Значи заклучокот е дека во фирмите најчесто има неедуцирани ПО/ПМ, а не е дека не се корисни позиции. За разлика од скрам факинг мастер што апсолутно на никој не му треба.
Ова е заклучок на ниво на индустрија, едноставно немаш образовна институција во државата која има комуникација со фирмите да ги разбере потребите од аспект на кадар, и уште помалку истите имаат знаење за да ги обучат.
Ако одам по битност за нас како фирма, најбитно ми е да најдам луѓе што може да донесат проекти, сакаш дефинирај ги како бизнис девелопмент, сакаш дефинирај ги продажби, сакаш направи ги маркетинг, небитно како ќе ги дефинираш, единствениот начин за да расте компанијата е да има повеќе проекти.
Ваков кадар во Македонија речиси и да нема, дури и овие странските компании, најчесто таквиот кадар го имаат во нивните држави, тука локално ти е само менаџирање на самите проекти, но не и способност да донесат голема работа. Тешко и скоро невозможно е и да има, затоа што ова се луѓе кои се со конекции и многу искуство во индустријата, и во земјите каде сакаш да продадеш. Маркетинзи и глупости работат ако продаваш странички од по 500-2000 евра, моментот кога ќе сакаш да продадеш нешто што ќе вреди 100+ илјади евра, најтешко е да стигнеш и да ги убедиш луѓето што треба да направат одлука.
Од сите други позиции, освен 2-3 луѓе што се апла добри на техничко ниво, се друго може да заменам во неколку денови, и бизнисот нема ни да осети. Затоа и само овие имаат подолг отказен рок, плус исто мора да документираат се што се гради на продуктите, плус сите до еден имаат процент од тоа што го заработуваме.
Програмери со помало искуство и останати технички позиции, за неколку денови може да ги сменам со ѓупци и азијати за пониска цена, дури и со помалку нервози кон мене, ќе им турам еден камшикар што ќе им виси на глава цел ден и ќе вадат дури и подобра продуктивност од локалните.
Не-техничките, исто имаме процедури каде апсолутно се е документирано, секој состанок со клиентот е снимен и конвертиран во текст (Teams + Fireflies AI) и буквално за неколку минути може да извадам што требало да се направи, и што е направено. Па и да почне нов човек, ќе може да се вклопи за неколку денови.
Инаку ова мапирањето од ИТ мк е смешки, не знам од каде да почнам да коментирам, но за мене лично нема никаков бенефит.