Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?

Член од
3 јануари 2008
Мислења
39
Поени од реакции
1
Само не амбициозен човек може да биде среќен. Никој друг.
 
С

Сатори

Гостин
Зошто нас на луѓето ни е тешко да ја дофатиме вистинската среќа и работите кои од дното на душата ќе не направат среќни во животот:icon_ques
:raz:И зошто честопати во животот се однесуваме како „пеперутки на свеќа“ трчајќи по богатство ,моќ, пари, слава.... притоа пропуштајќи безброј шанси за среќа кои можеби нема да не направат толку славни или богати ама затоа ќе ни подарат вистинска среќа и задоволство во животот?
:raz:
Лесно му е на човекот да ја почувствува среќата, не знае како да се навикне на неа.Кога ни е добро, премногу брзо тоа станува нормално и вообичаено, додека кога сме тажни и депресивни интензитетот на болката дури и да не се менува, тежината останува да ја чувствуваме константно.

И крајно, како можеме да знаеме кој што го прави среќен па да генерализираме дека се пропуштаат можности.
Сите се задоволуваме со различни работи, имаме различни мотиви и пориви, ако кај некои се пари, кај други слава, кај трети љубов.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Само не амбициозен човек може да биде среќен. Никој друг.
А ова тврдење го поткрепуваш со...?

он:
Затоа што човекот не знае што е среќа.
Тој поим се базира на некои индивидуални, изолирани фрагменти...Отаму, нема ни конкретни основи на кои би можеле, прво да ја осознаеме среќата, а потоа и да ја реализираме како перманентна состојба.
Особено не како универзално правило.
 
Член од
3 јануари 2008
Мислења
39
Поени од реакции
1
А ова тврдење го поткрепуваш со...?

он:
Затоа што човекот не знае што е среќа.
Тој поим се базира на некои индивидуални, изолирани фрагменти...Отаму, нема ни конкретни основи на кои би можеле, прво да ја осознаеме среќата, а потоа и да ја реализираме како перманентна состојба.
Особено не како универзално правило.
Па нели среќа е кога ќе ги оствариш твоите сонитшта и се ќе биде одприлика како што си замисли. (или не)
Е сега што реков не амбициозни можеби го погрешив зборот требаше да напишам алчни. А добро знаем дека човечкото око е ненаситно.
Од тоа следи дека оној што има помалку амбиции му е полесно да стигне до среќата. Според моја филозофија.:wink:
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
...Зошто? Затоа што сите луѓе чекаат среќата да им падне од небо, наместо да се потрудат да ја пронајдат.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Луѓето се премногу суетни и плашливи за да тргнат по она што навистина ги прави среќни.
 

рок-кејт

незгодна ко кратко ќебе!
Член од
22 мај 2007
Мислења
1.024
Поени од реакции
70
Зошто? Па... Некои луѓе не ја наоѓаат среќата во секојдневните мали нешта, за разлика од остатокот. Само тие за кои среќата претставува нешто недофатливо, скапо или слично, не ја дофаќаат. Оние кои среќата ја наоѓаат во малите нешта, во насмевката на саканите, или есемес порака како знак на внимание, па дури и во миговите поминати со најблиските и самото тоа што воопшто имаш свој живот, тие се оние најсреќните. Тие наоѓаат радост во тоа што на пример имаат сопствена соба и компјутер и во тоа што нивните проблеми се состојат од: ,, неможам да си ја купам она скапа маичка од излогот,, додека други не можат да си ја приуштат ни онаа најефтината.. Среќата ја има секаде околу нас, во најмалите нешта и само оние кои знаат да го ценат она што го имаат, ја дофаќаат среќата. Оние кои многу очекуваат секогаш се несреќни и незадоволни.:smir:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?
Чичковците ја ставаат многу високо.

Абе во некои моменти не сфаќаме дека сме среќни, и колку сме среќни.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Е зошто де?
Зошто на вести прво нешто што кажуваат е црна хроника? Ееее тоа е повеќе им е интересно да гледаат црнила и несреќи отколку среќа, не зборувам за сите ама за повеќето е така, зошто многу луѓе се опседнати со туѓите животи и живеат за други работат за други, се смеат за други, е затоа, не се свртуваат накај себе накај својот дом и накај својот свет да видат дека тука е среќата, само треба со поинакви очи да гледаш, а оние што гледаат се црно и песимистички катастрофа, дека се во животот е страдање е така никогаш нема да бидат среќни...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Затоа што веќе ја имаат,а не знаат за тоа.

Секогаш се фокусираат на посреќниот од нив,секогаш си создаваат самите проблеми кои си ги прават во психата доволно големи за да засенат било каква причина за среќа.

Бидејќи полесно е да се наоѓаат мани.
Бидејќи човечкиот ум е феноменален,секогаш повеќе ги цени лошите работи.
Односно,не ја дофаќаме бидејќи ја имаме,а ја испуштаме.
 

Eliza

EliXiR
Член од
10 ноември 2008
Мислења
129
Поени од реакции
3
Зошто нас на луѓето ни е тешко да ја дофатиме вистинската среќа и работите кои од дното на душата ќе не направат среќни во животот:icon_ques

:raz:

Одговорот е во твоето прашање.:smir:

Среќни се само оние кои точно знаат кои се работите кои од дното на душата ги прават среќни.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
zatoa sto
eve svez primer
za da ja dofatat srekata
otisle u italija
i tamo zemjotres
i zaginale
ete kolku e do covekot
da ja dofati srekata.
 

Eliza

EliXiR
Член од
10 ноември 2008
Мислења
129
Поени од реакции
3
zatoa sto
eve svez primer
za da ja dofatat srekata
otisle u italija
i tamo zemjotres
i zaginale
ete kolku e do covekot
da ja dofati srekata.
има и еден друг пример
Човек требало да одпатува со авион на место каде што мислел дека ке си ја пронајде среќата.Случано го протушта летот.Авионот од непознати причини се урива.Тој истото утро,без да дознае што всушнот се случило,добива мозочен удар.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Зашто им се причинува дека е најзрело јаболко на највисоката гранка, и додека цел живот скокаат да го дофатат овие останативе ќе скапат. Тек пред крај на живот ќе сфатат колку биле убави и зрели јаболките кои им биле на дофат, ама за многу е касно.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Затоа што дефинициите за среќа,исполнетост,мир како во телото така и во духот се одамна ''апдејтувани'', изменети и во чекор со денешниот тренд-алчноста,самољубието и користа кои се и тоа како пренагласени есенции.

Среќа бе....колку индивидуален поим. Ок ќе звучам како четврто за петто- среќата е апстрактен поим,ако се обидеш да ја зграпчиш во дланки,ризикуваш да добиеш лузни како Исус од крстот хах :) Не се задоволувајте со малку,но и не претерувајте со посакуваните дози. Има нус појави веерувајте.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom