Изморен од објаснување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
"Изморен од објаснување" - сте се нашле некогаш во ваква ситуација?

Момент кога буквално ви е преку глава да им објаснувате на луѓето дека постојано сте во право, да ги убедувате на некои позитивни норми и правила да се обидувате да им докажете дека тоа што го прават не е нормално.

Секојдневно да им го покажувате патот кон резултатите и успехот, затоа што со нивното однесување се штетни за околината, за системот и за државата...

Дали ви се случило да ви дојде идеја да ги спакувате куферите и да си заминете од тука, за да барате некоја нова средина за функционирање каде што вашите идеи ќе бидат повреднувани и поценети. Со еден збор ќе бидете поразбрани.

Јас да, за жал. И решение?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Секој ден ми паѓа таа идеја на памет.

Луѓето не знаат да комуницираат веќе. Секој обид добронамерно да им посочиш каде прават грешки го прифаќаат со накострешеност, мислат дека си им љубоморен, удираат со глава во ѕид, па така веќе не се ни обидувам. Нека си прави кој како сака, немам намера да ја трошам енергијата на луѓе кои не прифаќаат ништо. Што е најтрагично, неповикани се јавуваат секаде, да ти објаснат како да живееш, дека ти немаш поим од ништо, се удираат во гради колку им е се средено, его до плафон.

Народот е станат ептен катиљ. Ниту муабет не можеш да направиш, дури и да дадеш точни аргументи, секогаш се тие во право, затоа што нели бројот на експерти за се во државава is too damn high. Затоа и кругот на луѓе со кои комуницирам е се помал.

Решение?

Тој што знае како да се справи, ќе си изгради одбранбен механизам и ќе си тера, останатите ќе престанат да се објаснуваат, а другиот дел ќе си замине во подобри краишта.

Гледам дека ако продолжи се во ова темпо, јас ќе бидам од овие последниве.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Секој длабоко во себе мисли дека е попаметен од соговорникот. Нормално, реалноста не е секогаш таа. Некој не знаат да се искажат себеси, а некој тоа погрешно го прават. Ние пак како соговорници (3rd party) си перцепираме индивидуално и како што нам ни одговара во конкретната ситуација. Молим лепо.
Највероватно то ни е во кодот. Е сега работата е дали од нашата (условно кажано) конзервативност, ние имаме некаква корист? :pipi:
Ако се водиме по Металика и "open mind for a different view", највероватно животот би бил многу поинтересен. Различностите обично привлекуваат.

И во контекст на темава, изморен од објаснување е човек што комуницира со луѓе затворени во нивни светови. Многу ги има. Некој се родил таков, некој неуспеал да се досоцијализира, а некој едноставно толкав капацитет има. Нема доволно фантазија да го гледа животот низ различни призми. To bad (n)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Темава може да се протолкува на најмалку три начини, па вака...

1. Тој што навистина си ја гледа својата работа (како што повеќето луѓе тврдат дека си ја гледаат), нема потреба да му објаснува нешто на сиот свет. На пример, се чувствувам повикано да објаснувам ствари кои ми пречат (од нивните особини) само кај двајца, тројца луѓе со кои најактивно комуницирам и најчесто е за нивно добро, и за доброто на заедничката иднина која сакам да ја споделувам со нив.

2. Кога има ситуација на работа или во друштво во која јас би згрешила помалце или повеќе, се објаснувам одма штом ќе се деси и се надевам дека понатаму нема да имаат погрешно мислење за мене врз база на таа една, две, три ситуации на кикснување. Ако имаат а било нешто небитно, тогаш тоа повеќе зборува за нив како особи, дека обожаваат да си имаат луѓе околу себе кои нема да им се допаѓаат и кои ќе ги оговараат лабаво у слободно време. Нека се забавуваат луѓето, или нека си ја задоволат желбата за хејт, нема везе.

Ако во друштво така те исхејтаат без доволни причини, тогаш едноставно не сте погодени и тоа е тоа, no hard feelings, не сте биле на иста бранова должина за да бидете friends forever. Ако на работа си им жртва на хејт или оговарање, а добро и одговорно си ја вршиш својата работа, исто, no hard feelings, нека си се забављаат на свој начин, битно работата да биде завршена.

3. Ако збориме за објаснувања на некои луѓе кои учествуваат во некои движења (секти или не), треба да се сфати дека најчесто не може да им се објасни. Пошо се навлезени и добро истренирани. И крај краева, што би можел да им објасниш на луѓе кои се навлезени во било каква догма? Ништо. Дали е тоа некој посебен проблем? Може да биде, ако луѓето влегле во таа догма откако веќе сте станале блиски, па тука е и емотивниот фактор. И колку и да е тешко и болно, мора да се биде реален и да се прифати дека не може да се остварува заедничка голема блискост (а на тоа треба да се базира секој меѓучовечки контакт што го остварувате на редовна база со било кој, другари, партнери) ако човекот од другата страна има нереална перцепција на работите (нема стремеж за изнаоѓање на вистината и за здраворазумна перцепција базирана на критичко, самостојно размислување). И повторно, no hard feelings, едноставно не можеш да споделуваш иднина со пријател/партнер со којшто не можете да размислувате заедно на отворен, здраворазумен, слободен начин.

пс. и на форуми и во живо, колку пати сум се осеќала неразбрано, па нема везе, немам лоши чувства кон соговорниците. едноставно не ги викам на кафе ( не ги рачунам/планирам за најблиски пријатели ) и тоа е тоа. :)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Изморен од објаснување... мене ми личи повеќе на изморен од докажување.
Добро прашање би било од каде доаѓа потребата да им докажуваш на луѓе дека ти си во право?

Едно е да му објасниш на некого нешто, тоа никогаш не ми е проблем, но што тие ќе извлечат од тоа и дали ќе применат некој сугестија зависи од нив. Зошто јас би бил врзан на било кој начин со резултатот од нивната одлука?
Луѓето многу ретко бараат искрена сугестија или мислење, повеќе сакаат само потврда на она што веќе го мислат. Ако почнеш да се инатиш и да се докажуваш колку си повеќе во право од нив, нема да постигнеш ништо и може само спротивен ефект да има.
Објасни, кажи што имаш да кажеш, и остави го на тоа, што прават натака со твоето мислење е нивен проблем.

Од друга страна, можно е и стилот на "објаснување" да ти е заникаде.
Ако вистински мислиш дека си во право, тогаш немаш реална потреба да го валидираш твојот поглед со тоа што ќе ги "конвертираш" другите кон твојот начин на размислување.

И за на крај,
Не можеш да им помогнеш на луѓе кои не сакаат помош.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Кога ја видов темава, веднаш ми текна на следбениците на Јанко Јади бурек и Миленко.

Решение нема. Секој ќе разбере колку што сака да разбере.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.111
Кога споделуваш нешто со некој, никогаш не можеш да бидеш 100% у право, дури и да е тоа најинтимната тајна што некогаш си ја зачувал. Затоа што секое гледиште е различно и оттука и најдобриот и најблискиот пријател секогаш има тенденции да не се сложува со тоа што ти го споделуваш.
Несложувањето не значи непријателство. Бранови должини, такви ми ти ствари заборавете во денешно време 50 бранови должини да ви се погодат, 51вата ако кикснете веднаш станувате непријател бр.1 во очите на вчерашниот близок. Затоа што луѓето погрешно го сфаќаат моментот на неслагање и непријателство.
Парадоксално звучи затоа што едното го консумира другото, но кога другото би го гледале повеќе објективно, тогаш не би дошло до искривената перцепција за тоа што значи непријател а што човек со кој не се сложуваш.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас одамна се откажав да им докажувам и објаснувам на луѓето работи кои нема уствари никогаш да ги разберат. Едноставно си терам мене како што ми одговара, како што мислам оти е најдобро за мене и правам најдобро што можам и умеам за мене да ми биде добар животот. Не вреди да си го трошиш времето на објаснување, едноставно живеј по твоите норми и ставови.
Секогаш има луѓе со кои ќе најдеш заеднички јазик и разбирање. И двајца да се, нека ти биде доволно. Со другите со кои не се разбираш, а мораш да функционираш некако со нив бидејќи се дел од твојата посредна, па и непосредна околина, функционирај површно, без многу објаснување. Јас најчесто таквите ги игнорирам, некогаш знам да им се изнасмеам, мада тоа поретко. Некои луѓе нема никогаш да разберат со објаснување, се додека не им се случи нешто трагично кое ќе им го смени погледот кон дотогашниот живот. Некои ни тогаш не се променуваат.
На крај краева секој живее сам за себе. Секој низ годините си гради ставови и норми кои сакајќи или не, му се прилепени, му се блиски. Тоа е многу тешко да го промениш кај некој, без разлика колку и да објаснуваш.
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Реално, многу не ме интересира кој како мисли. Ме нервира кога некој од нигде некаде ќе ми прокенка како моето не чини, како јас не сум во право, само што различно размислувам. Тогаш може да иде у пм, зашто јас многу ретко прва почнувам да се контрам, па уопште не ценам кога некој ќе ми замеша кај шо реално не треба.
А се решавам да им објаснам некои работи на едвај неколку луѓе, објективно кога ќе видам дека сами си прават лошо. Пробав во повеќе наврати на една блиска особа да и претскажам како најверојатно ќе и заврши причата, али самата таа е толку тврдоглава што џабе е и секој ден истото да го повторуваш. И се откажав, нека тера до кај што ќе тера.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
И на темава сум изморен да објаснувам во врска со тоа како сум изморен од објаснување.

Сакате модератори бришете го мислењето, сакате, не, но то е мојот одговор.
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.111
Реално, многу не ме интересира кој како мисли. Ме нервира кога некој од нигде некаде ќе ми прокенка како моето не чини, како јас не сум во право, само што различно размислувам. Тогаш може да иде у пм, зашто јас многу ретко прва почнувам да се контрам, па уопште не ценам кога некој ќе ми замеша кај шо реално не треба.
А се решавам да им објаснам некои работи на едвај неколку луѓе, објективно кога ќе видам дека сами си прават лошо. Пробав во повеќе наврати на една блиска особа да и претскажам како најверојатно ќе и заврши причата, али самата таа е толку тврдоглава што џабе е и секој ден истото да го повторуваш. И се откажав, нека тера до кај што ќе тера.
Тоа е во ред, но што ако еве ти си таа која бараш негово мнение?
 
Член од
18 октомври 2014
Мислења
124
Поени од реакции
288
Комплетно се согласувам со тоа дека само отворените умови се спремни да примат нечие туѓо позитивно мислење, кои и не мора целосно да го прифатат, но сигурно ќе размислуваат за тоа.
Останатите не знаат што пропуштаат! Подалеку од нив.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Тоа е во ред, но што ако еве ти си таа која бараш негово мнение?
Ако јас побарам совет од некој, нема да се расправам со личноста затоа што имала различно мислење од моето и не ме поддржува во она што јас го мислам. Дали ќе го прифатам тој совет/мислење е друга работа.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Секој ден ми паѓа таа идеја на памет.

Луѓето не знаат да комуницираат веќе. Секој обид добронамерно да им посочиш каде прават грешки го прифаќаат со накострешеност, мислат дека си им љубоморен, удираат со глава во ѕид, па така веќе не се ни обидувам. Нека си прави кој како сака, немам намера да ја трошам енергијата на луѓе кои не прифаќаат ништо. Што е најтрагично, неповикани се јавуваат секаде, да ти објаснат како да живееш, дека ти немаш поим од ништо, се удираат во гради колку им е се средено, его до плафон.

Народот е станат ептен катиљ. Ниту муабет не можеш да направиш, дури и да дадеш точни аргументи, секогаш се тие во право, затоа што нели бројот на експерти за се во државава is too damn high. Затоа и кругот на луѓе со кои комуницирам е се помал.

Решение?

Тој што знае како да се справи, ќе си изгради одбранбен механизам и ќе си тера, останатите ќе престанат да се објаснуваат, а другиот дел ќе си замине во подобри краишта.

Гледам дека ако продолжи се во ова темпо, јас ќе бидам од овие последниве.
Нема да пишам ништо повеќе, го делам мислењево од А до Ш!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom