Воопшто нема никаков показател дека тоа е така. Според моето гледиште тоа се само обични приказни од обични луѓе.Учењето од Црквата веќе е апсолутна вистина, која ни е откриена од Апсолутот. Прашањето е, дали ја прифаќаш или појќе сакаш да се надмудруваш со верните.
Зошто Господ не се потрудил таа апсолутна вистина, да биде навистина апсолутно пренесена?
Обично изложување на контра аргуентите и капка свест и способност за критичко размислување доведуваат до разнишување на верувањето. Зошто е воопшто возможно да се даваат контрааргументи на таква апсолутна вистина?Ајде кажи ни го рецептот за тоа како ти лично остануваш неиндоктриниран.
И дали си свесен дека ти ми одговараш давајќи ми аргументи кои ИСТО СЕ ПРЕДМЕТ на дискусија? Зошто барем тие познавања за самата суштина на религијата не се дадени апсолутно, туку се обични приказни кои мора да се земат преку слепо верување?
Значи прво слепо морам да прифатам едно чудо на тврдења, па после уште толку аргументи за кои не само што нема никаков доказ во приход на нив, туку напротив, има многу спротивни докази, недостатоци и контрадикторности.
Пак прашањето постои, зошто овие работи кои ми ги кажуваш не се очигледно познати?
Според мене, тоа е затоа што целата религија и сите други религии се плод на човековиот ум.