Зошто нема жени во поекстремните спортови?

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Баш сега додека седам на лаптоп паралелно гледам скискокови на eurosport. Татко ми се запраша зошто во оваа дисциплина нема жени. Па после ми текна дека и во оние поекстремни спортови со скејтборди бемикси, ролери и тука нема девојки. Исто така во рагби, американски фудбал, хокеј на мраз итн...

Според мене жените ги избегнуваат спортовите што се поопасни. Идеме по психологија, додека леташ неможеш да се откажеш среде скок и потенцијално можеш да скршиш и кичма-иако и на ример и оние спустови што се се исто толку опасни сепак скокот делува позастрашувачки затоа што не си со двете нозе цврсто на земја.

Да не ја вртам сега шовинистички темава, ама еве пак сакаат еднакви права ама таму кај што можат да се повредат не идат.:pipi:


Би сакал девојките повеќе да се вклучат во темава и да дадат свој став за ова РЕАЛЕН, а не да ми дадат еден пример некоја жена во 1950 година како земала учество во некој екстремен спорт.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Има жени што учествуваат во екстремни спортови, ама се ептен ретки.
Гледав пред некое време клипови, жени правеа егзибиции со мотори на прилично голема брзина.
Што знам зашто не се нафаќаме, најверојатно дека сме понежни и помислата дека може да згинеме и не ни е баш пријатна. :)
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Па ги одбегнуваат поради нивната природа, имаат понежна природа и мислат на раѓање деца, за разлика од вас мажите:)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ако ги сметате триатлонот и кајак-кануто за екстремни спортови, имам обврска да пишам на темава.:)
Имам учествувано на трка со триатлон, да видам како е. Премногу е напорно, делот со пливањето не ме ни загреа, велосипедизмот така и така, ама тоа со трчањето ме онеспособи за 1 недела :) Има 4 дисцплини, последната Iron Man дисциплина е трка која трае 11 часа. Би сакала некогаш ако даде Господ да се испробам, ме привлекува.

А тоа со кануто.. Матка ми е многу блиску, летото се спуштив еднаш, не е многу страшно, ама ме возбудува брзината со која се движи.
Едноставно вљубеник сум во секаков спорт, се' би пробала, не знам каде во Македонија постојат клубови за падобранство, би го пробала и тоа, животна желба ми е :).

А зошто нема жени? Хмммм... па и јас би се согласила со Lady дека се чуваат од повреди, да не стане нешто фатално па да не можат да имаат деца, или па се тоа е до психата, страв им е од спортови кои го креваат адреналинот.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
А како не се чувале да не се повредат па нема да можат да раѓаат. Веројатно се чуваат и од повреди од скалпери, па затоа нема ни хирурзи во забележителен број (заебанција).

Жените се очигледно со помала желба за адреналин од типот на егзибиции со мотори и слично, или на друг начин го добиваат тој адреналин. Има ептен ретко некои, меѓутоа тие испаѓа ко да се чудо на природата, пошто се ептен ретки.
 
F

filmadzijka

Гостин
Жените се очигледно со помала желба за адреналин од типот на егзибиции со мотори и слично, или на друг начин го добиваат тој адреналин. Има ептен ретко некои, меѓутоа тие испаѓа ко да се чудо на природата, пошто се ептен ретки.
Тие чудата на природата ги кршат законите на природата, и арно што се исклучоци а не правило, оти ако со милениуми природата те учела по цели девет месеци да се чуваш за да го продолжиш и одржиш видот, сакаш - нејќеш, тоа ќе ти стане дел од природата ;).

Мислам дека секој пол си има по некој извор на задоволство преку кој природата мудро ја маскирала својата цел: жените се егзибиционисти (види што сум убава) за да привлечат повеќе кандидати и да го одберат „најквалитетниот“; мажите се авантуристи (тренираат сила, подвижност, снаодливост) за да ги развијат потребните „квалитети“. Звучи примитивно, ама има логика :wink:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Да одтој апсект и те како има логика, ама само толку, во доменот на кој што го возбудува, а не во заштитување на себеси за да раѓаш деца.

Ја искрено сакам да имам дете поише од некои жени, па не се пазам толку. Значи поентата е само и само во тоа што мажите повеќе сакаат опасни работи.
 
F

filmadzijka

Гостин
Добро, па ти немој да се лутиш.:smir:
Тоа беше одговор на прашањето зошто нема повеќе...
А ако не било прашање за причините, туку желба работите да бидат поинакви (зошто ли, зошто :() тогаш би рекла дека како и во многу други (машки) домени, жените мора да се докажуваат многу повеќе за да бидат сфатени сериозно. Вие мажите си ја чувате територијата :baeh: .
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Добро, па ти немој да се лутиш.:smir:
Тоа беше одговор на прашањето зошто нема повеќе...
А ако не било прашање за причините, туку желба работите да бидат поинакви (зошто ли, зошто :() тогаш би рекла дека како и во многу други (машки) домени, жените мора да се докажуваат многу повеќе за да бидат сфатени сериозно. Вие мажите си ја чувате територијата :baeh: .
Е де нигде не се налутив :))))
 
F

filmadzijka

Гостин
хи-хи...
оф топик ? (+ -)
Ете, ти си на пример еден „квалитетен“ примерок:
Борбен, сакаш (може и „упражњаваш“) екстремни спортови,
културен си (претежно) и перспективен си (ветуваш дека „че`о надрва“) ... и да, многу битно исто така,
сакаш деца повеќе од некои жени :aplauz:
 
F

filmadzijka

Гостин
Д Џо,
го знаеш вицот за тој бикот што му останале мудата на оградата?
(Ја сам Рудоња, а зову ме Мудоња!) :tv:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Добро, па ти немој да се лутиш.:smir:
Тоа беше одговор на прашањето зошто нема повеќе...
А ако не било прашање за причините, туку желба работите да бидат поинакви (зошто ли, зошто :() тогаш би рекла дека како и во многу други (машки) домени, жените мора да се докажуваат многу повеќе за да бидат сфатени сериозно. Вие мажите си ја чувате територијата :baeh: .
Значи жените е нормално да смеат да влегуваат во машкиот свет, и ние ако го штитиме тоа е лошо-ама мажите под никој околноти не смеат да влезат во женскиот свет.
 
F

filmadzijka

Гостин
Зошто да не смеат? Мислиш на спорт или општо?
Модни креатори, познати готвачи, фризери, масери...
Гинеколози!!!
Кој влегува во „женскиот свет“ подиректно од гинеколозите?
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Зошто да не смеат? Мислиш на спорт или општо?
Модни креатори, познати готвачи, фризери, масери...
Гинеколози!!!
Кој влегува во „женскиот свет“ подиректно од гинеколозите?
Тоа е веќе друга работа, за гинеколози може да се напраи цела студија.

И готвачи него зимај на женска страна, од секад било тоа рамноправна професија.

А останати фризери, масери, модни креатори тие со кои исфеминизирани, кои ради жени итн итн, само и категоријата модни креатори некако ми е сумљива, и таа е рамноправно поделена, како и фризери.

Заклучок: Скоро и нема (веќе) професии во коишто доминираат жените.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom