Зошто не тераат да учиме предмети што не ни се потребни за понатаму?

E*V*I*L~G*I*R*L

>>>uvek tu<<<
Член од
2 декември 2007
Мислења
192
Поени од реакции
5
Ова прашање нон-стоп си го поставував до средно (гимназија).Многу се нервирав затоа што не поделија во смерови -природно математички, општ и јазичен-за џабе оти пак имаше во смеровите предмети шо не ни одат „од рака“ на сите.Нормално дека математичарите, физичарите и хемичарите одбраа математички смер - ама учеа и општи предмети. А ние на општи и јазичен смер учевме и природни науки.

Јас лично видов многу мака што учев нешта што не ме интересираат, нешта што не можев да замислам да седнам да ги учам ..... и најважно од се, што не ми требаат сега на факултет.Што значи за џабе кинев нерви и неспиев ноќе при помислата дека заради тие предмети постоеше можност да не ме примат на факултет каде што сакав.

Сега оставам да вас да кажете што мислите за ова прашање и дали со право се нервирав или без врска.:salut:
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Точно е дека кај нас има премногу различни предмети за разлика од западните земји каде многу повеќе внимание се посветува на праксата и на одредување предмети од помала возраст који не интересираат. Тоа е негативната страна, а позитивната е што ние имаме многу поголемо знаење од општа култура од нив. Па сеа на кој како му се гледа дали е позитивно или негативно не можам да кажам јас.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Затоа што професорите треба да имаат минимум одржано часови, за кој ќе земат плата. Ако не го исполнат тој минимум фонд на часови, нема да земат плата.
 
Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Не дека не го делам твоето мислење, и мене ми биле досадни природни науки зашто уште од мала сум сакала јазици ама не е точно дека се непотребни!
Зошто? Затоа што се запишуваме во гимназија(барем јас) затоа што сеуште не знаеме каде да одиме на факултет или пак затоа што сакаме да се запознаеме со сите предмети(читај:општа култура) за понатаму полесно да одлучиме што сакаме во животот и што НЕ сакаме...ти ако не видиш што се учи физика(тропнав) како може да речеш дека не ја сакаш?? ако не седнеш да ги прочиташ сите тие закони/правила не можеш со глава во ѕид да одиш дека не го сакаш предметот.
И друга работа..ако се одлучиш уште од мал/а што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш запиши се во средно стручно и уживај си во една област:smir:
 
Те поддржувам за ова, ама јас кога решив да одам гимназија претходно ни дадоа брошура за реформирано гимназиско образование во која пишуваше дека ќе не делат во смерови и дека секој од нас ќе учи тоа што му лежи и исто така до графата со смерови имаше имиња на факултети каде што можеме да се запишеме со определувањето на смерот.

Потоа кога видовме дека пак учиме непотребни предмети, ги прашавме професорите зошто е тоа така тие ни одговорија дека не е нивна работа тоа тие биле должни само да го предаваат предметот, а ако не ни одговара да се жалиме во министерството а не кај нив.
Што значи реформираното гимназиско образование е само стратегија за да се запишат повеќе ученици.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
505
Поени од реакции
65
Jas sepak mislam deka treba od se da imame poznavanje zatoa sto koga ke se najdime vo pogolemo drustvo da mozime da sme vo tek so muabetot da znaeme za sto se zborva zatoa sto ne mozi samo da go znajme ona sto go sakame treba od se da znajme po malku a sekako povekje ke znajme za toa sto se interesirame.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Точно е дека кај нас има премногу различни предмети за разлика од западните земји каде многу повеќе внимание се посветува на праксата и на одредување предмети од помала возраст који не интересираат. Тоа е негативната страна, а позитивната е што ние имаме многу поголемо знаење од општа култура од нив. Па сеа на кој како му се гледа дали е позитивно или негативно не можам да кажам јас.
Исто како колегата - се согласувам:smir:
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
119
Поени од реакции
6
Stvarno ucime mn nepotrebni raboti ama mislam deka treba da gi ucime site nauki (prirodni, opstestveni...) ama samo ona osnovnoto sto treba da go znae sekoj od opsta kultura, a podetalno da gi izucuvaat samo onie sto gi odbrale. Sepak dobro e da se znaat osnovnite nesta od se!!!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Во гимназија нема непотребни предмети (додуше за учениците сите предмети се непотребни), да, има смерови но тие не се стручни, не добиваш некое стручно звање по матурирањето, на смеровите зависи за која насока станува збор само се потенцирани некои предмети во глобала пак останува гимназија-општо образование.
Насоките сватете ги како еден вид неформално усмерување пред студирање, односно на пример ако некој мисли дека ќе се определи за математичко-технички студии, математичката насока подобро ќе го припреми.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
251
ке обесиме некој наставник па ке се освестат
 
CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
abe inaku kako ke zemat profesoristata plati
 
Britney'85

I'm sad...love me!!!
Член од
19 декември 2007
Мислења
135
Поени од реакции
2
Мора да со пополнува програмата на настава,но би требало повеќе да има стручни предмети и практични активности бидејќи тоа повеќе ке користи во понатамошниот дел од животот ако навистина сакаме да заработуваме од тоа што сме го научиле.Апсурд е кога (пример) студент на педагошки смер учители треба да учи хемија а тоа нема никогаш да го предава забавачиња или на дечиња до 4 одд.Но тоа е други диктираат принципи а ние само ги користиме.Ако тоа резултира во Америка мора и кај нас да се обидеме :toe:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
939

Ние како и секогаш, ем прифаќаме од Америка работи, ем не прифаќаме. Ги прифативме хамбургерот и кока-колата ама затоа не сакаме да учиме по нивна шема. Многу нормално :pos2:

Не би рекол дека има целосни предмети кои не треба да се учат туку би рекол дека има непотребни работи, факти, лекции. Се сеќавам по географија конкретно дека учевме сосема небитни нешта и сеуште е позната изреката дека учиме буквално колку овци има во Нов Зеланд а тие не ни знаат дали сме ние река, планина или држава.

Исто така, учевме и баш за секоја овошка во која котлина се одгледува ама никој не запамти бидејќи претходно бевме натрупани со информации за овците.

Во секој предмет има небитни нешта, во гимназиите ги има на претек. За во стручните не сум сигурен бидејќи и јас завршив гимназија.

Еден другар ми кажуваше дека во прва година-ветеринарно имале час музичко и час ликовно. Ние пак сега на економски имавме предмет дефендологија (BORED) Некој прокоментира дека немало смисла да се укинува предметот затоа што професорите ќе останеле без работа.

Не би знаел што друго да прокоментирам освен тоа што би требало средношколските/студентските организации да се активираат по ова прашање. Ај ќе им прогледаме низ прсти на средношколските бидејќи се зафатени со матурите а на студентскиве :nenene:
 
Член од
1 јануари 2008
Мислења
85
Поени од реакции
1
Потоа кога видовме дека пак учиме непотребни предмети, ги прашавме професорите зошто е тоа така тие ни одговорија дека не е нивна работа тоа тие биле должни само да го предаваат предметот, а ако не ни одговара да се жалиме во министерството а не кај нив.
Што значи реформираното гимназиско образование е само стратегија за да се запишат повеќе ученици.
Ова што го пишувавте беа ваши мислења. Еве некој пиша и мислење од професорите. Иронијата е што тие не знаат што прават, трпат како овци. Што ќе им речат, тоа прават. И очекувате такви луѓе да ви дадат таканаречена "општа култура"? Може некој да ми каже што подразбира под тоа. Јас мислам дека ова е само општ мит од гимназиите да привлечат повеќе ученици...

И на запад разгледував не е ништо поинаку одкај нас, барем не во основните и средните...незнам од кај таа идеа дека на запад било рај...и на запад има ученици што се досадуваат и што мразат школо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom