Јас пред некој месец, онака, доцно попладне, заглавен на работа, се враќам и си пијам пиво на една клупа во населба, едно патничко портмоне со се внатре (пасош, лична карта, дебитни, кредитни, легитимации, се...) оставено до мене на клупа и едно 600 -700 денари внатре... сум го заборавил... како по џебови имав некои плус пари, вечрта си излегов на пиво со другарчињата, и ми текнува дека не носам ништо со себе.... и да, се сетив кај сум изгубил се...
во 1 ноќта пријавив во полиција, блокирав картички во банка (24 часа поддршка) и се надевав дека некој од познатите во близина ќе го најде, не некој случаен човек.... налет картички и се друго, ама лична карта и пасош.... си викам - кој ќе се тегне по полиции....
следниот ден - хаос, одам на работа, крв немам, ми се темни пред очи, ај за пари лесно, ќе се позајмам, ама другиве документи.... и на работа ми јавуваат дека некој човек ме бара и сака лично да се сретне со мене.
Не знаете колку го благословував.... не знаете!