ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Малку офтопик ама поврзано со платите можеби и го имам спомнето во темава, една фирма пред нова година незнам како и што решиле да пратат онлајн честитка до вработените. Се убаво тоа, но дали по грешка дали пак и некој намерно во таа честитка имало и документ со информации по колку наплаќаат на клиентите за програмерите. Онака си имало информација колку пари за секој програмер зимаат од клиентите :pos:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.574

Постои ли подобра честитка? :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Апсолутно никој на никому не вика дека не е точно дека тој или таа не се наоѓал во ситуација во каква се наоѓал. Ама кога се прави муабет за општата слика во секторот, тенденциозно е да се гради на лично искуство.

Објективните критериуми на пазарот се овие:
Прегледај го приврзокот 299603

Секторот за кој збориме во 2010 имал 1301 вработен. Во 2019та (за жал тоа е последна година во која ДЗС имаат официјален податок) има 8385 вработени. Отприлика пораснал за 6 пати. И во тие 8300 луѓе (мислам дека сме над 10.000 денес, раст за 7 пати) нема многу сениори со 10+ години искуство. Теоретски може да имам максимум 1301. Иако не се ни толку, повеќе од пола од нив заминати во странство за време на гадните години.

Така да, прво, опасни сениори не постојат. Ова е пазар на претежно млади луѓе, во кој секој се снаоѓа според капацитетот.

Втор податок, просечната плата.
https://www.stat.gov.mk/publikacii/2021/Bilten 05 MAK.pdf страна 70
За првите 3 месеци годинава, на околу 10.000 вработени е 71.000 денари. Пред десет години, кога биле 1300 вработени била околу 26000 до 30000, немале ни посебна ставка. (https://www.stat.gov.mk/Publikacii/Bilten_04_10_M.pdf, страна 68 и 70).

Слободно најди било кој друг сектор во државава што толку го зголемил бројот на вработени, а притоа ја триплирал просечната плата.
Се слагам дека на пазарот се појавија некои нови фирми со сериозни проекти и платата на девелоперите порасна. Тоа е факт. Но имаш и фирми, ај да не речам мноштвото фирми кои се вечно во потрага по таленти и просечна возраст на вработените не надминува 24 - 25 години. Освен 4 - 5 лика кои имаат некои си титули ко consultant manager или service delivery manager и кои веројатно го лапаат целиот мед во договор со странските газди чии приходи се мерат во милиони евра. Е сега имаш и домашни девелопери кои не работат за фирми тука ама наплаќаат по 20 - 30 долари па и 50 долари од саат на клиенти кои сами си ги наоѓаат. Така да ова со колку е прекрасно во македонските фирми и во однос на плати и во однос на токсичност на опкружувањето го земам малку со резерва, можеби и јас не сум во право и се смениле некои нешта пошто и не сум во контакт одредено време.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Постои ли подобра честитка? :D
Најдобрата дигитална честитка за нова година :pos:
Секој за секого можел да види колку зима, а и колку фирмата наплаќа на клиентите. Веднаш се побуниле за платите :pos:
Им пратиле некој поклон пакет за нова година, цели тимови им ги имаат вратено пакетите веднаш преку пошта.

Им ја отворив страната на фирмата, точно 10 активни огласи имаат моментално :D
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.574
Се слагам дека на пазарот се појавија некои нови фирми со сериозни проекти и платата на девелоперите порасна. Тоа е факт. Но имаш и фирми, ај да не речам мноштвото фирми кои се вечно во потрага по таленти и просечна возраст на вработените не надминува 24 - 25 години. Освен 4 - 5 лика кои имаат некои си титули ко consultant manager или service delivery manager и кои веројатно го лапаат целиот мед во договор со странските газди чии приходи се мерат во милиони евра. Е сега имаш и домашни девелопери кои не работат за фирми тука ама наплаќаат по 20 - 30 долари па и 50 долари од саат на клиенти кои сами си ги наоѓаат. Така да ова со колку е прекрасно во македонските фирми и во однос на плати и во однос на токсичност на опкружувањето го земам малку со резерва, можеби и јас не сум во право и се смениле некои нешта пошто и не сум во контакт одредено време.
Ако се мноштвото фирми такви, како бројот на вработени е пораснат од 1300 на 10000? Далеку се тие фирми од мноштво, Сивус сами веројатно имаат х5 вработени од сите тие фирми заедно.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Ако се мноштвото фирми такви, како бројот на вработени е пораснат од 1300 на 10000? Далеку се тие фирми од мноштво, Сивус сами веројатно имаат х5 вработени од сите тие фирми заедно.
Да, Сивус можеби има повеќе вработени. Но мислам дека ги потценуваш таквите фирми, последната таква фирма во која работев, а ме примија ко џуниор и практично не ми покачија плата 2 години иако ме ставаа на повеќе проекти сам да работам има над 120 луѓе во мемонтов и отвори втора канцеларија во Скопје. Главен таргет им се факултетлии и сега гледам и тие имаат graduate програми итн.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.574
Да, Сивус можеби има повеќе вработени. Но мислам дека ги потценуваш таквите фирми, последната таква фирма во која работев, а ме примија ко џуниор и практично не ми покачија плата 2 години иако ме ставаа на повеќе проекти сам да работам има над 120 луѓе во мемонтов и отвори втора канцеларија во Скопје. Главен таргет им се факултетлии и сега гледам и тие имаат graduate програми итн.
Ако нашле над 120 луѓе што ќе им седат 2 години без покачување, секоја им чест. Јас работам во фирма од 200+ луѓе, и нема ни 5 такви. :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Ако нашле над 120 луѓе што ќе им седат 2 години без покачување, секоја им чест. Јас работам во фирма од 200+ луѓе, и нема ни 5 такви. :D
Ко за џуниор ќе ти дадат солидна плата, остатокот е тим билдинг во Барселона, дружба со колегите и секоја недела кафана не ретко на сметка на фирма, избери си службен телефон до 300 евра, поклони од 100 евра за роденден и слични финтици.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Ако нашле над 120 луѓе што ќе им седат 2 години без покачување, секоја им чест. Јас работам во фирма од 200+ луѓе, и нема ни 5 такви. :D
Има такви фирми еден куп, а во суштина и да сакаат да му платат повеќе не се ни во можност (работат со помали клиенти надвор, работат со тукашни фирми и институции).

Член од најтесно семејство ми работи во слична (.нет, риект), почетните плати на џуниорите уште им беа околу 400 евра, после прва година 500-600, после 2 години 700-800 евра, сениори имаат едвај 4ца и мислам дека сите до еден земаат различна плата оти се тотално различна област.

Почетна плата од 800 евра јас искрено освен кај тие 5-6 фирми кои работат со огромни корпорации не сум видел.

@zmej gorjanin ако паметам спомнуваше дека работиш php, генерално во open source делот мислам дека е многу тешко да се изваде големи саатници оти се ретки големи фирми кои го користат (ова од мое досегашно искуство од аспект на пајтон/постгрес нешто ситно со ms sql). Овие што се повеќе на „ентерпрајс технологии“ (java, oracle, .net) мислам дека од сам старт се во предност за преговори на цени со тоа што работат со гиганти. Друг аспект е во која индустрија работат, ако работиш во индустрии кои вртат повеќе кеш можеби и ќе извадиш и ти.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Некст сенс пред 5-6+ години на почетници даваа договор на 2 години, ако напушти во тие 2 години треба парите да ги врати. Вака некако беше знам некој што прифатија и некој што им рекоа фак оф.

Пхп кој повеќето што не го работат го умираат веќе подолго време(вклучително и јас). Додека реалноста е друга. Во однос на платите во македонски фирми, најголемата плата што јас ја имам слушнено што ја зима некој беше 3 500 евра нето. Ова беше пред 3-4 години и сега може и повеќе да е. Инаку ПХП работи дечкото што ја зима таа плата :D
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2020
Мислења
240
Поени од реакции
905
Немам работено и не е фер и коректно да јадам гомна за нештово, али ќе пробам да дадам мислење. Од кога сениор се смета со 3 години искуство и плата да се бара над 2.000 евра? Јас мислам дека хајпов треба малце да се намали, не да бараат кафеав шеќер и авокадо да имаат во кујната, туку да отворат некои graduate програми, многу дечки дипломирани ( и јас во нив) и со академии или курсеви чекаат на нештово. Еве молба од мене до вас тука што се со искуство над 5+ години, предложете такви некои програми, пракса или што и да е.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Некст сенс пред 5-6+ години на почетници даваа договор на 2 години, ако напушти во тие 2 години треба парите да ги врати. Вака некако беше знам некој што прифатија и некој што им рекоа фак оф.

Пхп кој повеќето што не го работат го умираат веќе подолго време(вклучително и јас). Додека реалноста е друга. Во однос на платите во македонски фирми, најголемата плата што јас ја имам слушнено што ја зима некој беше 3 500 евра нето. Ова беше пред 3-4 години и сега може и повеќе да е. Инаку ПХП работи дечкото што ја зима таа плата :D
Не навлегувам од аспект на умирање или не, ќе го умираат уште долго, ама ќе постои уште долго.
Муабетот ми е генерална слика, не дека нема огромни фирми/корпорации кои работат оупен сорс технологии, ама се поретки (ова го кажувам од мое искуство што сум преговарал со клиенти, не значи дека сум во право).
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Има такви фирми еден куп, а во суштина и да сакаат да му платат повеќе не се ни во можност (работат со помали клиенти надвор, работат со тукашни фирми и институции).

Член од најтесно семејство ми работи во слична (.нет, риект), почетните плати на џуниорите уште им беа околу 400 евра, после прва година 500-600, после 2 години 700-800 евра, сениори имаат едвај 4ца и мислам дека сите до еден земаат различна плата оти се тотално различна област.

Почетна плата од 800 евра јас искрено освен кај тие 5-6 фирми кои работат со огромни корпорации не сум видел.

@zmej gorjanin ако паметам спомнуваше дека работиш php, генерално во open source делот мислам дека е многу тешко да се изваде големи саатници оти се ретки големи фирми кои го користат (ова од мое досегашно искуство од аспект на пајтон/постгрес нешто ситно со ms sql). Овие што се повеќе на „ентерпрајс технологии“ (java, oracle, .net) мислам дека од сам старт се во предност за преговори на цени со тоа што работат со гиганти. Друг аспект е во која индустрија работат, ако работиш во индустрии кои вртат повеќе кеш можеби и ќе извадиш и ти.
Работев за еден од најголемите реселери на ит инфраструктура во Европа, платата не ми мрдна. Ама сигурен сум дека некој друг догурал до 2500 евра и го дигнал просекот на платата.

И не е проблем почетната плата од 800 евра, проблем е што долго време ќе останеш да се вртиш околу таа цифра. Додека некој на твој грб прави милиони. И не им е проблем да те сменат, дури и кога си одев на шала ми кажаа дека големо покачување на плата само кога мењаш фирма се случувало. Така да бајките за македонските фирми на темава ме чудат искрено.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.574
Немам работено и не е фер и коректно да јадам гомна за нештово, али ќе пробам да дадам мислење. Од кога сениор се смета со 3 години искуство и плата да се бара над 2.000 евра? Јас мислам дека хајпов треба малце да се намали, не да бараат кафеав шеќер и авокадо да имаат во кујната, туку да отворат некои graduate програми, многу дечки дипломирани ( и јас во нив) и со академии или курсеви чекаат на нештово. Еве молба од мене до вас тука што се со искуство над 5+ години, предложете такви некои програми, пракса или што и да е.
Такви програми мора да се случуваат. Сериозни европски претставништва на компании (Боинг, ИБМ, Филипс) го имаат скенирано пазарот и се имаат откажано од инвестирање затоа што пазарот не нуди доволен број на луѓе.

Така да, единствен долгорочен начин да добар сениор си обезбеди континуиран раст на плата како што се дешава во последниве 7 години е да истренира други сениори. Ама јебеш, не сите имаат мозок во главата, добар дел мислат дека после плата од 2000 евра нема нагоре, и нареден чекор е авокадо во кујна.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Немам работено и не е фер и коректно да јадам гомна за нештово, али ќе пробам да дадам мислење. Од кога сениор се смета со 3 години искуство и плата да се бара над 2.000 евра? Јас мислам дека хајпов треба малце да се намали, не да бараат кафеав шеќер и авокадо да имаат во кујната, туку да отворат некои graduate програми, многу дечки дипломирани ( и јас во нив) и со академии или курсеви чекаат на нештово. Еве молба од мене до вас тука што се со искуство над 5+ години, предложете такви некои програми, пракса или што и да е.
Ама постојат такви програми, си пробал да аплицираш на некоја?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom