- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.808
- Поени од реакции
- 33.644
Се убив од барање на теми каде се дискутира за музиката од поранешна Југославија, и освен една за разликите меѓу македонската и југословенската музика, и друга за New Wave правецот, не најдов ништо друго. Можеби многумина ќе ми замерат за тоа што отворам ваква тема, но колку и да сака некој да го негира тоа, ние бевме дел од таа творевина, и (некои помалку, други повеќе) пораснавме со таа музика. Темава има за цел да ни ги врати во сеќавањата сите рефрени од детството/младоста, и помладите да ги запознаеме со истите, а и - заедно да ја избереме песната која би можела да го добие епитетот - ХИТ НА СИТЕ ВРЕМИЊА.
Изборот го замислив на поинаков начин. До најдобрата песна ќе дојдеме етапно, преку дуели (случајно одбрани) помеѓу две песни. Секој дуел ќе трае (минимум) еден ден - гласањето ќе завршува во 20:00, а ќе се гласа тука, со коментари во самата тема. Песната со повеќе гласови ќе оди во следната етапа, додека таа со помалку гласови - отпаѓа од конкуренција. Сите гласови по 20:00 часот, до објавување на следниот дуел (доколку има такви) нема да се бројат. Членови со помалку од 50 комнентари нема да може да гласаат, за да се избегне креирањето на лажни профили и гласање од нив.
Но, многу е важно пред се да ги избереме песните кои ќе се натпреваруваат. Јас имам листа од 172 песни, која можете да ја прегледате овде: https://docs.google.com/spreadsheet/ccc?key=0AojTqu2DcrW7dExKVS1EUlAySUhENWFmR1BZRlREMVE . До утре, 04.12.2012, 18:00 ги очекувам сите ваши предлози на песни кои сум заборавил да ги додадам на листата (и мислења - доколку сметате дека некоја од песните треба да се тргне од листата. Правила за песните: да не се фолк песни, и да се издадени пред 1990 година во некоја од државите од поранешна Југославија. Избегнувајте да ставате македонски песни, затоа што не би сакал да бидеме пристрасни при гласањето (сепак, на листата веќе има неколку такви, кои биле хитови и надвор од територијата на Македонија во тоа време).
По изборот на сите песни кои ќе се натпреваруваат, ќе следат:
-Елиминациона фаза: неколку дуели кои ќе помогнат бројот на песните да се намали на 128. Бројот на дуелите зависи од тоа колку песни ќе бидат пријавени. Песните кои ќе се најдат во елиминационата фаза ќе бидат избрани по случаен избор.
-Прво коло: 128 песни поделени во 64 дуели
-Второ коло: 64 песни поделени во 32 дуели
-Трето коло: 32 песни поделени во 16 дуели
-Осминафинале: 16 песни поделени во 8 дуели
-Четвртфинале: 8 песни поделени во 4 дуели
-Полуфинале: 4 песни поделени во 2 дуела
-Финале: дуел со најдобрите 2 песни
Од ова може да видите дека за да го добиеме победникот ќе бидат потребни околу 150-тина денови. До крајот, ќе слушаме музика, ќе се забавуваме и потсетуваме на времињата кои за жал (или за среќа), никогаш нема да се вратат. Сакам да се заблагодарам на Forrest Gump кој како модератор на Музика, ќе биде од огромна помош во организацијата на изборот.
Значи, до утре - 04.12.2012, 18:00 ги очекувам вашите предлози и сугестии!