интересно прашање во врска со долговите, како за физичко лице така и за фирми...
Дали извршител, ако е поголем долг, а должникот нема пари на сметка, се иселил во странство или починал без наследници, Гони субјекти кој му должеле на должникот, на пример фирма кај што работел неисплатени плати?
Дали може да напраи стечај на фирма со блокирана сметка ако не е директен должник, туку должник на должникот?
А Имаше и неодамно во медиуми, ама прашање колку новинарите разбрале, дека Кредито корисникот му ги плаќа кредитите на Жирантот ??
Мислам дека не е тоа, туку за да стане тој Жирант, треба Да Нема долгови кон банката, па кредитобарателот му Покрива некој помали краткорочни кредити.... Па и ќе му Покрива, Жирант денес никој не сака да биде, а банките бараат дури и за хипотекарни кредити....
Околу фирмите би навел една фама, не знам дали е правно решена, дека ако Правен објект отиде во Стечај, неговите должници не Треба да ги платат долговите кон него?
Тазе е случката со ЕуроСтандард Банка, каде дузини должници не плаќаа кредитите, Трипун дури обвинуваше дека намерно е доведена банката во стечај за да не ги враќаат кредитите должниците?
Дали може и треба Стечајниот Управител да врши присилна наплата кон должниците, а за да ги намири доверителите ??
И не само тоа, туку дали правно може Доверител на фирма во стечај да наплаќа Долг од должници на таа фирма ?
Тука има ујдурми и со редоследот и кој прв пријавил кај стечајниот, но мислам дека и нашите Криминогени Закони го подржуваат неплаќањето долгови, вештачките Стечаи ??