Изгледот и однесувањето на учениците

Член од
14 ноември 2007
Мислења
15
Поени од реакции
1
е аман де... кој генерализира?
се надевам дека ги забележа тие 90%. Така напишав за да им оставам простор на оние кои што не се пронашле или не сакаат да се пронајдат во текстот. Нормално секоја чест на исклучоците, ама како што гледам за скоро ќе ги стават во ист кош со пандите во Кина и пастрмката во Охридското езеро :toe:
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Ме фрустрират то шо надворешниот изглед влијајт на анализата на можниот успех на еден ученик (конкретно зборвиме). Зато дадов пример за одлична ученичка, а невообичаен стил. Можам да набројам уште колку сакаш такви. Значит се дури професорите не се поправат, не гледам причина и на учениците да им е скратено правото да си го градат патот кон индивидуално актуелизирање.
 
Член од
3 октомври 2007
Мислења
197
Поени од реакции
1
Nie ne sme krivi,toa go gleame od vozrasnite.Sea ne e uredu devoj4injata da doagjaat taka oble4eni ama toa go pravat deka sakaat da izgledaat ubavi.Dodusa i im uspeva u toa.Sepak doagja novo vreme i treba postarite da se naviknuvaat na toa
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Главни виновници по мене се родителите. Тие им дозволуваат на своите деца така да излезат од дома. Сум слушнал за случка кога некој професор искара девојче заради облеката и однесувањето, па да дојде таткото и да му се заканува на професорот. Што сакате повеќе. Имаме зборувано слично и на други теми, дека главна грижа во денешно време на родителите се парите, а не децата. Пак ќе кажам - ЖАЛНО. Буквално гледаме како пропаѓа младината со тој нивни стил на живот (разголени, пијанки, дрога итн).
Лошото во сево ова е ако сакаш твоето дете да биде воспитано и културно - ќе биде отфрлено од друштвото, само затоа што не е КУЛ.
Однесувањето им е катастрофа. Пример ми доаѓа еден мочко од едно 10 години и ми вика Кај си бе батка, дај ми една цигара. Едвај се воздржав да не му ја залепам една и за уво да го однесам кај неговите. Не знам - можеби требаше.
 
Член од
20 октомври 2007
Мислења
268
Поени од реакции
5
кај мене у школо нема многу такви примери... во мој клас сме 7 двеојчиња и повекјето се старомодни...има една шо на -10 степени оди со гол стомак и редовно ги крева рацете за да и се крене маичката да и го видат мешето... за машките неам неккави забелешки..има еден кој секад носи слечкани фаремрки и има плава долга коса (неишчешлана) и сите наставници му викаат да се ишиша или ке го бркаат но тој 2 години никако да се ишиша...
а за однесувањето... зависи кај некои наставници... кај повекето сме мирни... а кај македонски ко да не сме на час...секој си излегува без да праша ... ја снимаме... дури ни јас не носам тетратка кај неа затоа сто е изгубена и глупа и еве ако сакате да видите како сме кај неа на час(ако мозе да се нарече час)
[media]http://youtube.com/watch?v=fpEBIvpSZEM[/media]

и пази коа тој со црвената блуза ке ја згмечи за гас таа со црната јакна хаааааа
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
кај мене у школо нема многу такви примери... во мој клас сме 7 двеојчиња и повекјето се старомодни...има една шо на -10 степени оди со гол стомак и редовно ги крева рацете за да и се крене маичката да и го видат мешето... за машките неам неккави забелешки..има еден кој секад носи слечкани фаремрки и има плава долга коса (неишчешлана) и сите наставници му викаат да се ишиша или ке го бркаат но тој 2 години никако да се ишиша...
а за однесувањето... зависи кај некои наставници... кај повекето сме мирни... а кај македонски ко да не сме на час...секој си излегува без да праша ... ја снимаме... дури ни јас не носам тетратка кај неа затоа сто е изгубена и глупа и еве ако сакате да видите како сме кај неа на час(ако мозе да се нарече час)
http://youtube.com/watch?v=fpEBIvpSZEM
И на што личи тоа?
Катастрофа, уште еден доказ кој прикажува колку нестручен кадар има во основните училишта, а богами и во средните.
Заклучок: Додека има вакви професори/професорки ќе има и такви ученици.

Piece od advice: Подобро носи си ти тетратка и учи си, затоа што во средно како паднат од Марс ќе бидеш по македонски, а и како што иде времево и за матура ќе ти треба:smir:
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Богами гледајќи го видеово, срамота за наставничката. И после таа истата ќе штрајкува за поголеми плати. Секоја чест на правите просветители. На оваа не би и дал ни денар. Само ќе ги хендикепира децата да одат понатаму со малку знаење.
 
Член од
14 ноември 2007
Мислења
15
Поени од реакции
1
Факт е дека родителите се најкриви. Само прават една голема грешка што на децата им се посветуваат кога наставникот или професорот ќе ги потсети. Луѓе, дете се воспитува до 6-7 години. Кога веќе ќе тргне на училиште - готово. Тоа е измеѓу вас и општеството. А како што гледам општеството наше и менталитетот наш уште долго време ќе произведуваат вакви морони. Транзицијата си го напави своето. Некако наеднаш луѓето му го навртија га*ето на американците. Заборавајќи дека она што го гледаме на телевизија не е реалноста во таа земја. 300 милиони луѓе не го живеат Beverly Hills или О.C. Напротив, реалноста е посурова. Од 300 милиони, според податоците, околу 18 до 20 луѓе се бездомници. Ејјјј... деца, свестете се. Мислете малку на иднината. Можеби ова е сурово што ќе го напишам, ама немојте да ја повторувате грешката на вашите родители. Тогаш беше друг ситем. Сите имаа работа, никој не работеше доволно, а пак имаа да го прехранат семејството. И во право биле. Зошто да се трудат кога беа сигурни дека на 1-ви ќе ја земат платата. Арно ама, и на тоа дојде крајот. Дел од заслугата ја имаат, да речеме, политичките врвови, а добар дел припаѓа на нашите и вашите родители кои градеа една нереална држава од ништо.
Ете затоа, сега кога дел од нив останаа без платата, а дел искористија и си спечалија малку повеќе отколку што имале, децата се однесуваат вака. Ги гледаат богатите другарчиња кои што, за нив, водат џетсетерски живот на 14-15 години и посакуваат и тие да станат дел од друштвото, притоа користејќи ги сте можни средства... буквално сите.
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Се сложувам со тоа што го рече, само со еден дел не, и тоа
Луѓе, дете се воспитува до 6-7 години. Кога веќе ќе тргне на училиште - готово.
Јас ќе ги воспитувам и ќе им укажувам цел живот на доброто и лошото. И самите деца од нас го очекуваат тоа, како морална поддршка и потпора (сигурност) во животот.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
А мене не ми е јасно шо толку форсирате да не се двојат учениците еден од друг? Шо сме ние, па да немаме право на индивидуално изразвење? Ај јас не сум до толку ексцентрична, ама една од мојте најдобри другарки имат исфарбана црна коса, црн креон околу очи, на ушите немат место појќе за убетки и пирсој, се облеквит најчесто во црно и носит мартинки, и пак е одлична ученичка. Влегвит во конфликт со нашата ценета култура? Не. Имат една професорка шо идат нашкола со танга и бели високи кожни чизми. За то шо да речиме?
Никој не вели дека немате право на индивидуално изразување. Едноставно не изгледа културно и е крајно дрско да се појавиш во центар за образование и едукација нашминкан и одлечен како за на ревија, испирсан.. Може да биде таа личност и крајно хиперинтелегентна а сепак да не остава таков впечаток и поради тоа да биде дискриминирана. Не од нешто друго, тргнувам од фактот дека мене ми е крајно невкусно и недолично да гледам такви испади во училиштата.
Јас мислам дека може да се преземе нешто... не дека ќе има којзнае какви резултати ама вреди да се проба...
Прво! Мора да се укинат телевизиите од типот Планета, Пинк, Балканика
Второ! Да се укинат тие шпанските серии каде по дома шетаат дотерани нашминкани и се лигават за неостварената љубов и неможеш да им ги видиш фаците од нивните силиконски цицки
Трето! Мора во секое училиште да постои кодекс на облекување, и тие девојки со фризури како на бугарски пејачки, со штиклички розевки, со танга која излегува од нивните пантолончиња со низок струк (понизок не може), да се бркаат до дома (и по неколку пати во ден) се додека не се облечат како што доликува за ученичка...
Четврто! И едно од најбитните, каде според мене "лежи зајакот" се родителите! Па како може тие да си дозволат ќеркичките (невини) да им одат на училиште како некои курвички за на ебење???

Можеби бев вулгарна ама неможам да го поднесам тоа што ни се случува... навистина жалам....
И што кога ќе се укинат тие телевизии и нема да даваат шпански серии. Глупави ти се споредбиве. Ајде тогаш нека се укине и MTV и филмовите во холивудска продукција. Зошто реално секаде гледаме погрешни примери.
Инаку, во секое училиште постои кодекс на облекување и однесување, проблемот е што никој не го почитува.:wink:
Единствено ќе се согласам дека родителите се виновни. Тие треба да поведат повеќе грижа за тоа како се облекуваат нивните деца кога одат во образовно едукативните центри.
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Никој не вели дека немате право на индивидуално изразување. Едноставно не изгледа културно и е крајно дрско да се појавиш во центар за образование и едукација нашминкан и одлечен како за на ревија, испирсан.. Може да биде таа личност и крајно хиперинтелегентна а сепак да не остава таков впечаток и поради тоа да биде дискриминирана. Не од нешто друго, тргнувам од фактот дека мене ми е крајно невкусно и недолично да гледам такви испади во училиштата.
A како ќе се изрази поинаку? Текстовите со „револуционерна“ порака се забранети, на пример. Ама и незнам зш се правдам ко реков, се додека тесни хеланки, високи кожни чизми кои слободно можам да ги наречам секси, танга поткрената и некое бла мајче не се забранети за професор, не гледам причина кодексот за облекување кој и така никој го нема ни видено ни прочитано конкретно во мојата гимназија, да биде применет.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
A како ќе се изрази поинаку? Текстовите со „револуционерна“ порака се забранети, на пример. Ама и незнам зш се правдам ко реков, се додека тесни хеланки, високи кожни чизми кои слободно можам да ги наречам секси, танга поткрената и некое бла мајче не се забранети за професор, не гледам причина кодексот за облекување кој и така никој го нема ни видено ни прочитано конкретно во мојата гимназија, да биде применет.
Правото на индивидуално изразување не ви е одземено надвор од училиштата. :wink:
Никаде не реков дека тесни хеланки, кожни чизми, танга и бла маички се во ред за на училиште.

Кодексот на однесување и облекување се чита уште првиот школски ден ако добро се сеќавам, а се сеќавам. Затоа најдобро решение се униформите, па после часови и во вон школски активности изразувајте се ама баш како сакате.:helou:
 
Член од
14 ноември 2007
Мислења
15
Поени од реакции
1
Па нормално дека секој родител детето ќе го воспитува и сака цел живот. Само предноста родителот ја има додека не тргне на училиште. После тоа, детето прима и други влијанија од средината. Пред се, родителот треба да го воспита детето да не подлегнува на сите тие искушенија. Нормално сега тука е факторот на друштвото, новата средина, наставниците, па и телевизијата до некаде. погоре некој имаше напишано дека телевизиските канали не влијаат на развојот и дека ако се укинеле бугарските и сличните на нив телевизии, немало многу да се постигне. Е па видете вака. Тие останатите, од типот на MTV, VH1 и филмските програми, се служат со една “финта“ наречена цензура. Значи имаме цензура на говор (познатото бипкање или намалување на гласот) и цензура на видео, односно избегнување на сцени кои прикажуваат насилство и голотија, нивно заматување и сл. ефекти кои колку-толку ублажуваат, или пак прикажување на тие емисии или филмови после 22:00 часот.
А што се случува со нашите телевизии? Сите имаме забележано дека во 12 часот на пладне во недела на МТВ (национална телевизија) се прикажуваат филмови (најчесто од македонска продукција) кои не личат ни на еротики. Се прикажуваат буквално сите интимни делов од телото. Истото е со Pink телевизија. Па нема филм што го прикажале до сега, а да не се најде некој кој што ќе се слече гол, а најлошо е што многу пати и сексуални чинови се прикажуваат. И после некој ќе речи “деца, западот ве расипа“...
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Правото на индивидуално изразување не ви е одземено надвор од училиштата. :wink:
Никаде не реков дека тесни хеланки, кожни чизми, танга и бла маички се во ред за на училиште.

Кодексот на однесување и облекување се чита уште првиот школски ден ако добро се сеќавам, а се сеќавам. Затоа најдобро решение се униформите, па после часови и во вон школски активности изразувајте се ама баш како сакате.:helou:
Јас мислам дека најлесен начин да се постави границата на пристојноста се униформи. Со униформите се намалуваат и економските разлики во изгледот на учениците. Со еден удар - две муви.

Униформата е уствари благослов, особено за девојчињата, иако сега не мислат така. Колешкава од работа се фали дека со воведување на униформите, времето за спремање за на школо за ќерка и се скратило од саат и пол на само пола саат, и тоа за средување на косата. Нема болење глаа од типот, шо да облечам денес а да биде различно од вчера, па да одговара со боите, и другарките да немаат такво, па машките да ме приметат..

ОК средношколци, знам дека не ви е право, ама тоа е моето мислење. Јас например, и на работа би носела униформа, и тоа по можност некоја квалитетна што не се пегла. Би ми се скратило времето на спремање на 3,5 минути. Повеќе време за љубов :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom