ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
17 август 2011
Мислења
7.792
Поени од реакции
13.219
Почитувани колеги,
После 10 години работа како freelancer поради професионални причини барам full-time вработување како mid/senior backend или full-stack developer, па ако може да споделите колкава плата има некој како мене или колку би добил во вашата фирма.

Малку повеќе за мене:
Програмер со 13 години искуство (3 години во фирма во Скопје па 10 freelance).
Tech skills:
- PHP (expert)
- Java (intermediate)
- Javascript (intermediate)
- CSS (advanced)
- MySQL, SQLite (intermediate)

Последниве неколку години претежно работам backend во PHP (Symfony, Laravel и други), frontend (jQuery и CSS), desktop (Java Swing) и по нешто Android. Имам работено и апликации за SmartTV, сериска и bluetooth комуникација со уреди и разни други проекти. Имам искуство со повеќето PHP frameworks, нешто Spring Boot, и многу библиотеки (PHP, Java, Javascript).

Слабости: Unit Testing и модерен Javascript (ES6 па навака). Поради долгогодишното искуство последниве години добивав доста legacy проекти, а и бидејќи работам повеќе технологии, малку заостанав со Javascript, но почнав да учам за да надоместам.

Во однос на техничките работи имам доволно знаење, но недоволно искуство, па затоа за почеток би бил задоволен и со mid позиција. Како freelancer е невозможно (или многу тешко) да се напредува во однос на организациската структура (Team Lead па нагоре), а исто така нема доволно можности да го искористам знаењето и да стекнам повеќе искуство, што се главните причини поради која барам вработување.

Во оснос на услови за работа најважни ми се целосно remote и флексибилно работно време (не ми се оди физички на работа после 10 години remote :) ).
Би преферирал фирма со сопствен продукт или развој на продукти за клиенти, а не bodyshop/rentacoder агенција.
Не е битно македонски или странски фирми.

Благодарам.
abe nie tuka za praksa se borime, dojde ne izmoca so postot
 
Член од
28 декември 2021
Мислења
8
Поени од реакции
1
abe nie tuka za praksa se borime, dojde ne izmoca so postot
Насловот на темата е "ИТ фирми и пракси во Скопје".
Обично одговорните за вработување (практиканти или не) имаат информација и за моето прашање.
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
6
Поени од реакции
0
Насловот на темата е "ИТ фирми и пракси во Скопје".
Обично одговорните за вработување (практиканти или не) имаат информација и за моето прашање.
Веќе втор пат постираш на фејсбук во групата Сојузен комитет на програмери во Р.Македонија.

Ти пратив:
- http://linkedin.com
- http://bintern.com

Не ми е јасно како со толкаво искуство во ИТ, пишуваш постови на Фејсбук и Кајгана. Глеам плата те интересира. Ти објаснија околу тоа прашање убаво. Покрај тоа, со толкаво искуство мислам дека треба да знаеш колку се движат платите(јас со неполна година знам). Џабе губиш време да пишуваш тука, никој нема да ти дојде да ти каже: Еј здраво друже нудам јас 2500 евра дојди работи.
 
Веќе втор пат постираш на фејсбук
??
Од каде ова? Постирав само еднаш и има сосема добра дискусија.
Плус дали постирам таму, ваму или онаму е моја работа, кајгана и фејсбук се сосема различни медиуми.

Друго, имаш неполна година искуство (како што сам кажуваш, а и се познава по коментарот), така да воопшто не ни знаеш што сакам да прашам или кажам со постот.
Доколку немаш како позитивно да допринесеш кон темата те молам воздржи се од непотребни коментари.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
10.127
Поени од реакции
14.574

Ти пишав и јас на фејсбук, инсистирај на salary range пред да почнеш со интервјуа. Ти реков чудно е зошто прашуваш, пошто на пример кога амерички фирми те контактираат секогаш имаат плата дефинирано за позицијата (ја гледаш платата). Во Македонија е друга приказната и ќе запнат да им кажеш сума. Со ова, кај мене барем, завршуваме со муабет, треба според закон платата да стои во оглас. Инаку неформално, луѓе со твое искуство барале отприлика 2400 - 2500 евра нето максимум и тоа ти е плафон во Македонија, зборам за македонски фирми (кога зборам за македонски фирми мислам на фирми основани во земјава и ти преговараш со наш HR за плата). Па дури и да си бил фриленсер, си имал саатнина, ако мислиш дека заслужуваш претвори ја саатнината во месечна бруто плата само.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
2.455
Ти пишав и јас на фејсбук, инсистирај на salary range пред да почнеш со интервјуа.
Zdravo Zmej,

Nie generalno nemame salary ranges bidejki ne sakame da ne ogranicuva vo izborot na praviot kandidat. Bi mi bilo drago da izdvoime vreme da porazgovarame poveke na taa tema i za tvoite karierni celi dokolku si sloboden denes =)

Pozdrav, Keti
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
22.807
Поени од реакции
52.084
Веќе втор пат постираш на фејсбук
??
Од каде ова? Постирав само еднаш и има сосема добра дискусија.
Плус дали постирам таму, ваму или онаму е моја работа, кајгана и фејсбук се сосема различни медиуми.
Епа некој друг ти има постирано од твој профил во "Работа и вработување во ИТ сектор".
Истите луѓе сме секаде btw :)
 
Член од
28 декември 2021
Мислења
8
Поени од реакции
1
Ти пишав и јас на фејсбук, инсистирај на salary range пред да почнеш со интервјуа. Ти реков чудно е зошто прашуваш, пошто на пример кога амерички фирми те контактираат секогаш имаат плата дефинирано за позицијата (ја гледаш платата). Во Македонија е друга приказната и ќе запнат да им кажеш сума. Со ова, кај мене барем, завршуваме со муабет, треба според закон платата да стои во оглас. Инаку неформално, луѓе со твое искуство барале отприлика 2400 - 2500 евра нето максимум и тоа ти е плафон во Македонија, зборам за македонски фирми (кога зборам за македонски фирми мислам на фирми основани во земјава и ти преговараш со наш HR за плата). Па дури и да си бил фриленсер, си имал саатнина, ако мислиш дека заслужуваш претвори ја саатнината во месечна бруто плата само.
Тоа е проблемот, сите ја кријат платата како да ќе им ја земеш ако ја кажат :)

Инаку неформално, луѓе со твое искуство барале отприлика 2400 - 2500 евра нето максимум
Благодарам, ваква информацијата и мислење барав, а не да ме спамираат регрутери во чат без конкретна информација за плата.

Инаку да, за минималниот износ кој би го прифатил се водам од саатницата како фриленсер.
Воопшто не ми е битно дали е македонска фирма или не, барам исклучиво remote, а во групата на фејсбук има доста луѓе кои работат за странски фирми.
Ионака во 10 години како фриленсер само 2 пати имав работа со македонски фирми.

Епа некој друг ти има постирано од твој профил во "Работа и вработување во ИТ сектор".
Истите луѓе сме секаде btw :)
Јас постирав таму, но членот тука алудираше дека спамирам со постирање.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
14.627
Поени од реакции
17.403
Zdravo Zmej,

Nie generalno nemame salary ranges bidejki ne sakame da ne ogranicuva vo izborot na praviot kandidat. Bi mi bilo drago da izdvoime vreme da porazgovarame poveke na taa tema i za tvoite karierni celi dokolku si sloboden denes =)

Pozdrav, Keti
Гледаш @zmej gorjanin што се вика паталец ?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
13.991
Поени од реакции
21.817

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
11.123
Поени од реакции
22.878
Вакви испади се класичен пример за самоубиство од заседа.
Од самозаседа :D

И ја разбирам фрустрацијата, ама јбг, тоа треба да си го зачува за себе и како интерна политика на фирма.
Автоматски споено мислење:

Нема да може да ги исплати постарите.
Зависи кој како, сум видел и постари што не се замараат и работат за пола од помладите :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom