Изброени денови

I

Intex

Гостин
Сепак деновите му се одбројани поарно нека му кажи да си имаат неговите некои најбољи спомени со него и да си поживеат додека тој може.
Ако му кажат дека му се изброени, он ќе падне у депресија и нема да имаат позитивни спомени од него, а и он последните денови ќе ги помине у пекол. :(
 
P

Princ

Гостин
А ако не му кажат, ќе ги јаде грижата на совест до крајот на нивните животи, на сите нив. Од жена, до деца. Сите што знаеле.
Сепак, доколку ја одберат првата верзија (да му кажат), штетата е многу помала.
 
pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
35
Ако му кажат дека му се изброени, он ќе падне у депресија и нема да имаат позитивни спомени од него, а и он последните денови ќе ги помине у пекол. :(
Ха. Зависи тоа е до карактер сепак мислам дека по би одговарало да му кажат зш така ќе можи на раат да си биде со своите, инаку би ги оставил изненадно..
 
S

smart ass

Гостин
Ако му кажат дека му се изброени, он ќе падне у депресија и нема да имаат позитивни спомени од него, а и он последните денови ќе ги помине у пекол. :(
Зошто у депресија...па евреите во конц логорите знаеле дека деновите им се изброенипане паѓале во депресија.

Поточно шансите за депресија се минимални односно од медицински аспект депресијата всушност е отсуство на серотонин(хормон на среќа го нарекуваат)...додека порано сметале дека депресивните личности се инатат и најчесто гималтретирале(ќотек,врзување...)тоа посебно 16-19 век...денес не е така.

Значи депресијата исклучете ја.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Не знам дали некој доктор може кривично да одговара ако ова го држи во тајност, ама и лично не ми се верува да постои некој таков што би го скрил од пациент, освен можеби доколку станува збор за некој близок па не може да му ја соопшти веста. Можеби треба да се разговара со некој како е најлесно да се соопшти ваква вест, меќутоа никако не треба да се крие!
Не ме држете за збор ама мислам дека и во пракса е влезено докторите тоа да го соопштуваат на најблиските,а на пациентот не.Сега ако има некој на форумот од таа област може ќе знае да одговори.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Апсолутно треба да ја знае вистината и тоа првенствено за да има време да си се збогува со најблиските.Никој не сака да биде “гласникот“ во вакви случаи и затоа мислам дека е најдобро лекарот на што е можно полесен начин(ако воопшто постои таков) да му ја соопшти состојбата.Има право човекот на тоа и за мене би било посурово да се крие отколку да се каже.
Точно,првата реакција нормално е да биде застрашувачка,но порано или подоцна сите се помируваат и се трудат максимално да го искористат времето што им преостанува.
 
Член од
4 октомври 2009
Мислења
257
Поени од реакции
13
Jaс би кажала едно дека човек има право да знае што му се случува на него и да се соочи со вистината можеби во такви моменти сака да сподели многу работи со блиските да каже нешто што не го кажал до тогаш навистина е тешко,но сепак мислам дека треба да знае и да ужива во секој момент од животот :(
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Не ме држете за збор ама мислам дека и во пракса е влезено докторите тоа да го соопштуваат на најблиските,а на пациентот не.Сега ако има некој на форумот од таа област може ќе знае да одговори.
Од искуство ќе ти кажам дека прво им соопштуваат на најблиските, па тие одлучуваат дали ќе кажат или не. Тежината на соопштувањето може да ја сватиме само во оној момент кога ќе ни се случи таква ситуација, се` претходно е многу лесно да се каже како коментар. Болен човек, посебно со таква тешка болест, е многу ранлив и психички поинаков од оној што е здрав. Самата ситуација на беспомошност и зависност од другите уште повеќе прави да се чувствува психички лошо и ти во таква ситуација треба да му соопштиш дека му е дијагностициран канцер. :icon_conf
Јас одбрав да бидам себична и да не ја кажувам точната дијагноза и забранив на се` живо околу мене да кажува. Само кажав дека е потешка болест и дека сите треба да се бидеме спремени на се` што таа носи.
Од овој агол, денес, по година дена од неговото починување, верувам дека знаеше за каква болест се работи, иако јас никогаш не го изустив зборот.
 
Ако не примети јас ја започнав темата и дадов мал вовед.Искрено тука сме да си кажеме свое мислење иако темата е тешка и пазам што ќе кажам да не дојде до расправии.Ако кажам дека не те оправдувам ќе очекувам да ми речеш ПА ТИ НЕ СИ БИЛ ВО МОЈА СИТУАЦИЈА.Јас ќе го повторам дека мое мислење е дека треба да му се каже.Може претчуствувал ама не бил сигурен зашто си рекол ЕЈ ТИЕ СЕ МОИ ЛУЃЕ НЕ БИ КРИЕЛЕ ОД МЕНЕ?Што ако останал недоречен?Со секоја почит неќам да го сватиш лошо муабетов и не те обврзувам да ми одговориш.Сепак форумов е за споделување искуства и размислувања.Позз:smir:
 
Види, кога ќе изгубиш близок човек сосема ти е сеедно дали ќе ти ја оправдаат одлуката или не. :) Друго, од моментот кога ќе ти ја соопштат веста за болеста, па понатаму низ сите трчања со цел да ја надмудриш и претркаш истата (а знаеш дека трчаш мртва трка) те прават многу нечувствителен кон останатите мислења и совети.
Убаво велиш дека на темава споделуваме искуства и јас си го кажав моето. Како и за сите останати работи, така и за мојата одлука има позадина и знам дека таа одлука за некажување ми беше најправилна, но тоа не значи дека му ја наметнувам и на некој друг како решение. :smir:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
На човек кој е болен од рак и кој е во последен стадиум без можност да му се помогне треба да му се овозможи секој ден да го живее што поквалитетно ,доколку му се каже дека тоа му се последните денови истите ке ги помине во грижи,страшни депресии,тага за најблиските што ке напушти...гледајки од тој аспект, сметам дека треба да се сокрие, со цел деновите до последниот ден да ги проживее поспокојно..
 
M

M del Mar

Гостин
Темава е комплексна!
Од една страна треба на личноста да и се овозможи последните денови од својот живот да ги помине што е можно најубаво со своите најблиски и афкорс да и се даде можност да си исполни дел од своите животни желби!Но ефект од сето тоа ќе нема ако ја дознае својата сурова вистина, премногу мисли, грижи....
Од друга страна па и не е во ред да се крие такво нешто...
Можеби и се зависи од психата на личноста, но во такви моменти кој знае што се не се дешава внатре во човекот :toe:
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586

Мноогу зависи од психата на човекот, зависи и од тоа како ке дознае, и од тоа уште колку има до крај.

Во принцип мислам дека треба да се соопшти на личноста, сепак лажната надеж не е арна, вака, ако му се соопшти на добар начин, начин за кој знаеме дека ќе направи минимална штета.Да има максимална поддршка од блиските, со тоа да му се направат последните денови убави, е многу подобро, одколку да се крие, додека да дојде до последните неколку денови кога веќе неможе да се крие, или самата личност ке сфати. Тогаш би било многу полошо мислам јас. Ќе испаднат блиските негови “геј“.
 
Член од
6 мај 2006
Мислења
611
Поени од реакции
50
не верувам дека станува збор за незнаење дека има рак туку незнаење дека е terminal, односно дека му се изброени деновите. Не сум компетентна да дискутирам дали е подобро да знае или да незнае иако имав и јас фамилијаен сличај каде што не му се кажуваше односно.. му кажуваа сите дека треба да си ги прима лековите и да води здрав живот и ке биде се ок. иако се знаеше дека не е баш така..... сепак добро е да се има надеж and who knows.. несакам ни да го замислам чувството да знаеш дека имаш уште толку и толку живот... што попрво.. иако повеќето си осеќаат и без да им се каже во последните денови. колку што сум чула од луѓе. лично не сум била околу некој ваков случај чисто бидејки неможам некако да се носам со сето тоа. не се осекам доволно силно.... како што иде песнана.. здравје боже ништо друго не треба.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72
Види, кога ќе изгубиш близок човек сосема ти е сеедно дали ќе ти ја оправдаат одлуката или не. :) Друго, од моментот кога ќе ти ја соопштат веста за болеста, па понатаму низ сите трчања со цел да ја надмудриш и претркаш истата (а знаеш дека трчаш мртва трка) те прават многу нечувствителен кон останатите мислења и совети.
Убаво велиш дека на темава споделуваме искуства и јас си го кажав моето. Како и за сите останати работи, така и за мојата одлука има позадина и знам дека таа одлука за некажување ми беше најправилна, но тоа не значи дека му ја наметнувам и на некој друг како решение. :smir:
Апсолутно истата ситуација ја имав дома, мајка ми почина од тумор на мозок пред помалку од година. Во однос на тоа дали докторот кажал или не дека деновите се одброени, сеедно е, сите се свесни што се случува само што никој не сака да го изусти истото. Кај ракот неговиот тип практично ги одредува деновите, меѓутоа и тука не е лесно да се одреди точната временска рамка, се случувало и најлошите типови на рак(најбрзо што се размножуваат и шират) да се повлечат и тогаш одбројаното време не важи. Колку и да е човек психички силен, сепак ќе падне кога ќе му се соопшти ваква вест. Најбитното кај ваквите терминални болести е психичката состојба не само на болниот туку и на семејстовото, болниот кога тогаш ке отиде, мора да се остави барем колку толку здрава средина позади него, колку се може секако. Мајка ми не го знаеше типот на карциномот, дека е еден од најлошите, меѓутоа во последните месеци на боледувањето во очите и се гледаше дека е свесна за крајот кој се ближи. Мислам дека знаеше и порано меѓутоа мислам дека не сакаше да покаже пред мене и сестра ми. Нејзината храброст во овој случај беше во тоа што во ниеден момент не покажа слабост ниту откажување од борбата иако беше залудна, само да не остави деца со товар кој ќе им биде препрека во животот кој понатаму следува, фала ти мамо.

Овој пат прогнозата беше точна, 18 месеци од откривање на болеста, првична прогноза 18-22 месеци.

Една порака до семејствата кои го преживуваат ова, на почеток се изгледа трагично и безизлезно, можеби е така, гледајте да дојдете до степен оваа промена на животот покрај лошите работи да донесе и некоја добра, зближување на семејството, свесност за некои негативни работи како замарање со работа, пари дека не носат никакво арно итн.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom