ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.089
Mashala vekje 5ta godina.
Автоматски споено мислење:

Osnovna greska ti e sto voopsto pratish mkd oglasi na linkedin. Namesti lokacija EMEA (remote) i kuliraj ;)
Прв пут го гледам ова, претходно знаев за node cluster, а и така ми беше посочено од сениор јс девелопери кога ги прашував како се справуваат со голем број на конкурентни реквести. :)

Ама пак не ми е тоа тоа, или не е ко во go или php open swoole. Апликацијата не се лоуда од меморија, односно немаш тред пул со веќе постоечки тредови, тредовите не комуницираат меѓу себе преку канали односно не делат заедничка меморија на процесот. Во go да речеме не на секој нов реквест се бутстрапира апликацискиот код, туку се лоуда од меморија, исто и во php. Друго гледам сам го дефинираш бројот на тредови, дел од кодот се извршува во главниот евент луп, додека останатиот иде во тред, додека во свол односно кај хттп серверот на свол имаш приемтив скеџулер кој или лоуда или креира нови корутини/тредови самиот. Ако да речеме реквестот заглави во една корутина/тред поради икс причини - да речеме праќаш хттп реквест до некое страно апи од кодот, тогаш скеџулерот ја суспендира таа корутина привремено и врзува нов реквест со друга корутина/тред или го извршува остатокот од кодот во друг тред, немаш блокирање, за во ноуд не сум сигурен колку е тоа точно.

Сега читам и за мултитредингов у пајтон

While Multithreading took 20 seconds, Multiprocessing took only 5 seconds.

So now that we are convinced that they’re not the same, we would like to know why. For that let’s move to the next misconception about multithreading.

In Multithreading, threads run in parallel.
❌ FALSE !

Actually in a ThreadPool, only one thread is being executed at any given time t.

Благе везе нема ова со мултитрединг во пајтон ако не е возможно повеќе тредови на еден процес да извршуваат код паралелно.
 
Последно уредено:
Член од
29 март 2024
Мислења
230
Поени од реакции
368
Сте слушнале ли за PwC фирма? Која е платата ориентационо. Само слушнав дека многу тешко примале кандидати.

Може и во пп.
PWC e сметководствена фирма што се бави со ревизорство, даноци итн итн. Очекувај долги сааати на работа. (неплатено прекувремено)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Има и фирми што имаат по 250+ апликации за пракса, а примаат по ~10 луѓе. Мислам дека полека им се ближи крајот на сите академии што штампаат "програмери".
BTW, според тоа што зборам со луѓето што работат во МК фирми, иако квантитетот на работна сила е зголемен, квалитетот е видно намален.
Да е само академии. Познаничка со завршен ФИНКИ веќе 10 месеци бара работа макар и за без пари колку да почне негде. Едвај до интервју се стига.
 
Член од
19 јуни 2018
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво на сите.
Некој искуство со пракса во IT Labs?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Прв пут го гледам ова, претходно знаев за node cluster, а и така ми беше посочено од сениор јс девелопери кога ги прашував како се справуваат со голем број на конкурентни реквести. :)

Ама пак не ми е тоа тоа, или не е ко во go или php open swoole. Апликацијата не се лоуда од меморија, односно немаш тред пул со веќе постоечки тредови, тредовите не комуницираат меѓу себе преку канали односно не делат заедничка меморија на процесот. Во go да речеме не на секој нов реквест се бутстрапира апликацискиот код, туку се лоуда од меморија, исто и во php. Друго гледам сам го дефинираш бројот на тредови, дел од кодот се извршува во главниот евент луп, додека останатиот иде во тред, додека во свол односно кај хттп серверот на свол имаш приемтив скеџулер кој или лоуда или креира нови корутини/тредови самиот. Ако да речеме реквестот заглави во една корутина/тред поради икс причини - да речеме праќаш хттп реквест до некое страно апи од кодот, тогаш скеџулерот ја суспендира таа корутина привремено и врзува нов реквест со друга корутина/тред или го извршува остатокот од кодот во друг тред, немаш блокирање, за во ноуд не сум сигурен колку е тоа точно.

Сега читам и за мултитредингов у пајтон

While Multithreading took 20 seconds, Multiprocessing took only 5 seconds.

So now that we are convinced that they’re not the same, we would like to know why. For that let’s move to the next misconception about multithreading.

In Multithreading, threads run in parallel.
❌ FALSE !

Actually in a ThreadPool, only one thread is being executed at any given time t.

Благе везе нема ова со мултитрединг во пајтон ако не е возможно повеќе тредови на еден процес да извршуваат код паралелно.
Затоа кај пајтон во најголем број ситуации правиш скејлинг хоризонтално, т.е ќе ставаш повеќе сервери позади load balancer, вака може да користиш поефтини single core инстанци и да имаш паралелно повеќе инстанци.

Друго, имаш побрзи опции и кај пајтон, Fast API, Starlette. Од серверите Sanic (не сум го користел, но имам читано дека е брз), а имам сретнато постови дека наместо gunicorn кај Django некои пробуваат со Bjorn.
Комбинации со Redis, NGINX, Celery, pypy наместо python3 и тн.

Не ја разбирам поентата на споредувањето, на крај се користи онаа технологија што ја разбираш најдобро, и за која ќе имаш достапен кадар. Можеби е најдобро да се користи Rust, или Go, ама џабе ако на две раце се бројат асални програмери во цела држава.

Инаку еве ти еден интересен текст за еден од проблемите на Django, thundering-herd:
 
Да, истите решенија се и во PHP за 99% од случаите. NGINX proxy server кој ќе служи ко load balancer до повеќе различни сервери на кои е хостиран апликацискиот код. Друго решение е да користиш queuing system со Редис да речеме и да имаш повеќе воркери кои што во позадина ќе ти ги хенддлаат реквестите, мааната на ова е што немаш никаква контрола над тоа што се случува кога реквестот ќе го пратиш до бекендот.

Една работа за која сум сигурен дека не е точна за NGINX од текстов што го прочитав е ова

This turned out to be a mistake, as NGINX’s load balancing features are severely limited. There are no options to limit concurrency per socket or to prevent the hung sockets from receiving new requests.

Which led us to the question: Why are we using NGINX anyway? Many of the really useful load balancing features are gated by “NGINX Plus,” but we weren’t sure those would help us anyway.

Постои rate limiting во NGINX

каде не само по сокет него и по ip адреса можеш да ги ограничиш реквестите, ова во случај ако ти се дешава brute-force или DDOS напад од неколку ip адреси.

Исто, постои и кеширање на респонси на ниво на NGINX.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Да отвориме нова тема, или да дискутираме тука, кои се ваши видувања на муабетите од Jensen Huang а и Elon Musk во поглед на AI и како ќе биде афектирано програмирањето?

Првиот вика да не учат децата програмирање, вториот дека за не повеќе од 5 години АИ ќе може да изврши скоро секаква когнитивна работа, во превод програмери, а во глобала и се што е мисловна работа, ќе биде афектирано. Во реалност, регулативите веројатно ќе го одложат целиот процес за неколку години, но бизнисите ќе наоѓаат држави со полабава регулатива па ќе завршуваат голем дел од процесите со користење на АИ од таму, што значи пазарот ќе биде афектиран прилично многу. Ваши размислувања?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.159
Поени од реакции
25.657

Ако мисловната работа биде афектирана, немисловната работа ќе биде во целост заменета неколку години предходно. И од технички, тоа ќе се претвори во општествен проблем. Ќе живееме или во општество од замислите на Аристотел, кај што робови се роботи, со таа разлика што овие ќе бидат доминантни. Или ќе не снема како вид.

А, практично мислење на темата ми е дека инженерската работа во целост ќе биде редефинирана, ама нема да ја снема. Нешто како сметководителите после воведувањето на автоматизација на нивната работа. Добар сметководител е тој што знае да ти заштеди данок и да ги избалансира книгите, а не само да знае да ги пополни.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Ако мисловната работа биде афектирана, немисловната работа ќе биде во целост заменета неколку години предходно. И од технички, тоа ќе се претвори во општествен проблем. Ќе живееме или во општество од замислите на Аристотел, кај што робови се роботи, со таа разлика што овие ќе бидат доминантни. Или ќе не снема како вид.

А, практично мислење на темата ми е дека инженерската работа во целост ќе биде редефинирана, ама нема да ја снема. Нешто како сметководителите после воведувањето на автоматизација на нивната работа. Добар сметководител е тој што знае да ти заштеди данок и да ги избалансира книгите, а не само да знае да ги пополни.
Повеќе ми се однесуваше на краток до среден период во поглед на побарувањето на овие типови на кадар, отколку на doomsday сценариото.

Од тоа што се случува на пазарот во моментов, а и по тоа што гледам секојдневно, цените во најголем дел од ситуации одат надоле (не на работен саат, колку што калкулацијата на работните саати потребни за проектот), а на пазарот имаш се повеќе кадар, т.е во превод нас ни треба се помалку кадар иако пазарот е преплавен.

Исто имам забележано дека се отворија и многу помали фирмички во нивните земји (најчесто од тие што беа избркани минатата година, се групираат 1-2ца и си земаат фриленсери од по Азија), кои одат далеку пониски цени од големите фирми, и веќе доаѓаат приближно блиску до нашите цени, а ако си во граница до кај 20% секогаш ќе го одберат нивниот, отколку некој од надвор. Се ова ќе придонесе да се намалуваат платите дури и на искусните, или да се аплицира само на тендери/проекти каде има простор за повисоки цени, а се што е вишок кадар да оди аут.
 
Па да, мислам дека луѓето чија работа нема мисловен елемент, настрана од да искуцаат одлично дефинирано барање и да научат синтакса на програмски јазик, ќе ги снема од секторот.

Тие што учествуваат во дефинирањето, што размислуваат на перформанс, за скалабилност, интеграции и слично, нема да ги снема. Напротив, ќе станат многу поефикасни и многу повеќе барани. Е сега, како ќе се одрази врз сите првичниот бран на имплементација, кој знае. Општо познато е дека фирмите знаат да направат сериозни грешки тогаш, и некои ќе бидат паметни, некои ќе ги снема, некои нови ќе се појават.
 
Член од
30 ноември 2014
Мислења
120
Поени од реакции
59
Никогаш нема АИ да го замени човекот, туку ќе направи селекција. Или ќе учиш и напредуваш и ќе користиш алатка како АИ, или ќе менуваш струка. Исто и пред 1 век, ги кршеле машините плашејќи се дека нема да има потреба од луѓе.

Проблемот (глобален) е што, младите мислат дека после 1 курс, они се програмери и спремни за 2к евра плата. Јас мислам дека ќе има тотален колапс, или тотален пресврт во следниве 2/3 години.
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
626
Поени од реакции
1.207
Јас не знам како уште му се запишуе на луѓето на ФИНКИ или по академии, ваљда од дома имат слушнато нивните има пари во програмирањето и оди сине тоа работи.

Еве сум трета година моментално на ФИНКИ, моментално барам пракса воа ноа за летото и општо се заинтересирав да видам плати шо како се нуде и можам да кажам дека ако не си од Скопје и ако изнајмујш стан за да седиш тука да работиш како програмер, си го ебал ежот нема пара да завртиш првите 2 години, ќе преживуваш на некој начин месец за месец, после тоа не знам, со искуство повеќе ако те платат во друга фирма повеќе или евентуално ако ти покачат доста плата. Воа посебно важи за во македонските фирми, за во странска имам аплицирано моментално во една и според тоа како е платата и другите работи далеку подобро е.

По академиите не знам колку се уче, не ми се веруе ногу, ама тоа што ФИНКИ прима по 1250 студенти годишно не помага ногу поради тоа што квантитетот е зголемен ама квалитетот е намален според мене, гледајќи претходно од 2013-2015 задачи шо давале и тоа што го решавав јас на колоквиуми е гола вода.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085

Ако ја бираш фирмата според тоа колку пари дава наместо колку ќе научиш, уште од сега си се заебал. Нема полошо од тоа платата да ти биде водечки фактор за тоа кај да работиш. Има тука многу постови на оваа тема. Најдобро е да избереш фирма кај што ќе ти дадат стварно да работиш. Кај што ќе можеш да учиш.
Во првите неколку години на работа треба да научиш многу повеќе од тоа што ќе научиш во следните 4-5. Тоа знаење после скапо ќе го наплатиш.
Така да подобро е да земаш 3-4 години по 500-2000 евра плата во добра фирма, отколку да земаш 2000 во лоша.
Затоа што после 3 години,човек со искуство ќе си најде плата од 5к, а овој, другиот ќе биде среќен ако му дадат 5% годишно.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.250
Поени од реакции
5.221

Може пример за фирма што дава 5к нето?

За другар прашувам.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
Може пример за фирма што дава 5к нето?

За другар прашувам.
5к нето е 7.5к бруто, треба да си луд таа плата да ја земаш нето :D
Иначе, последн што знам во мк, сениор/теам-лид земаат околу 3к нето. Рачунај дека над тоа имаш позиции какo tech lead, vp,некакви си архитекти итн. Дел од тие позиции земаат и по 5к нето

Што се однесува на 7.5к (да ги рачунаме и бонусите), секоја посериозна фирма (ремоте) ќе ти ја даде таа плата ако си доволно добар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom