- Член од
- 14 јуни 2012
- Мислења
- 10
- Поени од реакции
- 11
Здраво, нов сум на форумов и ова ми е прва тема која што ја отворам и ме мачи подолго време. Пред точно една година добив 10 годишна туристичка виза за во америка. Бев таму и поседив 2 месеца, не прекорачив престој си дојдив на време. Во план ми е да одам и ова лето, но за жал ми го украдоа пасошот пред месец и пол, пријавив во полиција, извадов потврда, пратив е-маил на конзулот дека ми е украден пасош со валидна 10 годишна виза. Имам закажано термин утре во 9:15, ги имам сите потребни документи, не верувам дека би ми направиле проблем, но сепак сакам да слушнам ваши искуства, знаења или совети во врска со ова.