Изброени денови

M

M del Mar

Гостин
Мноогу зависи од психата на човекот, зависи и од тоа како ке дознае, и од тоа уште колку има до крај.

Во принцип мислам дека треба да се соопшти на личноста, сепак лажната надеж не е арна, вака, ако му се соопшти на добар начин, начин за кој знаеме дека ќе направи минимална штета.Да има максимална поддршка од блиските, со тоа да му се направат последните денови убави, е многу подобро, одколку да се крие, додека да дојде до последните неколку денови кога веќе неможе да се крие, или самата личност ке сфати. Тогаш би било многу полошо мислам јас. Ќе испаднат блиските негови “геј“.
И факт е дека блиските ќе се однесуваат спрема лицето на по друг начин кога ќе дознаат дека му преостанува уште малку време за да го споделат животот со него...а тоа значи повеќе грижливи постојано околу него, исполнување на желби....па и да е глуп ќе сфати дека нешто не е во ред со него...ќе се запраша што не е во ред?
И кога ќе дознае дека го лажеле...ќе се разочара можда!....:toe:
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
И факт е дека блиските ќе се однесуваат спрема лицето на по друг начин кога ќе дознаат дека му преостанува уште малку време за да го споделат животот со него...а тоа значи повеќе грижливи постојано околу него, исполнување на желби....па и да е глуп ќе сфати дека нешто не е во ред со него...ќе се запраша што не е во ред?
И кога ќе дознае дека го лажеле...ќе се разочара можда!....:toe:
Пеер секако дека да, али во секој случај мислам боље би било да дознае него, коа ке дознае да се осеќа лефт аут онака, шитнат од најблиските.
 
M

M del Mar

Гостин
Пеер секако дека да, али во секој случај мислам боље би било да дознае него, коа ке дознае да се осеќа лефт аут онака, шитнат од најблиските.
па и мене ми е тоа зборот...само треба да го подготват прво психички...
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Исто така мајка ми почина од тумор на мозокот. Не е работата дали ќе и кажеш на таа личност - ти ќе умреш!!! Не можеше никој да го изусти тоа, тоа е нешто што никој не сака да верува и сите се надевавме дека ќе се изнајде некој начин. Секој во тие моменти верува и се надева на чуда, ем затоа што е болката преголема, потребни ни се одбранбени механизми, ем затоа што мораме пред самата личност да издржиме. Мислам дека најбитно во тој момент е сите да сме силни пред таа особа. Не да се маскира тоа што се случува, но мое мислење е дека не треба да се става акцент на тоа ТИ ЌЕ УМРЕШ! Мислам дека тогаш семејството треба да се држи колку може, да ја сподели својата љубов. Не велам да се правиме дека ништо не се случува, па јас ја гушкав мајка ми кога плачеше затоа што знаеше дека не е во ред нешто, зарем да и кажев: ќе ми недостигаш? Едноставно срцето не ти дава.

Најбитно е да добие топлина, а не информација. И не е работата сите да се предадеме на тоа дека таа личност ќе умре, ако ги кренеме сите рацете (во случај со мајка ми) немаше да остане уште десет месеци од операцијата, туку ќе си заминеше многу порано. Во ситуацијата ние сме им потребни на тие особи, а не гледам дека таа информација е од огромна помош. Да, сите ќе отидеме од тука еден ден, и лесно ни е од оваа перспектива да си помислиме: Сакам да ми кажат, ќе го живеам секој ден како последен. Иронично, но вистинито е дека и сега можеме да го живееме секој ден како последен затоа што нели, не знаеме што ќе не снајде, но кога ете, човек е болен од нешто, кога ние би биле и кога ќе се сетиме што се оставаме зад нас, кој мали дечиња, кој родители, најдобриот пријател, братот, сестрата - мислам дека нема да може баш тогаш да ужива. Може само да глуми дека ужива, но која разделба е пријатна? Лесно е да се каже од страна теоретски што е правилно, но не верувам дека во праксата е секогаш така едноставно. Сите сме (па дури и јас) јаки теоретичари, но праксата ни е слаба страна:jaj:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
544
Поени од реакции
18
Исто така мајка ми почина од тумор на мозокот. Не е работата дали ќе и кажеш на таа личност...
Замисли тебе да ти кажат имаш уште една недела живот. Како ќе се однесуваш, дали ќе лежиш и ќе кукаш за она што ќе го напуштиш или ќе гледаш да го изживееш секој ден и да споделиш љубов насекаде, каде што тоа си го посакувал/а целиот живот. Според тоа мислам дека и не мора да значи дека е точна твојата претпоставка дека твојата мајка само го глумела добриот однос спрема вас и дека и било претешко за се што остава зад неа. Можеби тоа е само производ на твојата умствена активност. Човечкото битие живее во пространството на нашето енергетско тело и тоа не може да се почуствува со напор на умот. Љубовта спрема најблиските и општо спрема човештвото произлегува токму од таму, а не од умот, а кога е човек во предсмртна ситуација, токму тогаш се чувствува и се живее целосно длабоко со битието и се занемарува користењето на умот. Така да според ова претпоставувам дека подобро би ти било и тебе да ги отстраниш тие мисли дека твојата мајка жалела пред смртта, затоа што јас искрено мислам дека не е така, а со таквите твои мисли само можеш да си створиш безпотребен гнев во твојата душа. Јас искрено не би сакал да мислам дека некој од моите најблиски би жалел и ќе му недостасувам или обратно додека е на смртна постела (сум имал случај), туку едноставно само би уживал во размената на љубов со него. Тоа и ти го имаш доживеано со тоа што кажа дека си бил/а силен/а и си пружал/а љубов меѓу целото семејство, само малку умот ги створил тие лоши карми во тебе и ја згневил твојата душа. Не мисли на тоа колку ти недостасува твојата мајка, единствено мисли на безрезервната љубов што сте ја размениле во текот на животот и ќе остане вечно така во космосот.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72
Исто така мајка ми почина од тумор на мозокот. Не е работата дали ќе и кажеш на таа личност - ти ќе умреш!!! Не можеше никој да го изусти тоа, тоа е нешто што никој не сака да верува и сите се надевавме дека ќе се изнајде некој начин. Секој во тие моменти верува и се надева на чуда, ем затоа што е болката преголема, потребни ни се одбранбени механизми, ем затоа што мораме пред самата личност да издржиме. Мислам дека најбитно во тој момент е сите да сме силни пред таа особа. Не да се маскира тоа што се случува, но мое мислење е дека не треба да се става акцент на тоа ТИ ЌЕ УМРЕШ! Мислам дека тогаш семејството треба да се држи колку може, да ја сподели својата љубов. Не велам да се правиме дека ништо не се случува, па јас ја гушкав мајка ми кога плачеше затоа што знаеше дека не е во ред нешто, зарем да и кажев: ќе ми недостигаш? Едноставно срцето не ти дава.

Најбитно е да добие топлина, а не информација. И не е работата сите да се предадеме на тоа дека таа личност ќе умре, ако ги кренеме сите рацете (во случај со мајка ми) немаше да остане уште десет месеци од операцијата, туку ќе си заминеше многу порано. Во ситуацијата ние сме им потребни на тие особи, а не гледам дека таа информација е од огромна помош. Да, сите ќе отидеме од тука еден ден, и лесно ни е од оваа перспектива да си помислиме: Сакам да ми кажат, ќе го живеам секој ден како последен. Иронично, но вистинито е дека и сега можеме да го живееме секој ден како последен затоа што нели, не знаеме што ќе не снајде, но кога ете, човек е болен од нешто, кога ние би биле и кога ќе се сетиме што се оставаме зад нас, кој мали дечиња, кој родители, најдобриот пријател, братот, сестрата - мислам дека нема да може баш тогаш да ужива. Може само да глуми дека ужива, но која разделба е пријатна? Лесно е да се каже од страна теоретски што е правилно, но не верувам дека во праксата е секогаш така едноставно. Сите сме (па дури и јас) јаки теоретичари, но праксата ни е слаба страна:jaj:
Ќе се надоврзам со еден актуелен случај во јавноста, малото девојче од Кавадарци мислам дека беше. Сите рипаме и скокаме дека фондот одбил да финансира нејзина операција во странство. Осудивме се живо....
Да се вратам назад, кога се појави рецидивот кај мајка ми после првата операција тоа беше знак дека дијагнозата си е точна, типот на карциномот си го прави своето и дека и втора операција може само да биде продолжување на маката. Направивме и втора операција само заради тоа што хирургот(Лозанче) беше наш пријател, и самиот свесен дека тоа е џабе, најверојатно и тој имаше некоја надеж за чудо и опоравување. Помина и втората со последици по говор и свест....
За девојчето од Кавадарци, ако болеста е терминална и ако операцијата нема да направи ништо, треба достоинствено да се соочат и родителите со проблемот, но и јавноста. Не сакам ни да замислам колку е тешко на свое дете да не можеш да му помогнеш, ете и јас во некоја слична таква ситуација, зарем требаше по телевизии да излегувам и барам операција во Шведска бидејќи има некоја понапредна операциона метода. Само ќе се продолжи маката и очајот во семејството.
Тешко е во секој случај и секој може да каже по некоја паметна работа, се е тоа во ред, ама многу е лесно така да се разговара, рационалноста важи само додека гледаш од страна, кога ти се случува лично на тебе тогаш нема ни логика ниту рационалност.
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Друго е Пеце ти што мислиш, друго е јас што знам... затоа што за ова имам правено муабет и со татко ми и ги знам муабетите на мајка ми, така да не е баш претпоставка.. И плачењето? Тоа значи дека била среќна? Знам дека не беше.

Јас не наметнав мое мислење и не прифаќам да ми се наметнува од овој тип.. јас го преживеав на своја кожа, а реалноста е тоа дека секој различно реагира. Тоа што мислите дека е правилно - направете го, јас што сум мислела, веќе е завршено. Нема што да се правдам и да објаснувам што е исправно и зошто тоа сме го направиле, само споделив каква ми беше мене дома ситуацијата и дека далеку е од едноставно да се става пред личноста која е болна акцент дека ќе умре.
 
Немав намера да наметнам никакво мислење, напротив сакав да ти укажам на тоа дека секое мислење за ваквата ситуација ти ствара свесно или несвесно гнев, а гневот е „производител“ на секакви болести. Единствено што сакам во ситуацијава е да си помогнеш сама и да го ограничиш размислувањето за ситуацијата, а наместо тоа да веруваш и да знаеш дека се што се случило се случило во некој момент, на право место, во право време, и да веруваш дека и понатаму во космосот твојата мајка е присутна и ти ја дава истата љубов што ти ја давала додека била жива. Само така можеме да се ослободиме од гневот што го произведува умот преку размислувања за минатото.
 
Има нешто во ова, позитивниот став секогаш помага, не во насока да болеста ќе се повлече туку во прифаќањето на реалната ситуација и справување со неа. Тешко е во секој случај и секоја ситуација е различна, мислам дека борбата треба да се насочи во зачувување во интегритетот и достоинството на семејството. Љубовта пред или после смртта е немерлива.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Не ми е јасно зошто докторот не сака да му кажи?
Секој пациент има право да знае што се случува со него(освен ако роднините не сакале тој да дознае).
Како и да е тоа е голема грешка,затоа шо можеби има некаква надеж преку терапија да не се прошири ракот на останатите делови на телото.
Кога ќе дојде во безизлезна состојба тогаш треба да му соопштат дека има рак?
Мислам дека секој има право да знае шо се случува со него,колку и да е лошо негово е како ќе одлучи да се носи со ракот.
Затоа шо знам и мене матичнион нишо не ми кажуваше пред време,а сега ко ми кажа два-три дена пред да се случи то.. подруго е(барем кај мене).Многу е поголемо разочарувањето.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
јас да имам рак колку и да е тешко тоа да се соопшти, на човек на кој му преостануваат недели или месеци живот, мислам дека е најсоодветно да му се каже, пошо ако јас знам дека имам уште толку време до крајот, ќе направам се за да бидам среќна тоа време и да си исполнам колку можам повеќе од плановите што сум ги имала за во иднина.
тоа што луѓето знаат дека има рак и дека деновите му се избројани на некој начин е предност, пошо он може тогаш да си планира што сака да направи, како и со кого сака да го поминува времето за послените денови од животот да му бидат среќни. за разлика од некој што ненадејно на пример ќе почине во сообраќајка и само така до тој момент живеел, дишел, постоел, а веќе во следниот го нема засекогаш. кај него добро е тоа што има брза и безболна смрт (ако е починат 'на место'),а кај другиот што може да си го планира крајот на животот.
дефинитивно не го оправдувам тоа што не му кажуваат на човекот, пошо он кога тогаш ќе дознае, ама полошо ќе му биде пошо кога ќе знае ем нема да има време среќно да си го проживее крајот на животот, ем наместо да е среќен со блиските покрај него, он ќе биде лут и разочаран што таква една работа за која тој највеќе имал право да ја знае, зашто се однесува на него, му ја скриле.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Ќе се нафатам да започнам една премногу тешка тема.Седнав со мајка ми и ми кажа дека еден близок човек има рак.Јас ја прашав како ја примил веста и она ми рече со зборовите "Па дали си ти нормален,не знае"И почна кавга со мене како сум можел да бидам толку ГЛУП и да кажам таква глупоста.Јас ја држев темата дека човек не треба да крие такви работи и дека човекот си има право да си знае.Кријат од него,жената,децата па и докторите.Може и јас не сум во право но сепак се мислам дали има истомисленици како мене дека човек мора да си ја знае вистината посебно кога деновите му се избројани.
Јас дефинитивно сум за да ми кажат ако некогаш имам нешто така... Колку и да е тешко, можеби тивко ќе патам, ќе се плашам, ама повеќе сакам да знам дека имам изброени денови и да решам сама што ќе правам со нив... Не е фер да не му кажат на човекот, он највеќе има право да знае, за него се работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom