално.

Секојдневно да им го покажувате патот кон резултатите и успехот, затоа што со нивното однесување се штетни за околината, за системот и за државата...

Дали ви се случило да ви дојде идеја да ги спакувате куферите и да си заминете од тука, за да барате некоја нова средина за функционирање каде што вашите идеи ќе бидат повреднувани и поценети. Со еден збор ќе бидете поразбрани.

Јас да, за жал. И решение?
Ти, како што гледаш, во воведниот пост никаде не спомнуваш дека потребата да се објаснуваш е заради тоа што некој сака тебе да те измести од твојот пат. Правиш замена на тези за да се оправдаш и да покажеш и тука дека ти си во право.

Ако пак јас не гледам во првиот пост каде тоа ти кажуваш дека некој намерно се обидува да те измести од сопствениот пат, а другите гледаат, ќе ти се извинам понизно, ќе погазам се што сум рекол и ќе заминам од темата.
 
I

izotop

Гостин
Сите муабети нека ти се вртат околу фудбал кошарка и не/фатени ливчиња и немаш гајле. Ниту објаснување ниту караници ќе имаш.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
Во ред е да се има страв тоа е нормално но некои особено блиските другарки ме нервираат кога се скептици и живеат во страв. Значи порано бев така добро понаивничка и се им кажував. Секогаш добив некои контра ефекти од муабтетот. Наместо да се охрабрам и мотивирам јас се разочарував и обесхрабрував уште не започната во работата. Сфатив и Решив после некое време се за мене да задржам во врска со моите планови и размислувања. Ако ми треба совет само отприлика како муабет ја терам темата инаку како дирекно да се исповедам повеќе не. Доста ми е од "како може така да размислуваш" " нема шанси да успее" " со твоите мислења до никаде нема да стасаш". Се разбира дека се она што го планираме или имаме некоја блага визија може да не се исполни но немора да ме судиш или да ме прекоруваш ако јас размислувам на тој начин. Ако можеш помогними или поддршка дај ми или ако тоа не го разбираш што го сакам јас не го суди.

Ако знаеш повеќе од мене ќе си бил/а повеќе од мене
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.293
Поени од реакции
78.949
У принцип, иам откриено неколку ефективни лајф-хакови, што никој не гледам дека ги знае. Таквите работи, мое е да ги споделам со другите, а не да се грижам дали они ќе ги применат или не, колку и да е очигледно дека така е исправно да се прави.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А бе никој не се замара бе, никој никогаш не е напнат од никого, ќути, седи си...

До никого не допираат енергетски вампири што замараат. Никогаш на факултет или на работа кога требало да се заврши работи и некој друг ја зезнал работата и кога сте се обиделе да укажете на направените грешки и кога со цел памет ве прават будала во здрав мозок, сите реагирате лагодно, нa сите им е ок, уопште не сте изнервирале, ниту реагирате.

Што убаво, фино.
А кога ќе излезеш во реален живот, бројката на луѓе напукани со негативна енергија за тие работи ги преминува и надминува сите рекорди.

Не се објаснувале на никого. Да видам колку нема да се објаснувате на шефовите или раководителите кога вие сте одговорни за нешто, а некој друг ја зенал работата и тоа откако сте му укажале 100 пати што треба да биде направено.
 
D

Dynamo

Гостин
Има некои инат луѓе, не им објаснувам, им викам дека е така, што ќе постигнат со тоа ?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
И јас често се чувствувам „ изморен од објаснувања “ - но ми е жал што е така - не смеам да бидам „ изморен “

Ќе објаснам со пример:
Општо е прифатено мислењето дека исклучените од Топлификација се виновни за астрономските сметки на приклучените.
Имам еден познат, Тој е еден универзитетски професор во пензија, едно време се очекувало да го примат во МАНУ, значи еден многу образуван човек.
Тој живее во блоковите на Градкиот ѕид, на најгорните катови и за затоплување својот стан од 120 квадрати им плаќа на хохштаплерите од Топлификација 9,5 илјади денари месечно
И тој ми објаснува дека тоа е последица од исклучените. Имено, во неговата зграда, од 24 стана 5 се исклучени. Тој порано за истиот стан плаќал нешто преку 3 илјади денари, а сега, кога овие се исклучиле, плаќа три пати повеќе, 9,5 илјади.
Јас ко прашав, дали си ти „ со сите “? Како може петорица, кои живеат 250 квадрати, за 3,5 пати да ги покачат смеките на останатите 19 кои живеат во 1500 квадрати?.
Тој ме погледа, поцрвене и ништо не рече
Но забележав дека од тоа време ме избегнува.
Можеби требеше убаво да му објаснам - но очигледно сум изморен од објаснувања.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom