Заклучок: Скоро и нема (веќе) професии во коишто доминираат жените.
I beg to differ.
Воспитувачки во градинка. Единствена професија каде што не само што доминираме, туку целосно ја поседуваме. И не смее да се заборави дека не само што е племенита професија, туку е и многу одговорна кадешто мали дечиња/мечиња во луѓе се моделираат. :smir:
не е можно да поставиш прашање “зошто нема жени во екстремните спортови“, пошто воопшто нема жени спортисти. Освен во гимнастика, нема ниеден друг спорт каде има жени исто колку и мажи.
Again....I beg to differ.
Уметничко лизгање. Колку мажи, толку жени. Можеби не е екстремен спорт, но возможни се ризични повреди. Како пример на еднаква полова застапеност би ги спомнала пливање и тенис. Уште еден што ќе го спомнам, како пример каде жените се единствени, е уметничко пливање, кој не спаѓа во екстремен, но сепак се брои за спорт, нели? :smir:
Веројатно спортот е интересен за машкиот свет... знаеш сите оние ситници, желба за натпревар, адреналин, кои жените не ги поседуваат колку мажите (или барем не сакаат да ги покажуваат преку мерење на полови органи на сонце)... имаат влијание во феноменот “спорт“.
Полн погодок на прашањето на темава. Сите од нас (машки/женски) на свој начин "си ги мерат атрибутите". Жените преку нежност, стил, елеганција (во уметничките спортови) или пак преку длабочина на деколтето (во екстремните спортови).
Исто како и мажите преку вадење на астал на нивните "величини", без разлика дали се тоа клучеви, визит карти или пак златни медали во екстремни спортови.
Секој сака да привлече внимание на свој начин и има потреба за себедокажување. Кај мажите, низ вековите, тоа се манифестирало преку демонстрирање на сила, брзина, прецизност, храброст. Денес некој станува професионален војник, а некој ја канализира таа потреба преку екстремните спортови. Бидејќи жените привлекуваат внимание на друг начин, поради тоа и ги нема во тие активности. Се разбира дека постојат и луѓе кои тоа го прават од задоволство и мерак, јас само се осврнувам генерално на причините од каде тоа потекнува.