ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
18 септември 2019
Мислења
7
Поени од реакции
0
Здраво,

Некој искуство со Endava Graduates Programme, околу тестирањето, типот на прашањата? Било какво искуство...
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607

Ај ќе ти одговарам иако можеби не ти значи и веќе си бил на тестирање. Ако ништо друго, чисто како информација за било кој заинтересиран отпосле.

Имаше еден солиден тест кој се решаваше 90-120 минути, не сум сигурен. Во амфитеатар на ФИНКИ околу 50-60 души полагавме. Тестот се состоеше од повеќе делови :
  • логички дел - прашања од типот.. на еден фестивал за животни, сите животни освен две беа кучиња, сите освен две беа мачки, сите освен две беа риби. Колку вкупно животни имало на фестивалот? Друго прашање, имаш кофи од 5 литри и 3 литри, како би измерил 4 литри со помош на овие две кофи?
  • алгоритми и податочни структури - неколку алгоритми во овој дел, имаше некоја за проверување на стринг палиндром, имаше мислам и концепти на ООП, да дефинираш што е полиморфизам и напишеш сегмент од код кој би илустрирал полиморфизам
  • бази на податоци имаше 2 SQL queries и уште некое прашање во таа област
  • тестирање - од овој дел имаше најмногу, чинам 30% од целото тестирање, не знам која им била целта, дали најмногу да ги насочат во оваа област.. како и да е, немав абер од тестирање и се ми беше празно
  • менаџирање со проекти.. како би изреагирал во ситуација да се откажеле колеги од тимот, тим лидерот бла бла, како би реагирал при зголемен обем на работа со x/y приоритети на задачите..
 
Член од
23 април 2015
Мислења
6
Поени од реакции
0
немам факултет но од online курсеви од Udemy кои што ги следам скоро 2 години сметам дека научив основи за Asp.Net Core. Притоа имам основни познавања од C#, .Net (RazorPages / MVC), JavaScript, HTML, CSS, Bootstrap, EF Core, t-SQL, Api. Имам 32 год, до сега работев сосема друго, немам работено во ИТ секторот но сакам да почнам. Дали да се дефинирам себеси за практикант и да аплицирам за пракса, или може да се каже дека сум Junior, или можеби нешто трето :) Некои ме советуваат да настапам како Junior, некои практикант, help :unsure:
 
Јас би те советувал да настапиш како junior, но само доколку имаш искуство користејќи ги претходно набројаните вештини си направил некој проект кој ќе ти биде во CV и кој ќе можеш да го оправдаш на некое од интервјуата за работа. Доколку не ти оди баш со тоа и сметаат дека си ниво пониско од тој јуниор, тогаш евентуално би можел да предложиш дека имаш трпение и да одработиш 2-3 месеци пракса. :)
Основни познавања е релативна работа, се зависи што си сработил и колку си спремен да одговориш на прашањата кои те очекуваат на техничкото интервју. Сепак, солиден број на технологии си набројал, така да, според овие информации јас би постапил директно на вработување, само да знаеш дека цифрите за почеток со 0 искуство во индустрија се доста ниски, она што го слушаш по другари, радија, телевизии... заборави го, такво нешто може да се очекува евентуално после некоја година :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.751

барај врски фати ако имаш, вака ќе те тинкаат со проекти да им правиш глупости и на крај ќе ти речат избравме друг, некој што ништо не ни направил а им е пријател преку друг вработен го земале. Мене 3 пати ми се деси тоа, сум заглавил сигурно две три недели да ги направам тие работи што ми ги барале, и на крај си викам ајт у курац, не се замарам повеќе со ова.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.271
барај врски фати ако имаш, вака ќе те тинкаат со проекти да им правиш глупости и на крај ќе ти речат избравме друг, некој што ништо не ни направил а им е пријател преку друг вработен го земале. Мене 3 пати ми се деси тоа, сум заглавил сигурно две три недели да ги направам тие работи што ми ги барале, и на крај си викам ајт у курац, не се замарам повеќе со ова.
Мене ме интересира која е таа ИТ фирма во која функционираат фрските. Ваљда не збориш за јавниот сектор?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.751
Во која фирма си аплицирал? Општина Гази Баба?
моја работа е тоа каде сум аплицирал, сигурно нема да ти набројувам тебе на форум каде сум аплицирал.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Мене ме интересира која е таа ИТ фирма во која функционираат фрските. Ваљда не збориш за јавниот сектор?
Тоа се ти што мислат дека направиле нешто, а уствари не ги бива за ништо и си мислат дека не ги избираат нив баш поради тоа што немаат врски. :icon_mrgr:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
барај врски фати ако имаш, вака ќе те тинкаат со проекти да им правиш глупости и на крај ќе ти речат избравме друг, некој што ништо не ни направил а им е пријател преку друг вработен го земале. Мене 3 пати ми се деси тоа, сум заглавил сигурно две три недели да ги направам тие работи што ми ги барале, и на крај си викам ајт у курац, не се замарам повеќе со ова.
Тоа што ти го викаш врски, во приватен сектор се вика ПРЕПОРАКА. А дури и ти сум пријател нема да те препорачам дур не видам што знаеш да работиш (не да ископираш по видео од некој Индиец, туку сам да го скоцкаш, да ја разбираш логиката што треба да поседува една апликација, да ја разработиш темата која е обработена во апликацијата, да ги средиш сите параметри, сервисите и протоколите кои треба да ги користи).

Е сега сите сме почнувале од нула, рачунај ние што сме од другите градови имаме работено првата година во минус (150тина евра кои ги даваат за практиканти не се доволни ни за кирија и сметки и тоа ако делиш со цимери, а не пак патни трошоци, храна и тн), али платата си расти постепено како напредуваш и дури после 3тата година ќе ги уживаш бенефитите на самата професија.

Некако новиве генерации стануваат многу разгалени, сум слушал од колеги муабет како доаѓале на интервју и на сред интевју се јавувале кај родителите дали да се согласат за платата која им е понудена, па муабет дека испод 400 евра нето не мрдале од местото (без ни еден ден работно искуство) и тн. Е јбг дечки, првата година сте скоро непрофитабилни за бизнисот, што и да им се даде на апла почетници не можат да завршат самите, тоа што го завршуваат некој мора да го провери и врткаат некој од сениорите постојано.
 
Член од
23 април 2015
Мислења
6
Поени од реакции
0
Јас би те советувал да настапиш како junior, но само доколку имаш искуство користејќи ги претходно набројаните вештини си направил некој проект кој ќе ти биде во CV и кој ќе можеш да го оправдаш на некое од интервјуата за работа. Доколку не ти оди баш со тоа и сметаат дека си ниво пониско од тој јуниор, тогаш евентуално би можел да предложиш дека имаш трпение и да одработиш 2-3 месеци пракса. :)
Основни познавања е релативна работа, се зависи што си сработил и колку си спремен да одговориш на прашањата кои те очекуваат на техничкото интервју. Сепак, солиден број на технологии си набројал, така да, според овие информации јас би постапил директно на вработување, само да знаеш дека цифрите за почеток со 0 искуство во индустрија се доста ниски, она што го слушаш по другари, радија, телевизии... заборави го, такво нешто може да се очекува евентуално после некоја година :)
Немам 20 години (не летам) и ги познавам општите услови на пазарот на труд, затоа јас како со 0 искуство во ИТ мислев дека сум најпрво за пракса (default за секоја работа) но некои другари со кои што се консултирав ме советуваат дека со тие задачи/проекти што ми стојат на GitHub можам слободно да се претставам како Junior. Искрено тоа ме збуни и другарите беа поделени. Од друга страна тие ми се другари кои што можеби не гледаат објективно на работата, затоа сакав тука да го поставам прашањето за да добијам некој можеби груб (затоа што не сте ги виделе проектите) но по објективен одговор.
Во врска со платата, секако првата година ќе биде малку, но пазарот ќе си каже, однос понуда / побарувачка ;)
Автоматски споено мислење:

барај врски фати ако имаш, вака ќе те тинкаат со проекти да им правиш глупости и на крај ќе ти речат избравме друг, некој што ништо не ни направил а им е пријател преку друг вработен го земале. Мене 3 пати ми се деси тоа, сум заглавил сигурно две три недели да ги направам тие работи што ми ги барале, и на крај си викам ајт у курац, не се замарам повеќе со ова.
т.н.-те "врски" ми се последна опција која што ќе ја пробам.... по далеку од познаници во Мк :)
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Гледам темава стана многу активна, па ме интересира мислење. Дали во Македонија постојат фирми што нудат remote-job за Јуниор позиција? Би се согласил и на пракса доколку е потребно. Не ми се враќа во Скопје за работење во канцеларија, а во средината каде што живеам не постојат ИТ фирми.

На глобалниот пазар знам дека постојат, но ме интересира кај нас каква е состојбата. Е сега, поради пандемијата сите фирми се remote, но дали претходно имале таква опција?
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.333
Поени од реакции
3.266
Немам 20 години (не летам) и ги познавам општите услови на пазарот на труд, затоа јас како со 0 искуство во ИТ мислев дека сум најпрво за пракса (default за секоја работа) но некои другари со кои што се консултирав ме советуваат дека со тие задачи/проекти што ми стојат на GitHub можам слободно да се претставам како Junior.
Stai go githabot tuka, odma ke ti kazeme kako da se pretstavish.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Гледам темава стана многу активна, па ме интересира мислење. Дали во Македонија постојат фирми што нудат remote-job за Јуниор позиција? Би се согласил и на пракса доколку е потребно. Не ми се враќа во Скопје за работење во канцеларија, а во средината каде што живеам не постојат ИТ фирми.

На глобалниот пазар знам дека постојат, но ме интересира кај нас каква е состојбата. Е сега, поради пандемијата сите фирми се remote, но дали претходно имале таква опција?
Тешко. И фиримите кои даваа wfh бенефит пред пандемијата не го даваа ова за јуниори ( барем тие фирми јас што ги знам ).
И донекаде се во право, за апла јуниор си треба некој тука да го надгледува, да го советува итн.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom