Изгубена лична и дебитна картичка

Член од
27 април 2011
Мислења
2.308
Поени од реакции
3.064
Значи вака нека биде темава за помош на сите кајганџии вклучително и мене кога ќе се изгуби новчаник....што е постапката после ова...каде се оди во полиција или ?

Поздрав
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
дебитна картица се јавуваш во банката од кај што ти е да ја блокираат, во полиција те во станица не преку телефон, пријавуваш онака ради реда не дека нешто ке ти помогнат, а за лична карта објавуваш во службен весник дека е изгубена и си закажуваш сликање за нова :) др што имало во новчаникот не знам, ако те служи ептен среќа може и ке ти се врати... така викаше баба ми што е твое ќе си дојде :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Прво да си се јавиш во банката да ти ја блокираат дебитната ако имаш пари на нејзе, после се останато....
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Значи вака нека биде темава за помош на сите кајганџии вклучително и мене кога ќе се изгуби новчаник....што е постапката после ова...каде се оди во полиција или ?

Поздрав
Јас би отишол прво во банка, да не може да се вадат пари и сл. Во полиција секако ќе треба да пријавиш изгубена лична карта.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
За лична карта ако изгубиш одиш во полиција пријавуваш во весник дека си ја изгубил и они ја поништуваат и после имаш таму они ќе ти кажат како и кога можеш да извадиш нова. А за дебитна картичка одиш во банка и ја поништуваш...
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
I sho e tolku forata za debitnata karticka , kao ke ti izvadat pari , pinot da ne go imash napishano na licna karta , osven ako ne otide do banka so tvoja licna , pa da bara pari da podigne od transakciska.
Licnata karta ti e problem , turi i pepel na debitnata.
 
?

..........

Гостин
Пред неко месец ја загубив личната карта, ми паднала кога сум излегувал од автомобил, ја нашол средновековен човек од Кисела Вода, незнам како го пронајдил мојот број па ми се јави и ми ја врати, дојде со велосипед до рампа оти незнаев кај е улицата кај што живее, му се заблагодарив и глупаво ми беше но му понудив пари или да го почастам пијачка, не сакаше рече дека брзал фудбал да гледа се поздрави и замина...
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
I sho e tolku forata za debitnata karticka , kao ke ti izvadat pari , pinot da ne go imash napishano na licna karta , osven ako ne otide do banka so tvoja licna , pa da bara pari da podigne od transakciska.
Licnata karta ti e problem , turi i pepel na debitnata.
за на интернет не ти потребен пин ако на дебитната имало париче плус многу лесно се троши на интернет :) а и да оди во банка со негова лична карта нема шанси да извади пари освен со полномошно.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Јас пред некој месец, онака, доцно попладне, заглавен на работа, се враќам и си пијам пиво на една клупа во населба, едно патничко портмоне со се внатре (пасош, лична карта, дебитни, кредитни, легитимации, се...) оставено до мене на клупа и едно 600 -700 денари внатре... сум го заборавил... како по џебови имав некои плус пари, вечрта си излегов на пиво со другарчињата, и ми текнува дека не носам ништо со себе.... и да, се сетив кај сум изгубил се...
во 1 ноќта пријавив во полиција, блокирав картички во банка (24 часа поддршка) и се надевав дека некој од познатите во близина ќе го најде, не некој случаен човек.... налет картички и се друго, ама лична карта и пасош.... си викам - кој ќе се тегне по полиции....

следниот ден - хаос, одам на работа, крв немам, ми се темни пред очи, ај за пари лесно, ќе се позајмам, ама другиве документи.... и на работа ми јавуваат дека некој човек ме бара и сака лично да се сретне со мене.
Не знаете колку го благословував.... не знаете! :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Сум изгубил новчаник,не ми бил вратен.Сум нашол новчаник со 300 евра,50 австралиски долари,700 денари,документи и картички.Парите ги земав,а докуметите,картичките и новчаникот ги фрлив во запален контејнер
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Баш пред некоја недела ми се случи по втор пат да изгубам картичка за во банка. Да ме убие човек немам поим што се случи, пошто ја изгубив во размак од едно 200 метри. Не е страшна процедурата за вадење нова, така да не се секирајте многу, ама блокирајте си ја со време.
 

davidko

VR|46
Член од
9 декември 2009
Мислења
106
Поени од реакции
20
Денес изгубив лична карта и возачка дозвола, вајљда исто треба да се пријави и да се пресликаш?
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Колку трае целата процедура додека да пријавиш дека си ја изгубил и извадиш нова?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.182
Поени од реакции
16.319
за на интернет не ти потребен пин ако на дебитната имало париче плус многу лесно се троши на интернет :) а и да оди во банка со негова лична карта нема шанси да извади пари освен со полномошно.
da, ama lesno se otkriva koj na koja adresa ja primil robata od internet, posebno ako e na carina
 

Kajgana Shop

На врв Bottom