Изборите во Грција: ќе пукне ли конечно јужниот сосед?

S

Shaman

Гостин
Како читам има голема можност да нема пак победник и да не дава Господ да се оди на трети избори.
Борбата е jaсна - еврозона, драхма или привремено мешане и на драхма и на евро.
Нова Зора - ке има помалце избирачи поради тоа што се деси во етерот со нивниот пратеник.
Мислиш на Златна Зора.
Нова Зора е медиум на Македонското малцинство во грција.
 
Член од
10 мај 2012
Мислења
15
Поени од реакции
18
има некои првични резултати ??
Има.

Нова демократија минимално води со половина процент пред Сириза на денешните предвремени повторни парламентарни избори во Атина, покажуваат излезните анкети што ги објави грчката државна телевизија НЕТ (ЕРТ).
Според анкетите што ги спровела компанијата Алко за НЕТ, досегашниот 80 процентен примерок од излезните анкети покажува дека Нова демократија освоила од 27,5 до 30,5 проценти од гласовите, Сириза од 27 до 30, ПАСОК од 10 до 12, Демократската левица 5,5 до 6,5, Комунистичката партија од 5 до 6, Златна зора од 6 до 7,5 и Независни Грци од шест до 7,5 проценти од гласовите.
Според излезните анкети на приватната телевизија Скај, Сириза освоила од 25 до 31 процент од гласовите, Нова демократија од 25 до 30, ПАСОК од 11 до 15, Незавизни Грци од 6 до 9, Демократската левица од 6 до 9, Комунистичката партија на Грција од 4 до 7, и Златна зора од 4 до 7 проценти од гласовите.
И според излезните анкети на телевизиите Алфа, Мега и Антена, Нова демократија освоила повеќе гласови од Сириза, но сепак се работи за половина до еден процент, така што бројките се менуваат на секоја минута.
Фирмата „Сингулар Лоџик“, која е одговорна за собирање и дистрибуирање на изборните резултати, соопшти дека првата „сигурна“ проценка на резултатите од изборите би требало да биде објавена околу 22 часот по локално време.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
220
Конечно добри вести од Грциjа!
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Конечно добри вести од Грциjа!
Тежкотиите сега идат. Просто избраха подолгиот пат, но и исто така мачителен.Сега треба да имплементират за да получат парите за да не фалират.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.317
Поени од реакции
26.245
Нова Демократија ја донесе Грција во ваква ситуација, изгуби власт, ПАСОК се истроши до максимум поправајќи ги нивните глупости и сега ќе биде употребен за да се врати НД на власт. :D Секоја чест. СИРИЗА само трпеливо ќе чека спроведување на непопуларните мерки, ќе биде популистички против и ќе прошета на следните избори, кога ќе биде многу поблагодарна работа да се биде власт во Грција. Тоа и беше целта на Ципрас, верувам дека највеќе слави сега. Единствено ПАСОК изгуби на избориве и ќе биде делегитимиран како партија (барем голема партија) бидејќи нема место за две големи леви партии во Грција.

Од искуството на ПАСОК може да учи една партија во Македонија. :D
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707

Ова е најточно Нова Демократија си се луксузираше дури и олимписки игри направија.Овие Пасок и Папандреу ја земаа земјата на работ на банкрот ако не се лажам Нова Демократија имаа и фалсификувано документи со кои ја лажеа ЕУ за состојбите со дефицитот.
Папандреу ја имаше задачата на кратења намалување плати ЕУ до максимум го понижи .Пасок испадна црната офца на следни избори сигурно и ќе ѓи нема.
 
Одлука на ПАСОК било да се аплицира за домаќин на игрите, НД доаѓа на власт неколку месеци пред истите да се случат. Ама сепак, Папандреу нема вина за тоа и беше само жртвено јагне. Инаку, да, НД има фалсификувано документи, дури и дел од пензиите ги имаат извадено од буџет како ставка само за прикажат помал дефицит. :pos:
 
М

Мартин`

Гостин
Готово веќе 99.62 % од гласовите се пребројани и победник е Нова демократија со 29.65 проценти од гласовите или во превод 1.819.706 гласови, втора партија секако е Сириза со 26.89% (1.650.095 гласа) и трета партија е ПАСОК со 12.28% (753.575 гласа).

Нова демократија и Пасок заедно имаат 162 пратеници од 300 пратеници ..
Сириза 71, Независни Грци 20, Златна зора 18, Димар 18 и ККЕ 12 пратеници.

Ако ме прашувате мене уште толку се заглавија јужниве :)
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
И викате слабо влада, пак...
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Ако ме прашувате мене уште толку се заглавија јужниве :)
Образложи.

ЕУ и Кина ги форсиаа НД и ПАСОК, имаше страшна стега врз медиумите, кој знае какви манипулации имало, а се во функција да не пропадне ЕУропскиот проект. Сепак, резултатот е пат позиција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom