има некои првични резултати ??
Има.
Нова демократија минимално води со половина процент пред Сириза на денешните предвремени повторни парламентарни избори во Атина, покажуваат излезните анкети што ги објави грчката државна телевизија НЕТ (ЕРТ).
Според анкетите што ги спровела компанијата Алко за НЕТ, досегашниот 80 процентен примерок од излезните анкети покажува дека Нова демократија освоила од 27,5 до 30,5 проценти од гласовите, Сириза од 27 до 30, ПАСОК од 10 до 12, Демократската левица 5,5 до 6,5, Комунистичката партија од 5 до 6, Златна зора од 6 до 7,5 и Независни Грци од шест до 7,5 проценти од гласовите.
Според излезните анкети на приватната телевизија Скај, Сириза освоила од 25 до 31 процент од гласовите, Нова демократија од 25 до 30, ПАСОК од 11 до 15, Незавизни Грци од 6 до 9, Демократската левица од 6 до 9, Комунистичката партија на Грција од 4 до 7, и Златна зора од 4 до 7 проценти од гласовите.
И според излезните анкети на телевизиите Алфа, Мега и Антена, Нова демократија освоила повеќе гласови од Сириза, но сепак се работи за половина до еден процент, така што бројките се менуваат на секоја минута.
Фирмата „Сингулар Лоџик“, која е одговорна за собирање и дистрибуирање на изборните резултати, соопшти дека првата „сигурна“ проценка на резултатите од изборите би требало да биде објавена околу 22 часот по локално време.