apsolutno si prav - humanosta e mozebi primarnata cel na naseto postoenje , druzenjeto , semejstvoto alite "sitnici" koi go pravat poubav ili zanikade ......se ragame za da umreme...toa e edinstvenoto nesto sto ne ceka site...edinstvenoto nesto sto e sigurno...raganjeto i smrtta e ona sto go povrzuva celiot ziv svet...
dobro,ne povrzuva i ljubovta....
... i se nadevam deka otkako ke go spasam prviot pacient ke ja svatm smislata na se
Џабе живееме, за 500 години исто ќе биде и никогаш да не сме се родиле и да сме живееле 20 и да сме живееле 100 години.
Исто е-нема да постоиме!
Браво, се гледа дека си интелегентен дечко со амбиции. Ама не сфаќаш дека џабе живееме.Е па незнам тогаш зошто уштее живееш ако е џабе.
Не е џабе за тие што размислуваат.
Ти очигледно немаш цел во животот.
Добро бе дете , ти значи живееш за да умриш, тогаш и зошто воопто живееш, ако немаш цел, ако ти е се за џабе, не знаеш ни да уживаш во тие 100 години, друго е кога твоето име ќе остани запаметено кај луѓето, и кога ќе се гордеат со тебе наредните генерации, ама ти си уште дете не ги сфаќаш тие работи, џабе ќе ти објаснувам, оти колку и да му зборуваш на овцата , овца ќе си остани. Ти ќе порасниш ќе сфатиш некој работи, сега ти не го сфакаш животот, уште нито не си видел ништо не знаеш. Живееш во Македонија, која целата не е ни колку една светска метропола, комуницираш со луѓе од твој тип вака ограничени, на твоја возраст и затоа вака размисливаш, и јас кога бев колку тебе мислев дека се знам ама ете видов дека не е така.Браво, се гледа дека си интелегентен дечко со амбиции. Ама не сфаќаш дека џабе живееме.
Ти утре можеш да бидеш премиер на Македонија, ја чистач на улици и за 100 години и јас и ти нема да постоиме - џабе сме живееле.
Животот ако не е бесконечен не ти треба. И да трае 100000000 децении малку ќе е. А пак 70-80 год...премалку е!
Мислиме целиот живот е пред нас, ќе го живееме, ќе умреме и тогаш готово - не нема. Нема ни да се чувствуваме себеси затоа што нема да бидеме живи, нема ни да знаеме дека сме живееле. А еден ден целото човештво ќе го снема и...
И се растажувам на таквата помисла, на помислата дека живееме премалку.
Не знам дали можете да ме сфатите што сакам да кажам, ама нема везе.
Заборавив да кажам зошто живеам.
Џабе живеам, ама исто и џабе ќе биде да се убијам. Сепак потешко е да се самоубиеш и така да живеам, полесно е.
Епа вака...заборавив нешто да кажам во претходниот пост.Добро бе дете , ти значи живееш за да умриш, тогаш и зошто воопто живееш, ако немаш цел, ако ти е се за џабе, не знаеш ни да уживаш во тие 100 години, друго е кога твоето име ќе остани запаметено кај луѓето, и кога ќе се гордеат со тебе наредните генерации, ама ти си уште дете не ги сфаќаш тие работи, џабе ќе ти објаснувам, оти колку и да му зборуваш на овцата , овца ќе си остани. Ти ќе порасниш ќе сфатиш некој работи, сега ти не го сфакаш животот, уште нито не си видел ништо не знаеш. Живееш во Македонија, која целата не е ни колку една светска метропола, комуницираш со луѓе од твој тип вака ограничени, на твоја возраст и затоа вака размисливаш, и јас кога бев колку тебе мислев дека се знам ама ете видов дека не е така.
Сочувај си го своето мислење и немој да ме убедваш дека е така, кога не е. Се надевам за 4 ,5 години ќе созрееш малку и ќе сфатиш некој работи.
Ej прво читај до крај што ти напишав а не само почетокот. Не само да станиш славен, да имаш цел во животот, знам дека е краток и дека сите ќе умриме еден ден, ама гледај што подобро да проживееш да си оствариш нешто замислено ,да ти има животот смисла, а не само да живееш туку така безвеза .Епа вака...заборавив нешто да кажам во претходниот пост.
А тоа е следново...
Колку и да бидеш славен, биди најпознат, најславен човек на планетава, нека сите луѓе те знаат и ти симнуваат капа - џабе е.
Затоа што никој не е вечен, на човештвото му иде крајот и кога ќе го снема никој нема ни да знае дека некогаш постоело човештвото - дека некогаш си постоел ти. Славата е прекратка. Затоа што е такво човештвото. Не може вечно да те знаат и да те почитуваат.
Кога ќе го снема човештвото исто ќе ти биде дали си живеел 115 години или 3 години, исто ќе ти биде дали си бил најдобар кошаркар или бездомник...
Да е вечно човештвото, да трае се ова бесконечно, тогаш нема да смеам вака да зборувам.
Него денес да се стане познат и славен е премногу лесно.
Премногу лесно се стигнува на власт денес, кажеш 5-6 убедливи лажни реченици и готово - премиер си.
Секој го може тоа...само не е свесен дека го може.
Или пак секој пејач станува, без разлика на гласот. Знаеме какви се пејачи и пеачки има денес. Ова го земам само за пример.
Сега додека сме живи, додека си го живееме животот лесно ни е вака да зборуваме за своите амбиции, цели во животот, ама никој од нас не сфаќа дека кога ќе дојде крај на човештвото, никој нема ни да знае дека сме постоеле некогаш и што сме направиле.
Не можете да сфатите што сакам да ви кажам, ја па не умеам толку добро да ви објаснам и јбг.
Премногу живееме сите ние, луѓето во заблуда. Треба малце реално да гледаме на работите.
како ли живееш само, кога за тебе не постои ни вера, судбината сам си ја запишуваш, од она што ти носат деновите од нивниот пат ништо не научуваш, ти не си уживал во животот, не си ги почувствувал неговите добри страни како што сам кажа, а ако мислиш дека нема животот добри страни, зошто кажуваш "Уживаш во животот, си ги почувствувал неговите добри страни и одма се лажеш себеси дека живееш со некоја цел да бидеш познат." ??Уживаш во животот, си ги почувствувал неговите добри страни и одма се лажеш себеси дека живееш со некоја цел да бидеш познат.
Од други не земам памет, ни од познати писатели ни од познати филозофи (добро, можда од некои, да), самиот си изградувам ставови и мислења.
А за тоа дека се се случува со причина - грешиш! Не се случува ништо со никоја причина.
Не постои судбина и такви глупости. Пример: Ја можам сега да бирам дали да го пратам постов или да не го пратам, со тоа значи можам да си ја менувам судбината која не постои. Сами си ја градиме иднината.
ОК, ти можеш да имаш цели во животот. Ги остваруваш и тоа е ОК, стануваш познат. И што со тоа? Луѓето коментираат за тебе, сите те знаат, познат си. И што со тоа?! Еден ден умираш, те паметат уште...
Ама човештвото го снемува! Е, тогаш? Кој ќе те памети, кој ќе знае дека си живеел, нема ни ти да знаеш бидејќи нема да си жив. Нема ни да се чувствуваш себеси.
Помисли малце, размисли убаво. Не биди толку тврдоглав само, паметен човек си.
Благодарам, и нема зошто исмевање, тоа е твоето мислење,кое можеби еден ден ќе се смени, можеби и нема, но твое си е, и никој нема право да ти суди, јас најмалку, сечие мислење колку и да е погрешно треба да се почитува, зашто што ќе стане ако на светот толку многу луѓе си се убедени во тоа што го мислат толку силно и не можат да почитуваат што велат другите, веројатно некоја голема мешаница од која нема излез, и дури искусуваме дел од неа и денес. Во право си за тоа дека нема што да зборуваме повеќе, и денес и утре моето мислење нема да се смени, само сакав да верувам дека можеби ќе остане сомнеж во тебе дека грешиш за тоа што го кажуваш, ама знаеш дека иако зборуваш така, дури и кога не веруваш во него, Бог секогаш те чува и те благословува, зашто неговото име е за љубов, и знаеш не е за да направи да го нема лошото, но за да те научи и да ти даде сила кога тоа ќе дојде да поминеш низ него со вера. Ако се обидов да ти кажам дека не е така, беше за тебе, за да имаш повеќе верба, да веруваш во животот и во љубовта, така нема да мислиш на нешта што те повредуваат и ќе ја почувствуваш смиреноста на сонот, јас искрено ти го посакувам најубавото, секое ти добро.Хаха, одма голема поддршка за Фликс. : ) ) Па и Синдикат се умеша. Абе ако не сакате не ги читајте моите глупави постови.
Иначе вака, ја не сум како вас. И ко мал никој не ми кажал дека сум Аристотел. Не сакам ни да ми каже некој, не сакам да ми делат комплименти, едноставно сакам да ме сметаат за будала. Ама не ме интересира другите како мислат.
А иначе тоа што не верувам во Бог и такви измислици, тоа е моја работа, верувајте во Бог, ама пак исто ќе ви биде. Бог ако постои, ќе не направи вечни, нема да се случуваат лоши работи, се ќе биде розево итн.
Ама ние џабе тука дискутираме исто ви е дали ќе напишеме уште 2 или 49 страни на темава. Истите мислења ќе си останат. Ја ќе мислам вака, вие така.
Живеете во заблуда луѓе, штета што не може да ви се докаже, Аристотел убаво кажал ,,Невозможно е да се докаже‘‘.
Ама не е битно што кажал тој. Вие пак исто ќе си мислите, сега уживате стварно во животот, Кат и Фликс и верувате во Бога, во религијата, во тоа дека живееме со некоја цел. Верувате во тоа затоа што не сакате ни да помислите дека ова се, џабе е.
Животот како и на сите, пребрзо ќе ви летне. Ама ај сега да не зборуваме за тоа.
Голема грешка и неуспех е човештвото, само ние не сме свесни. Сите мислат исто ко вас, да не спомнувам како мислат, знаете и самите. Не знам зашто не сакате да се замислите подлабоко, се убаво да анализирате. Ја не можам да спијам од што мислам на вакви смешни и глупави работи.
Не ме сфаќате дека сакам да ви кажам тоа што ви го кажав 105 пати, дека џабе ќе бидете сакани, џабе сите ќе ве знаат. Исто ви е дали нема никогаш, ни 1 секунда да живеете на овој свет или ќе живеете 131 година. Џабе и се трудам да ви објаснам...
И во школо на мои врсници им објаснувам, ама испаѓам смешен.
ОК, смешен сум, ај сега исмевајте ме.
Исто ви е дали ќе ме исмевате или нема.
Ви посакувам среќа и голам успех во животот и на двајцата.