Факт е дека родителите се најкриви. Само прават една голема грешка што на децата им се посветуваат кога наставникот или професорот ќе ги потсети. Луѓе, дете се воспитува до 6-7 години. Кога веќе ќе тргне на училиште - готово. Тоа е измеѓу вас и општеството. А како што гледам општеството наше и менталитетот наш уште долго време ќе произведуваат вакви морони. Транзицијата си го напави своето. Некако наеднаш луѓето му го навртија га*ето на американците. Заборавајќи дека она што го гледаме на телевизија не е реалноста во таа земја. 300 милиони луѓе не го живеат Beverly Hills или О.C. Напротив, реалноста е посурова. Од 300 милиони, според податоците, околу 18 до 20 луѓе се бездомници. Ејјјј... деца, свестете се. Мислете малку на иднината. Можеби ова е сурово што ќе го напишам, ама немојте да ја повторувате грешката на вашите родители. Тогаш беше друг ситем. Сите имаа работа, никој не работеше доволно, а пак имаа да го прехранат семејството. И во право биле. Зошто да се трудат кога беа сигурни дека на 1-ви ќе ја земат платата. Арно ама, и на тоа дојде крајот. Дел од заслугата ја имаат, да речеме, политичките врвови, а добар дел припаѓа на нашите и вашите родители кои градеа една нереална држава од ништо.
Ете затоа, сега кога дел од нив останаа без платата, а дел искористија и си спечалија малку повеќе отколку што имале, децата се однесуваат вака. Ги гледаат богатите другарчиња кои што, за нив, водат џетсетерски живот на 14-15 години и посакуваат и тие да станат дел од друштвото, притоа користејќи ги сте можни средства... буквално сите.