Зошто им/би им помагате/помогнале на луѓето кои не ги знаете? Ако не им помагате зошто не?
Ова е тема каде што секој ќе го каже своето мислење и причина зошто би му помогнал на некој.
Што добива со тоа, што го задоволува од тоа?
Колку фалшиво ти е поставена темава, тоа страшно...
Мотивацијата на луѓето да (не) помогнат, чинењето и очекуваниот фидбек не се еднообразни. Не се константни. Ти со темава слободно изземаш "небитни" работи како што се околностите, моменталната состојба на умот, можностите...Бараш одговор одвоен од темпорални срања како емоции и настројства. Очекуваш индоктринирани, роботизирани и лоботомирани одговори од луѓе кои транседентирале над нивната мрачна страна, па можат калкулирано да бидат несебични и хумани независно од бремето на нивниот живот. Yeah right.
Има неколку вакви теми, па оваа слободно може да се фрли на буниште(општи муабети) или како поблага варијанта, да се премести во канта. Сепак, се ближи нова година, ем и снег падна и децата ги спремаат санките, се красат елки и се чистат оџаци, па решив да бидам хуман и да ја оставам тука(видиш, тоа е временски изолирана емпатија со која пропратно се раѓа желба да се најдеш во пресрет на непознат.
)
Се хранам од туѓата среќа.
Ја тебе пеер многу те сакам. И знаеш во какви моменти ти кажувам вакви работи.
Хипотетичка ситуација. Ти имаш дечко. И типот многу те сака. Те сака толку, што би скокнал пред воз за тебе. Те сака толку, што би се тепал со припорци за тебе. Те сака пеер толку, што би дозволил да биде силуван од Бигфут и Чупакабра, симултано(oral-anal), за да ти го спаси животот.
Ама ти пеер не го сакаш. Ти поминало. Не те прави среќна. Не можеш веќе. Колку подолго си со него, толку повеќе се губиш себеси. Твоите замисли за животот, твоите идеали, соништа за отпор и борба против системот....сите тие анархо концепции за твојата иднина ти бледнеат и чувствуваш дека се гушиш.
Ама го правиш среќен ако си со него. Многу среќен. That be the food you're talking 'bout?
That food be rotten, ma'am.
Ти реплицирав тебе за да му до-одговорам на Out of Reason за фалшивоста на темава, преку пример, дека кога помагаш на непознат, никогаш нема да ги дознаеш ефектите на таквата помош, па на крај единствената храна во таа ситуација ја конзумира твоето его, под претпоставка дека постои умисла оти си помогнал на некој random asshole кој, најверојатно, нема да го видиш веќе. There be no corporeal evidence.
Кога се работи за некој инволвиран во твојот живот, повторно мотивацијата причинско-последично е базирана на егото. На крај, ако веќе мораме да генерализираме, цел факинг ѓаол е во егото. Во првиот случај, се амнестираш од реалните последици на твојата...помош и се храниш со дадени дваесет денара на бездомник, со кои ќе си купи Ufo, а во вториот, неретко помошта бара себепожртвуваност, со што на крај еден останува покус in terms of интегритет.
И така. La di da.