Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
И таа приказна за 2014 е излезена од истата онаа кујна која манипулираше со нас во последниве години а која се помалку има влијание... Прочитани се од една страна а од друга веќе не се корисни за своите наредбодаваци (издувани балони) и полека ама сигурно си одат во историјата сите играчи на оваа монстроузна кујна која ни загорчи животот во последните 18 години...

Немој така да викаш за коалиционите партнери
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
ЕДЕН ЗА СИТЕ... СИТЕ ЗА НА ЛОГОПЕД!..
Кога за Иванов сите зборат дека е сељак, дека не знае два збора, дека е прост, а никој не спори со неговите ставови тоа е само уште еден показател за неговата личност. Инаку ако имаш барем малце доблест, погледни го видеово па потоа зборувај за човекот.


Не се пали на провиднава соросоидна кампања.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Фрчкоски даде лажна изјава за ДИК!”

Автор: Александар Божиновски


Јавно ја поднесувам иницијативата за проверка на точноста на изјавата на Љубомир Фрчкоски дека не бил соработник или наредбодател на службите за државна безбедност од идеолошки причини. Јас тврдам дека претседателскиот кандидат во својата изјава заверена во Државната изборна комисија лаже. Ова го правам на овој начин, јавно, затоа што поинаку и не можам. Едноставно, комисијата за лустрација нема канцеларија, нема архива, нема печат, а македонскиот граѓанин мора да знае за каков претседателски кандидат се работи.

Ова за „Нова Македонија“ го изјави Јордан Ристовски од Канада, еден од многуте жртви на контраразузнавачките служби и на наредбите за следење од идеолошки и политички причини.
„Фрчкоски во периодот од 1992 до 1996 година како министер за внатрешни работи издавал наредби со кои се повредени моите права, гарантирани со Уставот. Тој не ја кажува вистината“.

Кумановецот Петровски вака и се обраќа на комисијата за верификација на факти (попозната како комисија за лустрација) во Собранието. Под псевдонимот Црни, Петровски бил следен и прислушуван од СДБ како член и финансиер на тогаш опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот на СДСМ и другите кандидати, во согласност со новите законски прописи, мораше да достават нотарски заверена изјава дека не издавале наредби ниту биле корисници на информации со кои се прекршувани или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од политички или од идеолошки причини.

Во неговиот обид да ја спречи кандидатурата за претседател на Фрчкоски, овој поранешен бизнисмен, сега политички азилант во Канада, се соочил со неочекуван проблем - комисијата не функционира, нема простории, нема печат, и тоа во момент кога е најпотребна, пред изборите.

Агим Мехмети, претседателот на комисијата за лустрација, само ги крева рамениците.

- Запознаен сум со таа иницијатива, но што да правам кога сè уште не е во функција комисијата за верификација на факти. Требаше да профункционира од завчера, но катот во МРТВ што ни е доделен не е подготвен. Јас правам сè што е во моја моќ - вели Мехмети.

Азилантот Петровски во 2000 година си го подигнал досието од МВР. Тврди дека наредбите за негово следење се давани со наредба и потпис на Фрчкоски. Во неговото досие стои дека тој се занимавал со разузнавачка активност. Како член и финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, според досието на Службата за државна безбедност, тој контактирал со Огњан Петров, началник на одделение при Министерството за трговија на Бугарија. Оперативецот на СДБ тврди дека има потврдени сознанија дека Петров е агент на бугарската тајна служба. Петровски како претставник на ВМРО-ДПМНЕ требало да обезбеди максимална поддршка на Бугарија за вмровските фирми. Меѓутоа во 1993 година, СДБ утврдила дека прислушувањето на телефоните „не ги дало очекуваните резултати“ и решиле да престанат со следењето. Од имињата со кои Петровски телефонски разговарал во очи паѓаат Љубиша Георгиевски и Томе Далавера (Томислав Стојановски, таткото на Драган Даравелски).

За претседателскиот кандидат Фрчкоски ова се подземни игри.

- Немам коментар. Мислам дека станува збор за истата личност што поднесуваше кривични пријави пред извесно време. Јас не коментирам полициско-политичко подземје - ни изјави Фрчкоски.

Петровски лани понесе кривична пријава против Фрчкоски поради прогонот од МВР, но таа беше отфрлена од обвинителството поради застареност.

„Поднесов кривична пријава против Фрчкоски, Томислав Чокревски, Слободан Богоевски, Зоран Верушевски, Сиљан Аврамовски и другите полициски функционери, кои, со намера да ми нанесат штета од идеолошки и политички причини поради мојата политичка определба како припадник и финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, во 1992 година ми отвориле досие под псевдонимот Црни и на тој начин повеќе години противуставно и незаконски собирале сознанија за мојот приватен и деловен живот, со тајно следење и набљудување, тајно фотовизуелно снимање и документирање, тајна контрола на писма и други пратки, прислушување телефон, и притоа добиените сознанија ги користеле за планско, систематско, организирано и смислено дискредитирање на мојата личност и семејство, како и уништување на мојот бизнис. Доказите се недвосмислени. ‘Независната’ обвинителка Драгица Михајловска во јануари ја отфрли мојата пријава поради тоа што наводно изминале 10 години од правењето на последната службена белешка на СДБ, која ја поседувам. Мал проблем е што последната белешка од мојот прогон, која ја имам, датира шест месеци пред истекот на рокот“, изјави Петровски лани на 29 септември за „Нова Македонија“.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&EditionID=350&top=1&ArticleID=21047
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42

- Немам коментар. Јас не коментирам полициско-политичко подземје - ни изјави Фрчкоски.
Јас под псевдонимот полициско-политичко подземје го глеам баш Фрле. Не знам дали да се смеам на глупоста на овој човек или да плачам што е Македонец (грешка Северномакедонец).
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Во неговото досие стои дека тој се занимавал со разузнавачка активност. Како член и финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, според досието на Службата за државна безбедност, тој контактирал со Огњан Петров, началник на одделение при Министерството за трговија на Бугарија. Оперативецот на СДБ тврди дека има потврдени сознанија дека Петров е агент на бугарската тајна служба. Петровски како претставник на ВМРО-ДПМНЕ требало да обезбеди максимална поддршка на Бугарија за вмровските фирми.


:vozbud::vozbud::tv::tv::pipi:
И сега Фрчко е крив а ?
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24

Ванчев дали е овој истиот човек со кој Грујо не сакал да разговара во Канада или јас сум грешка?
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Да не е грешка нешто со презимето ??? Ванчев ?
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Intelcho, citiraj dokraj....so lagi i manipulacii stasavte do tuka:


Меѓутоа во 1993 година, СДБ утврдила дека прислушувањето на телефоните „не ги дало очекуваните резултати“ и решиле да престанат со следењето.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Да не е грешка нешто со презимето ??? Ванчев ?
Цццц не ме збунувај ,јас го прашам Ванчев за овој Петровски дали е тој истиот од пред некое време! :)
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Кога за Иванов сите зборат дека е сељак, дека не знае два збора, дека е прост, а никој не спори со неговите ставови тоа е само уште еден показател за неговата личност. Инаку ако имаш барем малце доблест, погледни го видеово па потоа зборувај за човекот.


Не се пали на провиднава соросоидна кампања.
Можеби е паметен,јас не го негирам тоа,меѓутоа зошто таа интелегенција не ја искористи во дуелот со Фрчковски,цело време избегнува да дебатира,зошто?Не ми е јасно само како тој ќе не внесе во ЕУ,или на договорените седници со Грција,ќе бега од Бакојани.

Pozdravete go Ivanov od Ljube i Frchko
Ќе коалицираат овие двајца,така ми мириса,така да тие што гласаа за Љубе,или нема да гласаат во втор круг,или ќе гласаат за Фрчко,да сакаа толку Иванов да победи ќе го изгласаа уште во првиот круг.
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Можеби е паметен,јас не го негирам тоа,меѓутоа зошто таа интелегенција не ја искористи во дуелот со Фрчковски,цело време избегнува да дебатира,зошто?Не ми е јасно само како тој ќе не внесе во ЕУ,или на договорените седници со Грција,ќе бега од Бакојани.

Ќе коалицираат овие двајца,така ми мириса,така да тие што гласаа за Љубе,или нема да гласаат во втор круг,или ќе гласаат за Фрчко
Тоа е затоа што човеков е многу паметен. Кога не излегуваш на дуел, другите сите те напаѓаат и ти во очите на народот си жртва и гласаат за тебе. Затоа ВМРО никогаш не излегува на дуели со СДСМ во последни 3 4 години и ги убива на избори.

А за ова дека патриотите што гласале за Љубе ќе гласаат за Фрче, многу гледаш научно фантастични филмови, неам друг коментар.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
39
Поени од реакции
1
Интересен напис во Вечер:

СДСМ го пумпал Љубе и се преполовил како партија

http://vecer.com.mk/?ItemID=1637B63465BF3D47B569D6A8E1B05437

Значи ли ова дека голем број на гласови од СДСМ заминале кај Брат Љубе?
Значи ли ова дека ако гласале за Фрчко тој ќе беше прв?
Значи ли ова дека лудиот и збунетиот имаат пауза после онаа работа?
Дури сега ми е јасно дека ништо не ми е јасно:uvo:.:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom