Игри на среќа?

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
леее...многу сум баксуз на овие, а брат ми е па ептен “гзлар“...

на плоштад како мали поминуваме со моите и брат ми, и на татко ми му текиња ај ке купиме грепки...јас и брат ми бираме по една, гребам ништо, брат ми гребе 50 ден (ситно али читај понатаму)....татко ми додава уште 10 и зимаме уште две грепки, гребам пак ништо, брати ми 150 ден...ја вријам...земаме уште по една грепка и јас по трет пат гребам и ништо брат ми уште еднаш 150 ден...не се многу али до толку јас баксуз да бев за игри на среќа....:tapp:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
во четвртокот фатив 25 000 во астра. Поминав топ викенд во Охрид, си купив нешо и остатокот околу 50 евра си ги чувам за црни денови.:pipi: И многу многу частев
 

jkd

one name one country united macedonia
Член од
13 септември 2007
Мислења
1.261
Поени од реакции
27
Баш тој филм и мене ме интересира, па реков може некој ќе го каже тука :pos: Сигурно не е забава да губиш толку пари, па и коли, и куќи ... све има кај нив :x
тоа е болест исто како алкохолизмот или наркоманијата сите други не гледаат ништо убаво али оние кои се заразени е тоа е друга приказна,а сега за мене играм редовно спортска и редовно сум си во ќар играм педерски али на крај на месец вадам една моја плата плус која богами и не е баш мала :baeh:
 
Член од
9 април 2008
Мислења
29
Поени од реакции
0
Обложување

Не знам дали темава е за тука, но јас ја сметам за општ муабет затоа што спортските обложувалници станаа секојдневие на македонскиот народ и немаше посебна тема за истата.

Но мене прашањето ми е друго. Прашањето ми е дали вие играте, односно уплаќате спортска и дали добивате?

Дали играте на трки со кучиња и дали се мами во истите од страна на спортските кладилници и дали е можно да се мами од страна на играчите?
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.551
Поени од реакции
22.308
Играм брате секој ден некогаш добивам а некогаш не:toe: ама нај често губам:smir:
 

Roswell

Tu Sei Tutta La Mia Vita
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.619
Поени од реакции
29
Мамење!?!

Зависи пиле дали можеш да се снајдеш во лавиринтот.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Да, се обложувам, минимум 4 ливчиња неделно.

За кучињата иначе, вака стојат работите: порано беше лента што врти цел ден истата, со 100-150 трки. После завршувањето на лентата почнува пак од почеток. Со едно другарче го воочивме то, сметивме околу 50 000 и не избркаа од обложувалницата.

Сега сите обложувалници имаат програм од 4 ГБ (со се трки) и се пушта онаа трка, на која победува кучето со најмалку уплати на него.

Ете ти како порано ние ги мамевме обложувалниците, и како сега тие не’ мамат нас.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224
Играм спортска скоро секој ден уплаќам.
За кучињата не сум пишал а и немам намера да пишам, инаку псоледен пат фатиф викендов.

пс- многу ретко факам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Има ваква тема во Хоби. Но македонскиот назив за кладилница е обложувалница.
Што се однесува до темата, интересно е еднаш - двапати во месецот да ставиш ливче, чисто колку да си ја пробаш среќата и инстинктот за натпревари. 50 - 100 денари, за занимација.
Но се` што е повеќе од ова е веќе претеризам и чисто губење на и тоа како денес потребни пари.
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
кладилница уплаќам од 4 одд мислам
играм редовно сум земал сум губел и така
секој ден уплаќам барем по 1 ливче а за викенти и коа има ЛШ и по повеќе ливчиња
и кучиња трчам кога има повеќе луѓе шо уплаќаат на кучињата тогаш играм седиме запишуваме кое куче победило и кој кое куче го уплаќа:pos2:све запишуваме финта нешо па на кучиња уплаќај на тоа куче што го немаат другите ставено
п.с уплаќај 30 секунди пред да почне трката а до тогаш стој таму и слушај ги кои ќе ги ставаат :vozbud:
а за фудбалов најлесно се фаќа сингл ставаш 1 000 и земаш паричка или ставаш 4 утакмици од по 1,30 за 2000 уплаќаш ако имаш и повеќе фаворитиве реал,челзи,милан...... и земаш пари ама и тие дупат некогаш
и еве некои совети
1. Никогаш не типувајте натпревар според вредноста на коефициентите. Ова е честа грешка на оние што се обложуваат. Не сите фаворити секогаш победуваат, па најдобро е да се одигра оној тип за кој сме најсигурни, без разлика на коефициентот.


2. Не верувајте премногу на “дојавувачите“ од кои првпат добивате наводно информација за сигурно наместен натпревар. Често на форумите и некои веб сајтови, се даваат погрешни и неточни информации за некои натпревари од страна на членовите на форумот, самите обложувалници, букмејкери (луѓето што ги формираат коефициентите).


3. Не обложувајте се по секоја цена. Ваквото обложување од навика, полека но сигурно води кон намалени шанси за профит. Едноставно, кога нема доволно понуда или кога има “сомнителни“ натпревари, треба да се апстинира од обложување тој ден, а не да се фатите на мамката на кладилниците. Треба да се почека погоден момент и поголем избор на натпревари, каде што ќе може да се направи добитен систем.


4. Обложувајте се на сигурно, т.е. со цел да добиете, а не само заради навиките стекнати кон обложување. Битот на обложувањето е добивката, така што играње по секоја цена нема да ви донесе профит.


5. Кога ќе составите тикет, не бидете алчни и не допишувајте уште еден или два пара само со цел да ја зголемите добивката. По некое непишано правило, токму додадените еден или два натпревара за зголемување на добивката, ќе ве оневозможат да добиете.


6. НИКОГАШ не вложувајте сума на пари кои не можете да си дозволите да ги загубите или кои ви се наменети за друга работа, а со цел да ги зголемите, вие ги ставате на коцка. Некогаш можеби ќе имате среќа и ќе добиете, но во повеќето случаи ќе останете и без тие пари што може да биде опасно.


7. Иако е тешко, обложувајте се заради забава, адреналин, возбуда, а не за добивка по секоја цена, па потоа да се нервирате ако не сте добиле. Секако дека обложувањето е поради остварување на профит, но не треба да се сфати многу сериозно. Сепак тука станува помалку и за игра на среќа, така што не можете секогаш да добивате.


8. Доколку сакате сериозно да профитирате од обложувањето, најдобра опција е да играте еден натпревар на тикет, т.е. СИНГЛ. Единствено на тој начин имате најголеми шанси за добивка. Секако за играње сингл се потребни повеќе пари, но така играат големите играчи. Во понудата на еден ден може да се најде барем еден натпревар кој ќе биде “100% сигурен“ во тековниот ден, да се уплати на него и да се добие. Сингл носи и големи добивки, но и големи загуби. Многу е битно да се направи правилен избор на натпревар како и одлуката за вложената сума.


9. Статистиката за две екипи може, но најчесто ништо не значи за крајниот исход на натпреварот. Многу побитна е моменталната форма на двата тима и значењето на натпреварот. Така, немојте премногу да се држите при типувањето до статистиката, бидејќи таа е варијабилна и постојано подложна на промени.


10. Бидете постојано информирани и следете ја промената на коефициентите. Тоа може да го сторите на разни веб сајтови, при што секоја голема промена на коефициентите треба да ви укаже дека на тој натпревар се вложуваат многу пари или можеби е наместен. На пр. ако коефициентот за победа на домаќините паѓа, тоа е резултат на големите уплати на победа на домаќините. Но, коефициентите можат да се променат и кога ќе се дојде до сознание за составот на тимовите, за повреда на некој клучен играч, суспензија и сл. Не е од пресудно значење, но пожелно е да ги погледнете варијациите на коефициентите пред да уплатите.


11. Никогаш не се залетувајте со констатацијата дека некој натпревар е 100% сигурен. Такви натпревари се навистина ретки и се навистина 100% сигурни само ако се наместени и Вие ја знаете таа информација. Значи, секој натпревар кој завршил со победа на фаворитот, не значи дека бил навистина 100% сигурен затоа што Вие сте мислеле така. Треба да се има во предвид дека секој натпревар може да тргне во спротивна насока од очекуваното. На пр. може да се повреди главниот играч, неправедно да се досуди пенал, некој да добие црвен картон и сл. Секогаш со резерва ги примајте информациите за да не се разочарате подоцна од резултатот...


12. Кога играат големи и мали екипи чест е случајот малите екипи да ги победат големите екипи. Тоа може да биде резултат на поголема мотивација кај малите екипи, но може да стане збор и за наместен натпревар. Избегнувајте ги таквите натпревари за типување со конечен тип и обично играјте ги на голови.


13. Наместен натпревар? Вистина или мит? Дефинитивно 100% вистина. На сите ни е познато дека фудбалот се повеќе се користи како индустрија за перење пари, поради што се случуваат многу нечесни и наместени натпревари. Има и веб сајтови кои ја користат наивноста на луѓето и бесрамно им земаат пари за наводно наместени натпревари, а всушност се далеку од наместени натпревари. Внимавајте да не станете жртва на таков бизнис...


14. НИКОГАШ не идете на варијанта се или ништо и не ги вложувајте последните пари на некој натпревар синл или наводно 2-3 “сигурни“ натпревара, само за да ги вратите евентуално загубените пари од претходните натпревари. Можеби ќе имате среќа и ќе добиете, но поголеми се шансите да ги загубите и последните пари. Кога ќе забележите дека едноставно не ви е денот и не успевате да погодите (а ви се случува тоа често:), направете пауза, одморете се и започнете со обложување од утре. Во обид да се вратите “во живот“, типувајќи несигурни натпревари само поради терминот на одигрување, можете да ги загубите преостанатите пари.
има коцкаришта на форумов ќе пишат и тие нешто сигурно хехе
и кој сака покана за во групата коцкари пишете :)
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Момент, има тука во Општи иста тема.
Едит: средено.
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
абе ај тава е незз кака да кажам 45345 ливчина не сум фанал малер ... а на кучињата кога играв пред година дена ного факаах а се од некни изфубих 500 ден за 2 дена
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
кладилница = залудно фрлени пари. вкупно имам сотавено 200 денари, а нема фатено ништо.
бинго - одамна немам играно
лото - нема во мк :)
грепки - одамна не сум гребел :)
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
кладилница = залудно фрлени пари. вкупно имам сотавено 200 денари, а нема фатено ништо.
бинго - одамна немам играно
лото - нема во мк :)
грепки - одамна не сум гребел :)
епа и ти сеа 200 ден вкупно тоа не се ништо
последно шо се сеќавам така "повеќе"пари шо изгорев на кладилница околу 7 000 за 2 викенда им ги оставив во спорт лифе
иначе порано бинго играв,грепки гребев ми текна пред некое време земав 2 ама нишо,лото неам пробано иначе покер така кај нас во фирма кога игра некој може да чукнам некоја рака мала-голема црна-црвена:pos2:
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Да, се обложувам, минимум 4 ливчиња неделно.

За кучињата иначе, вака стојат работите: порано беше лента што врти цел ден истата, со 100-150 трки. После завршувањето на лентата почнува пак од почеток. Со едно другарче го воочивме то, сметивме околу 50 000 и не избркаа од обложувалницата.

Сега сите обложувалници имаат програм од 4 ГБ (со се трки) и се пушта онаа трка, на која победува кучето со најмалку уплати на него.

Ете ти како порано ние ги мамевме обложувалниците, и како сега тие не’ мамат нас.
Да ти кажам во врска со кучињава ми текна еднаш можно е да се врти снимката па и не ми текнало да глеам.
Ќе тркнам некој ден ако е така пропадна корнер кладилницата благодарение на мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom