ИРСКИТЕ ПАТРИОТИ ВО 1916 ГОВОРЕЛЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Овие Македонци се Македонци уште пред времето на Тито!

Знам дека Македонците знаат дека се Македонци уште пред времето на Тито, пишува Џон Ши во книгата "Македонија и Грција: Борба за дефинирање на нова балканска нација", во која го истражува македонското прашање


Знам за две трагични истории во светот - онаа на Ирска и онаа на Македонија. Двете од нив се обесправувани и мачени, рекол Роџер Казамент кој бил егзекутиран од Британците по востанието во Ирска во 1916 година. Токму оваа изјава на ирскиот патриот кој во тој период ја споредува историјата на Македонија со онаа на Ирска е пренесена во книгата на Џон Ши под наслов "Македонија и Грција: Борба за дефинирање на нова балканска нација". Казамент говори за разликите меѓу Македонците и Грците. Оттука се доведуваат во прашање и грчките обвинувања дека не-грчка Македонија била комунистичка творба. Изјавата на Казамент која ја презема Ши ја има целосно на сајтот
http://makedonika.wordpress.com/2008/06/27/irish-patriot-roger-casement-mentions-macedonia/.

Авторот на оваа книга кој ја пренесува изјавата на ирскиот патриот пак се занимава со македонското прашање. Во книгата го истражува потеклото на Македонците, говори за македонскиот јазик, грчкото ембарго кон Македонија, а има и посебно поглавје во кое пишува за две стари и различни нации, мислејќи на постоењето на македонска и грчка нација. Во воведот на книгата Ши вели дека кога го започнал истражувањето воопшто не знаел за ова прашање, како што вели "го започнав процесот на откривање од целосно непознавање на оваа тема". Со цел да се запознае со фактите, Ши разговарал со постари Македонци.

-Кога почнав сопствено истражување на оваа тема сакав да ја дознаам вистината. Разговарав со постари Македонци за нивниот живот, за случувањата за кои се сеќаваат, а датираат од старите времиња на Македонија. Работите кои ми ги кажуваа често беа спротивни на аргументите што денес ги кажуваат Грците. Знам дека овие Македонци знаат дека се Македонци уште пред времето на Тито, пишува Ши во книгата "Македонија и Грција: Борба за дефинирање на нова балканска нација". Тој укажува дека е од особено значење и фактот што луѓето му говореле за борбата за независна македонска држава.

-Тие раскажуваа за македонските револуционери кои сакале македонска независна држава, раскажуваа како бугарски агенти се инфилтрирале во македонското револуционерно движење, пишува Ши. Тој по овие сведоштва се повикува и ја цитира изјавата на ирскот патриот за трагичните истории на Македонија и Ирска.

Ши во својата книга како додаток ги дава мапите и освен што ја има онаа на античка Македонија, ја имаа и на Македонија во денешни граници, каде земјава се нарекува со уставното име Република Македонија.

(С.Д.)

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C6478819B62D674F81E7063759EE5885
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.959
Поени од реакции
2.234
Многу интересна статија. Поздрав до ирскиот автор. И Ирците имаат претрпувано маки како нас затоа и знаат како е.
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Вистината на виделина фрлена право во очите на клетникот!

Macedonia LOVES Irish people!
 
R

RAYTHEON23

Гостин
ова е навистина интересна книга ја читав одамна од јон шеј така беше...човекот навистина објективно истражувал...побарајте ја книгата нема жалење:salut::salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom